Точно дека не потекнуваме чисто од антички македонци, нити пак се измешале само словени и антички македонци, но ако гледаш така ниедна нација во светот не е „чиста“. Па на територијата на Британија прошле преку 10 различни нации, а најмногу од нив се декларираат како англо-саксонци без притоа Германија да се спротиставува. Најмалку право имаат австралијците да зборуваат за крадење историја. Луѓето дошле, им ја зеле земјата на староседелците и си ја нарекле Австралија без никој да ги праша оние старите, на кои пак им дале име Абориџини, демек, не се они Австралијци,а всушност тие се правите. Никој нема чисто вакво или такво потекло, но никој не е попречен како нас од некои други идиоти. И не треба ниту историчари ниту политичари да седнат на маса. Грците не заслужуваат да ја имаат таа чест да ни кажуваат за нашата историја, дури и да е фалсификувана или не знам што. Сме опстоиле без училишта, без држава, без институции за историја. Сега кога го имаме сето тоа, не го даваме, ни за НАТО ни за ЕУ и други институции кои ќе се распаднат. Најголема грешка беше што го дадовме прекрасното знаме, кое треба да се врати. И сеуште се чудам како се даде така, без борба, без побуна од народот. Ако истото го сторат во Албанија, на пример место двоглав орел да биде со една глава, верувам многу повеќе глави ќе паднат од таа една на орелот. Ниту една држава во светот не преговара за својата историја, ниту ги менува историските знаци и симболи на барање на друга.
PS се надевам дека ако дојде обид за некаква промена на историското име, идентитет или било што, никој нема да седи со скрстени раце, туку ќе се бори за тоа што е негово и на неговите поколенија. Нема да ги остави своите деца без нација и идентитет, да бидат граѓани од последен ред, да не знаат што се и од кај се.