ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОСУДА НА ИЗЈАВАТА НА ПРОФЕСОРОТ ЏОНС ОД АВСТРАЛИЈА
Присутните на 30 годишнината од печатењето на првиот број на весникот на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија „Народна Воља“, во организација на општина Прилеп и иницијативниот одбор, денес во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, на предлог на иницијативниот одбор за прославата, присутните ја поддржаа декларацијата за осуда на изјавата на австралискиот професор Џон Мелвин Џонс за Македонците.
Во Декларацијата се вели: „Ние Македонците од трите дела на Македонија, револтирани сме и огорчени од непромислената изјава на професорот Џонс од Австралија. Тој на груб и недоличен начин не омаловажи нас Македонците во светот, велејќи дека „македонскиот народ е бугарски и дека Македонија ја краде грчката историја, а најдобро решение е да се натерат “Фироманите” да се сложат нивната држава да се нарекува Северна, Горна, или Македонија-Скопје...“ За нас Македонците тој вели дека „Македонците се прости, лесни за манипулација и со испрани мозоци...“ Го прашуваме професорот Џонс, кој нему му го испрал мозокот за да ни нуди промена на името и идентитетот? Кој нему му го испрал мозокот за да го негира македонскиот народ кој постои векови пред Христа? Нека знае дека Македонија е света земја, во која стапнал Апсотолот Павле во време кога Австралија била пуст остров.“
Инаку, крајно расистичкото и антимакедонското предавање на австралискиот професор Џон Мелвин Џонс ја прелеа чашата и предизвика жестоки реакции кај Македонската заедница во Австралија, посебно кфалификациите за македонскиот народ во статијата во “Американ Хроникал”.
Со позајмена реторика од Караџаферис и Караманлис, професорот од Универзитетот на Западна Австралија на предавањето пак во Мелбурн убедувал дека Македонскиот ќе мора да ги промени агресивните ставови кон Грција. Професорот критикувал дека антички скулптури во Скопје ужасно ги нервирало Грците.
”Да го претставуваш Александар Македонски како фигура од ФИРОМ е исто како да тврдиш дека Дедо Мраз бил Турчин. Ако е така, граѓаните на ФИРОМ, треба да го воведат грчкиот јазик и да учествуваат во Олимписките игри под грчко знаме”.
Антимакедонските настапи не се честа појава, но сепак се доказ за силното грчко лоби во Австралија кое е инфилтрирано не само меѓу политичарите, но и меѓу интелектуалците во Австралија. Предавањето професорот го одржал на барање на „Австралиско-Македонскиот Совет“, организација под контрола на грчката дијаспора.
http://mn.mk/aktuelno/3116-DEKLARACIJA-ZA-OSUDA-NA-IZJAVATA-NA-PROFESOROT-DzONS-OD-AVSTRALIJA