Авалон пак со изненадувања?

Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Јбг 2 миљона народ сме. Пола глуп, пола нема пари и немаат интерес овде да носат странски звучни имиња..кој ќе им иде да ги гледа и слуша?.. Се знае кај идат Софија, Белград и Загреб.... Кому му е дојдено до концерти ќе си иде кај комшиите.
Tи у која половина спаѓаш :D
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.925
Tи у која половина спаѓаш :D
Во тие што немаат пари и идат на Цеца и Јужни Ветар.

Или формула каже следече

Шабан Шаулич - 20.000 посетители X 300ден. = 6.000.000 ден.
X Фаца из простора Саједињене Америчке Државе - 5000 посетители X 1200ден. = 6.000.000ден.

 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Просечен Македонец:

Аман веќе од турбофолк настапи, станавме златна кокошка за турбофолкери, лебот откај нас го печалат. Само турбофолкери доаѓаат, една светска музичка ѕвезда да дојдеше, еден асален концерт да имаше!!! Доста од Ѕвезде Гранда!!!!!

*најави за релативно големи музички имиња*

Мех, како не, на нив ќе им одам, шо барам, мораше они, им секнаа пари, па сеа тука ќе доаѓаат. Башка глупа комерцијала се, песни ко за тинејџерки.

Бонус: Ако се работи за квалитетен бенд/пејач, во смисла критички и уметнички ценет:

Да беее, сега одеднаш сите сакаат да одат, одеднаш сите обожаватели, јас ги слушав нив уште од утробата на мајка ми, сега ќе ги гледам таму луѓе две песни им знаат, а лани беа на Аца Лукас (знам пошо комшиката на сестрата на мајката на другарка ми ги видела како искачаат од Саем).

Пошто нели, кога идеш на концерт мораш и крвна група и ниво на ph вредност во мокрача да знаеш на пејачот/пејачката/членовите на бендот и нивното поблиско и пошироко семејство, иначе не ги цениш, не ги знаеш, не знаеш да ги слушаш. Не си прав, чистокрвен обожавател и не си достоен да отидеш на таков концерт.

Едит: А уште појјако е што на пример ако дојде некој што не е толку комерцијален и не се појави публика, односно има малку луѓе, тогаш ете не сме знаеле да препознаеме квалитет, толку ни е капацитетот. А ако се појават луѓе, тоа биле фејЌери. Само они вечните мрчатори, од Бог дадени, се вистински, просветлени и осветени.

Ако не е мрчењето за ликот кој доаѓа да настапува, тогаш мрчењето е за публиката којашто купила карти за концертот.:sick::vrtioci:

Мене ми е драго кога доаѓаат звучни имиња, макар не ги слушала, макар и да не планирам да одам на концертот или слично. Кој сака нека оди и нека ужива, кој не - нека не оди и готово. Убаво е да има такви случувања, без разлика дали мене ми се погодиле изведувачите или не.
 
S

silmarillion

Гостин
Ацо е доказ дека дрогата умира од него.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.198
Поени од реакции
35.747
Во Македонија со години никој актуелен не доаѓа, ама кога доаѓа тоа е Енрике Иглесиас на 20ти и Џон Њуман на 21ви јуни :D
Незнам како успеале со датумиве вака да направат превид.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Факте е дека ѕвезди од ‘А-Категорија‘ во светски рамки никогаш нема да дојдат во Македонија. Немаме ни публика, ни пари, ни логистика ни ништо да бидеме домаќини на бендови од рангот на Metallica, Iron Maiden, Bruce Springsteen, U2, The Rolling Stones, Foo Fighters, или пак од поп делот како Madonna, Beyoncé and Jay Z, Lady Gaga, Katy Perry, Taylor Swift и други. Сите овие прават концерти од по 50000 посетители каде најефтина карта е 70-100$, што е незамисливо за македонски стандард, така да за 10-15 евра може да добиеме некои ДЈ и бендови пред умирање кои биле актуелни пред 20+ години во светски рамки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom