Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Абортус после 3та недела е убиство. Според шведски истражувачи свесноста се создава во третата недела од постоењето на битието. Кај спиритуалистите, во третата недела се тврди дека душата се всадува во телото.

Но сепак, ако бременоста се открие доста рано, може и да се спречи, ако е несакана секако. Со анти-абортус кампањите само се мава по грбот на жените и се лишува од правото на избор.
 

Anthem

We the Living
Член од
8 декември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
6
Ако е легално да убиеш човек поради апстрактни,, чудни, обскурни па и глупави причини и ништо да не ти се деси, истото важи и за абортус. Детето треба да биде родено од љубов а не оти "Госпо'" така сакал или што и да веруваат рисјаниве.
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Абортус после 3та недела е убиство. Според шведски истражувачи свесноста се создава во третата недела од постоењето на битието. Кај спиритуалистите, во третата недела се тврди дека душата се всадува во телото.
Точно, и според некои истражувања, после 21от ден плодот реагира на звук, допир, болка итн. Така да, слично како да колеш живо бебе (разликата е само што не го гледаш додека го правиш тоа):(
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Точно, и според некои истражувања, после 21от ден плодот реагира на звук, допир, болка итн. Така да, слично како да колеш живо бебе (разликата е само што не го гледаш додека го правиш тоа):(
А подобро ли е да го гледаш како живее(читај страда) без јадење, гладно, или пак со некој здравствени аномалии пр со ментална ретардација или некои телесни недостатоци со пречки во развојот, запуштен од средината во која живее итн да не редам сега..
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
А подобро ли е да го гледаш како живее(читај страда) без јадење, гладно, или пак со некој здравствени аномалии пр со ментална ретардација или некои телесни недостатоци со пречки во развојот, запуштен од средината во која живее итн да не редам сега..
Или пак уште полошо- да не е сакано од родителите. Ништо полошо неможи да му се случи на дете него да не е сакано од родителите.
Ако се забрани абортусот тогаш ќе биди нешто како ќе го родиш детето и ќе го израсниш како што знаеш. Неможи секој да има дете. Што ќе прави 16 годишна средношколка со дете? Каква иднина ќе има таа? Или уште полошо, каква иднина ќе има нејзиното дете? Родителите се тие што одлучуваат дали ќе имаат дете или не, а не некој друг.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Овие никако не се оправдување.:toe:
Се согласувам дека треба да се превенира оваа ситуација, односно да не се дозволи да се случи „грешка“. Но, реалноста е поинаква, па не ретко може да се случи сексот да е меѓу двајца што и прв пат се гледаат во животот и дефинитивно, не се подготвени да се заедно, а не па уште и со дете. Така, мислам дека е поарно тоа дете да не живее во нефамилијарна и непријатна средина.:toe:
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
А подобро ли е да го гледаш како живее(читај страда) без јадење, гладно, или пак со некој здравствени аномалии пр со ментална ретардација или некои телесни недостатоци со пречки во развојот, запуштен од средината во која живее итн да не редам сега..
Значи ако прочиташ погоре напишав дека ако е со некое пореметување оправдувам!!! Реков ако се открие дека нешто не е во ред, тогаш е ок. Тогаш ќе биде одлука на родителите и во никој случај не би го осудила абортусот.

А извини, ако имам со што да го гледам и го родам, и после тоа останам на улица по некоја случајност, треба да го убијам? :aaa: Од каде знаеш каков живот ќе има тоа дете ако не му дозволиш да живее? Што правиме ако само една година сирото нема ни за јадење ни за пиење ама остатокот од животот има се што ќе му се ќефне? Не му е ускратено тоа со абортусот? Или обратно. Има една година се што ќе му се ќефне а остатокот од животот брца по контејнери. А се родило и нема назад. Или има можеби, абортус (ама овојпат на живородено, нели да не се мачи).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.696
Поени од реакции
12.109
А подобро ли е да го гледаш како живее(читај страда) без јадење, гладно
Или пак уште полошо- да не е сакано од родителите.
или пак со некој здравствени аномалии
Јасно дека секогаш постојат екстремни примери преку кои може да побиеме било која појава во општеството. Но затоа се викаат екстремни, крајни.

Ако збориме секој за својот однос кон абортусот, тогаш е друга работата. Значи да разликуваме живот во крајно сиромашни услови и (според насловот на темата) ние дали оправдуваме. Ако со примерите мислите на африканската сиромаштија, индиските или бразилските предградија, тоа е друго. Сепак ние живееме во како така нормална средина.
Беше спомнато само во исклучителни случаи (болест, аномалии...), абортусот е непотребен. Би додал е до некаде и за оние малолетни (макар да би ги прашал што го вршеле тој акт кога ги знаеле последиците. луѓе сме, не сме животни)
Не ми е јасно инаку како нема што да јаде. Јас имам што да јадам, ќе има и тоа. Доколку сумм на социјална помош, мислам дека за дете се добива плус пари. Е сега, нема памперси и цуцли од Чико ама битно за млеко, морковче, кашичка...ќе се најде.
Помал трошок е бебе за исхрана и одржување неголи возрасен.

Исто ми е нејасна оваа теорија некој да роди или направи дете и да не го сака. Тогаш не е проблем абортус туку родителот-за лекување е.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Ова не е оправдување за абортус, требало да мисли на време. Една стара поговорка вика:"после еб*њ* нема каење":uvo:
Епа сега, како што ве учи модерново време, можете да се ебете колку ви душа сака, да објаснувате "техники" на орален и анален секс по форуми, да ги анализирате сите пози од Кама Сутра и што уште не, да се смеете на зборот апстиненција и девственост, да ги етикетирате како ненормални оние што не се "скинале" до 17-та година, ама морализирате кога се работи за абортус? Мислам дека ова се вика НЕМАЊЕ НА КРИТЕРИУМ...ама не сте криви вие, такво е времето...
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ова не е оправдување за абортус, требало да мисли на време. Една стара поговорка вика:"после еб*њ* нема каење":uvo:
Абе, паметен, си слушнал за силување?

90% од забременетите тинејџерки се здобиле со таква состојба поради чинот на силување. А машки како тебе секогаш ја гледаат вината во другиот пол. "Си го бараше", "Се правеше дека не сака" и сл.
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Порано ептен ама ептен бев против абортус, и уште ме погодува коа знам дека некој мој близок извршил некој таков вид на убиство. Тоа е одземање на живот, но и еден вид скратување на маките. Но сега, ми се менува мислењето до некој степен. Оправдувам абортус при силување и доколку ‘мајката‘ е малолетна. Но резонирањето - не сакаме деца - ми иде не живци, па и ти си бил дете некад и ај да те исшмукала некоја направа. Коа веќе се штракате, користете заштита у курац, не е фер да страда вашето малечко, а и да се жртвува вашиот хотел за бебиња, само поради нечие НЕвнимание.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.696
Поени од реакции
12.109
Линк до сајт за абортус (податоци, медицински, религиозни аспекти, факти и лични сведоштва) кој можеби е постиран и претходно http://abortusne.org.mk/
каде меѓу другото вели дека 23 илјади се раѓаат, а 30 илјади се абортирани.

Предупредување-
на сајтот има слики и видеа кои не би ги препорачал на оние со слабо срце или желудник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom