Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

P

Princ

Гостин
Ја има таа слика на претходните страни и беше карактеризирана како гадна па одеше како линк. Кој сака да си кликне, нема да тероризираме случајни минувачи.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Отворено Советувалиште за сексуално и репродуктивно здравје


18.12.2009

Во рамките на Заводот за здравствена заштита, се отвори Советувалиште за сексуално и репродуктивно здравје во амбулантата „Пролет“ во Скопје.
Советувалиштето го отвори министерот за здравство Бујар Османи, а има за цел едукација на децата и младите за репродуктивното здравје со што ќе се спречат несакани бремености и полови болести кај младите.
„Ова ќе овозможи полесен пристап посебно на младата популација во однос на потребните информации за заштита и унапредување на репродуктивното здравје. Следи отворање на уште десет други вакви советувалишта низ државата каде младите ќе можат отворено да зборуваат за сите нивни проблеми и прашања во однос на репродуктивното здравје и градење на нивниот животен стил по однос на тоа прашање“, рече Османи.
Тој најави отворање на вакви Советувалишта за репродуктивно здравје и во другите градови. Советувалиштето е дел од Стратегијата на Министерството за здравство „Сексуално и репродуктивно здравје“ што се подготвува за периодот до 2020. година.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=117680
 
S

StereoLove

Гостин
Jaс лично сум против абортусот,воопшто не го оправдувам.Тоа е еден вид чин на убиство.Како најпрвин тоа не е криво за ништо и вреди да му се даде живот.Но и треба да се размисли пред да се прави тоа бебе,зборувам за оние млади мајки на 17-18 годишна возраст.Па немат ли ум во тоа главчето а после ке си ја ударат главата во зид.Не дај боже абортусот да биде спонтан и после има шанси да не можеш да забремениш.:toe:
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Оправдувам само под услов ако е загрозен животот на мајката и ако бременоста е резултат на кривично дело-силување. Е сега ако знаеш (врз основа на генетска анализа) дека носиш дете со физички или ментални ретардации тогаш родителите заедно треба да одлучат дали ќе го уништат тој плод или не, бидејќи како и да е и двајцата ќе мораат да го чуваат. Во секој случај страшно тешка одлука.
 
C

Celsius

Гостин
абортусот според мое мислење во никој случај не е незаконско дело - напротив но само во оправдани случаи. Под оправдани случаи подразбирам немаштија (но ете се случило), генетски деградации, исклучителни судски случаи, па дури и добро подржани приказни од страна на носителот на детето.. сакам да кажам доколку девојката приложи доволно докази дека таа неможе да се грижи за детето нема зошто да се загрозува уште еден живот..

Да сумирам, Абортус - ДА но оправдан со луѓе кои ќе бидат компетентни да ја преиспитаат донесената одлука од страна на родителот..
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.404
Поени од реакции
6.024
Абортусот и да го забранат со закон пак ќе го има(џабе реклами и кампањи) само што наместо легално, ке го прават на црно и наместо да одат дел од парите во буџет ке одат сите во рацете на „Гиниколошките ординаци’’.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Абортусот и да го забранат со закон пак ќе го има(џабе реклами и кампањи) само што наместо легално, ке го прават на црно и наместо да одат дел од парите во буџет ке одат сите во рацете на „Гиниколошките ординаци’’.
Апсолутно се согласувам, треба да се превенира а не да се забранува зошто ќе се врши од нестручни лица во нехигиенски услови, и ете враќање во минатото...
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
абортусот според мое мислење во никој случај не е незаконско дело - напротив но само во оправдани случаи. Под оправдани случаи подразбирам немаштија (но ете се случило), генетски деградации, исклучителни судски случаи, па дури и добро подржани приказни од страна на носителот на детето..
Се ок, ама немаштија? :???: Па само богатите тогаш не треба да аборираат, овие сиромашниве не треба деца да имаат. Што ако сум богата, родам дете, и банкротирам? И немам за леб да јадам, а немам ни со што да го ранам детето, на улица сум. Треба да се убиеме? Сиромаштијата не е најтрагичното нешто што може во животот да ти се случи, денес имаш, утре немаш. Па затоа не ги оправдувам тие што викаат дека сакаат да абортираат зошто немаат пари (нели немаштија за сите е различен поим). Можеби би оправдала абортус во случај на пореметувања кај детето, или евентуално силување (не дај Боже па инцест).
А тоа немам пари, со што ќе го школувам, и слични работи не може да биде оправдување. Нити пак може да биде "еј немам со што да го ранам детето", зошто, ако го родам и имам со што да го ранам, и по некоја гадна случајност во животот снемам и немам ни корче леб да му дадам, не значи дека треба да го убијам бепчето. :taka:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.714
Поени од реакции
12.136
Па само богатите тогаш не треба да аборираат, овие сиромашниве не треба деца да имаат. Што ако сум богата, родам дете, и банкротирам?
Што ако цркнам пред да ги истерам децава на пат па мора мајката сама да се мачи? :wink:
Сепак мораш да размислуваш позитивно, а за богати и сиромашни...во просек сиромашните имаат повеќе деца (причините се познати). Апсурд ама така е, не се чести богати, поситуирани семејства со повеќе од 2-3 деца.
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Што ако цркнам пред да ги истерам децава на пат па мора мајката сама да се мачи? :wink:
Сепак мораш да размислуваш позитивно, а за богати и сиромашни.
Точно, затоа абортус ради сиромаштија е малку нелогично. Баш зошто не знаеш што може да се случи :taka: (ова го пишувам зошто имам чувство дека сакаше нешто контра да ми кажеш, зашто погрешно ме разбра :smir:, или се лажам:toe:).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.714
Поени од реакции
12.136
Не, само сакав да се надоврзам на твоето мислење. Само...хм, малку можда погрешно се изразив, делува како да ти контрирам...дури сега забележав :wink:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Абортус оправдувам ако:
- двајцата родители не го сакаат тоа дете
- бременост од силување
- дете кое ќе се роди со пречки во физичкиот или менталниот развој
 

Kajgana Shop

На врв Bottom