Ај малку интермецо, да земете здив помеѓу две рунди:
Причини за прекин на бременоста во САД (статистички податоци од 2000 год.)
- 25.5% Сакаат да го одложат мајчинството
- 21.3% Финансиски не се моќни да издржуваат бебе
- 14.1% Не се во стабилна врска или партнерот не сака дете
- 12.2% Малолетни: родител(и) или старател се противат на бременоста
- 10.8% Мајчинството би предизвикало прекин на образование или вработување
- 7.9% Имаат деца и не сакаат повеќе да раѓаат
- 3.3% Здравјето на фетусот е загрозено
- 2.8% Здравјето на мајката е загрозено
- 1.1% Зачнувањето е резултата на силување или инцест
- 1% Друго
Кога е прекинувана бременоста (по гестациски недели).Податоци од 2002 год.
За потсетување, бременоста нормално трае 40 недели.
80% до 10-та недела
10% во 11-12 недела
10% од 13 недела натаму. Овие задоцнети абортуси се должат на следните причини (почнувајки од најчестите):
· !!! Жената не знаела дека „до таму стигнала“, грешка во чекори
· Не можела да „среди“ за абортус
· И било страв да му каже на партнерот или на родителите
· Не можела да се реши
· Чекала да и се стабилизира врската со партнерот (не дочекала)
· Некој и вршел притисок да не ја прекине бременоста
· Околностите се промениле откако забременила
· !!! Не знаела дека е битно колку недели е бремена за абортусот
· Проблемите со здравјето на фетусот се дијагностицирани доцна
· друго
Ова е за Америка ама кај нас не знам дали има достапни такви податоци.
Како и да е претпоставувам дека сме тука негде.