Сето ова го напиша благодарение на некој друг кој ти дал право да живееш... мнооооогу други мислења на ова тема нема никогаш да ги прочитаме оти некој не им дал право да живеат... На темата дискутираме само ние кои го уживаме тоа право да живееме. Сите сме ние “среќници“ и не не засега за оние кои се откорнати од животот оти некој друг мислел дека така е подобро.
Ај за момоент да претпоставиме кое мислење или аргумент би дале оние на кои правото да заживеат како нас им било одземено од страна на друг? Дали некое нивно мислење, став, желба, молба би те трогнало толку да се замислиш на закони, членови и параграфи?
Хе, хе...не иде то тако, Чарлс, батка, не иде. Овдека на темава сакаме да бидеме малку озбилни. Озбилно да си праиме муабет.
Вакви "аргументи" служат само за свртување на вниманието на друга страна. Целосно се бесмислени, знам дека го знаеш тоа. За да не помислиш случајно дека не сакам да си играм со претпоставки, еве една од моите поомилени: замисли си само да не се родела омилената ќерка на Јозеф Фрицл. Тогаш тој СИГУРНО (или пак можеби, кој знае?) немало да практикува инцест, немало да и направи (незнам-таму-колку-деца), немало да го направи оној фамозен подземен апартман само за неа...Е сеа, ова го наметнува прашањето: дали ТАА го направила својот татко МОНСТРУМ? Дали, ако таа не се родела, тој единствено би покажал креативност (на пример) само во уредување на својата градина?
Гледаш каде отидовме во бесмисленоста? Значи, човек лесно може да се изгуби во претпоставките. Полесно се справува со фактите.
А фактите зборат дека не можеш да знаеш што би било кога би било.
И зашто човече мислиш дека е толкава среќа што некој испланирал да те донесе на овој свет? Среќа зашто имаш право да кажеш мислење? Среќа зашто во дадени околности си имал повеќе успех од другите, што ти донело стан, кола, жени-си се родил со предиспозиции (ментални, физички) кои подоцна ти ја креирале состојбата во која се наоѓаш. Што е со оние што немаат добар почеток, немаат среќа, пола од животот се борат за гола егзистенција, сурово се злоставувани од некого? Што е животот за нив? Се сомневам дека некој што се наоѓа на другата страна од паричката го дели твојот ентузијазам по однос на ова прашање, дека му е гајле за мислења и ставови и колку бои можеш да видиш во природата во есен. Гајле му е за филозофијата на постанокот и постоењето.
Сеа пак, одма ќе се наоштриш со прашањето: А дали ти тоа викаш дека треба да ги убиеме сиромашните а да ги оставиме само богатите да живеат и да се размножуваат? Ја ќе ти пишам: НЕ! Не е тоа поентата воопшто.
Јас би сакала да потенцирам дека е мошне важно да се подига свеста за сексуалниот живот, значењето на семејството, планирањето на бременоста, на пример. Во време во кое сексот само уште не ни потекол од чешма, смешно ми е да се морализира на тема која е значајна за животот и здравјето на модерната жена.
Поентата е во препознавањето на сопствените рамки. Законот гарантира дека твојот простор нема безобразно да задре во мојот (и обратно, да се разумемо). Секој ќе си биде на своето, среќен и искулиран. Не знам, зошто е тоа толкав проблем за некого?