Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
А што е тоа квалитетен живот? За Трифун Костовски сигурно не е квалитетен живот на пример 70 квадрати стан и 35000 днари месечни примања.... има луѓе кои сметка за мобилен плаќаат по 300 евра месечно а немаат појма колку кошта масло или брашно, има луѓе и семејстцвва кои живеат со 12.000 денари.... Дете не е дел од потрошувачка кошничка.
Чуден пример наведуваш, но ако размислам подобро, не е прв пат на темава да се изнесуваат вакви споредби. Инаку се слагам дека посаглам чоек ќе излезе од поскромно семејство отколку од богато. Но, да не генерализираме.

Коа зборам за квалитетен живот, пред се мислам на семејство кое го сака своето бебе. Го планира и се радува на неговото доаѓање. Јес да е супер да имаш квалиетен кров над глава кој што покрива 400м2 (минимум), но може да помине и секаков кров, кој покрива куќа во која живее среќно семејство (да, семјество, чии членови можат да се дишат меѓусобно). Квалитетен живот подразбира не само кров-туку облека, образование, здрава храна. При тоа ако (на пример) живееш скромно, треба да постигнеш 12,000-те илјади да не ги претвориш во главна детска преокупација. Колку од оние со 12,000 (и помалце) го можат тоа?

Од друга страна, на пример, жена која е приморана да роди, многу често во бебето гледа кривец за буквално се. Така тоа станува предмет за лечење на нејзините фрустарции. Предмет за изживување (физичко и психико малтретирање, убиство). Ќе речеш дека, во таков случај, детето може да го даде на посвојување. Но, дали домот за деца дава некаков квалитетен живот? Што е со посвоителите? Да, како опција, вака форумски разгледувана-но, реалноста е поинаква, и како што претходно констатиравме, сите си имаме свои лични причини зошто нешто правиме или не правиме. Едноставно на непосакувано дете се гледа како на товар што мора да се носи, препиши го тоа на ниската свест на родителите, срам од роднините и пријателите, како сакаш.

На темава збориме најмалце за значењето на самиот чин. Јас сум сигурна, а го имам ова и претходно кажано, дека абортусот е тешка одлука за секоја нормална жена. Не знам зошто, но приврзаниците на идејата против абортус, го изедначуваат чинот со одење на забар, на кафе кај пријателката, на излет...као и текнало на некоја да абортира и во временскиот простор меѓу одење на маникир и фризер-"скокнала" да абортира. Не е баш толку едноставно. И остава последици. Забраната за легален абортус само би ги искомплицирала работите-веројатно драстично би се зголемил бројот на жени кои поради компликации би умирале или во најлесен случај би останале трајно неплодни. А што значи неплодноста на жените или нивната зголемена смртност, еве нека каже некој попаметен од страна на спротивниот табор.

Едно ме чуди, а никако да го одговориш, зошто тебе ти е проблем туѓиот избор?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Едно ме чуди, а никако да го одговориш, зошто тебе ти е проблем туѓиот избор?
Целиот текст е наивно детски “Абортирај за да после мајката не си го убие чедото онака исфрустрирана“ ?! “Убиј го додека уште не е очоечено оти после ќе пати по домови за сирачиња“

Постојат многу начини за заштита од несакана бременост и сите се достапни и ефтини. Нек си стави момичето спирала, нек користи дечкото кондом, нек внимава каде ќе сврши, нек голтни таа некоја пилула.... Можно е да се практикува секс без никаква опасност за бременост. Е не сакаат па своите 10 минути уживање и минута оргазам ќе ги измие од себе во некоја ординација и ќе излезе чиста неисфрустрирана.

Тоа е избор и си има право на тоа али према мене тоа е погрешен и нечовечен избор.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Можеш да внимаваш не знам колку пати и да бидеш внимателен, но пак да се забремени дали од пијана ноќ, дупен кондом, само малку на голо и слични ситуации.

Не се само причините дека некој не сака да има дете заради материјалниот аспект, голем процент на луѓето имаат, имале или пак ќе имаат секс со некој со кого не сакаат да го поминат животот заедно, голем дел од тие што се одлучиле да абортираат имаат некакви други планови за својата иднина па не се гледаат себеси како потенцијални мајки и татковци, исто имаш случки на жени во поодмината воздраст кој абортираат од причина што породувањето може да им биде критично по живот.
Навистина не можам да разберам што е толку страшно и нечовечно да одстраниш сперматозоид и јајце клетка од сопственото тело, тоа го правиме секојдневно со маструбација и менструација.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Навистина не можам да разберам што е толку страшно и нечовечно да одстраниш сперматозоид и јајце клетка од сопственото тело, тоа го правиме секојдневно со маструбација и менструација.
Самиот сперматозоид не е човек ниту некогаш ќе стане, не е гаранција дека ќе стане ни ако се најде во женско тело, но од ко ќе ги помине сите искушенија и препреки од кога ќе почне да се дели во клетки и создава основа на иден човек, кога природата ќе речи “Да, ти можеш да бидеш нешто повеќе од обичен сперматозоид“ некој вели “Ама јас бев пијан(а)... Јас не те сакам то беше само секс од кеиф“,,,, Убиј го то малото внатре дур не заличуи на човек!!
Знаеш на пример рает можеш да абортираш (убиеш( клетки во првите неколку недели , али истите клетки ако ги убиеш после година дена - ќе одиш в затвор! Истите клетки се !
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Самиот сперматозоид не е човек ниту некогаш ќе стане, не е гаранција дека ќе стане ни ако се најде во женско тело, но од ко ќе ги помине сите искушенија и препреки од кога ќе почне да се дели во клетки и создава основа на иден човек, кога природата ќе речи “Да, ти можеш да бидеш нешто повеќе од обичен сперматозоид“ некој вели “Ама јас бев пијан(а)... Јас не те сакам то беше само секс од кеиф“,,,, Убиј го то малото внатре дур не заличуи на човек!!
Знаеш на пример рает можеш да абортираш (убиеш( клетки во првите неколку недели , али истите клетки ако ги убиеш после година дена - ќе одиш в затвор! Истите клетки се !
Го читав тој аргумент де, можеш со ин витро технологија да го вметнеш вештачкиот создаден ембрион од издркотините во матката така што мене ич не ми влегува во глава дека сперматозоидот и јајце клетката предодредени од Бога со сите искушенија не треба да се уништува оти е природно.

Какво крешендо, во вториот дел пак си ги земаш правните легислативи и морални вредности како фактор кои се вештачки наметнати за доброто на поединецот за да си го одбраниш аргументот и ја отфрлаш мајката природа која ја застапуваш во првиот дел.
Оти некој не го става тигарот на обвинителна клупа кога ќе убие младенче од 1 година, кога веќе ти смета неприродниот абортус, да тераме според законот на природата?
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Целиот текст е наивно детски “Абортирај за да после мајката не си го убие чедото онака исфрустрирана“ ?! “Убиј го додека уште не е очоечено оти после ќе пати по домови за сирачиња“

Постојат многу начини за заштита од несакана бременост и сите се достапни и ефтини. Нек си стави момичето спирала, нек користи дечкото кондом, нек внимава каде ќе сврши, нек голтни таа некоја пилула.... Можно е да се практикува секс без никаква опасност за бременост. Е не сакаат па своите 10 минути уживање и минута оргазам ќе ги измие од себе во некоја ординација и ќе излезе чиста неисфрустрирана.

Тоа е избор и си има право на тоа али према мене тоа е погрешен и нечовечен избор.

Срцка си, мора да ти признаам. Имаш јака смисла за хумор, ми се допаѓа тоа.

Идејава е закон и баш фина: се додека жената се пуни со таблети, а мажот внимава кај ќе сврши, све ќе биде ОК! Нема да просветлувам овде што можат да и направат на една жена волшебните пилули за контацепција, а за фразата 'пази кај ќе свршиш' (што верувам е многу популарна во порно индустријата) прашај некој психолог и види што ќе ти каже...Што е со оние на кои кондомите им се скапи?...ау, да, тие ќе пазат каде ќе сврш...да.

Искрено, од нашиов мал разговор очекував малку повеќе, ама не се секирај, си ја сфаќам грешката.

На крај, да ти кажам фала за одговорот:..." Тоа е избор и си има право на тоа али према мене тоа е погрешен и нечовечен избор"... ПРЕМА МЕНЕ, ПРЕМА МЕНЕ...Да според тебе вака, според мене така. Глеаш, уопште не било комплицирано!

Сега среќно и пази кај свршаваш за да не надрљаш! ;)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Оти некој не го става тигарот на обвинителна клупа кога ќе убие младенче од 1 година, кога веќе ти смета неприродниот абортус, да тераме според законот на природата?
Не го става никој на клупа и момичето од 19 години кое пијано забременило па од страм и околината ојде во друг град да абортира “леле ќерко шо ќе речат комшиите , не зацрни“ (а сега можат и хименот да и го зашијат па ко нова да ја понудат на пазарот и гордо да го гледаат црвениот чаршаф како се вее од балкунот по првата брачна ноќ

Млада сум животот е пред мене шо ќе ми е дете сега - убиј го дур не се очоечи
Скап е животот, не стигаат пари за сметки и јадења како ќе го гледам - убиј го дур не се очоечи
Јас не те сакам се сексав со тебе само ради ќеф не мислам да се земеме - убиј го дур не се очоечи

а бе сите причини и разлози испаѓа дека се поважни од живот на зачнато дете. И тоа сопствено дете. Тоа не чини. (Ќе родам али ко ќе сретнам некој богат)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не го става никој на клупа и момичето од 19 години кое пијано забременило па од страм и околината ојде во друг град да абортира “леле ќерко шо ќе речат комшиите , не зацрни“ (а сега можат и хименот да и го зашијат па ко нова да ја понудат на пазарот и гордо да го гледаат црвениот чаршаф како се вее од балкунот по првата брачна ноќ

Млада сум животот е пред мене шо ќе ми е дете сега - убиј го дур не се очоечи
Скап е животот, не стигаат пари за сметки и јадења како ќе го гледам - убиј го дур не се очоечи
Јас не те сакам се сексав со тебе само ради ќеф не мислам да се земеме - убиј го дур не се очоечи

а бе сите причини и разлози испаѓа дека се поважни од живот на зачнато дете. И тоа сопствено дете. Тоа не чини. (Ќе родам али ко ќе сретнам некој богат)
Би било интересно ако има некој психолог или гинеколог кој професионално се занимава со пациенти кои абортираат да ги каже најчестите причини за абортус во Македонија.
Јас мислам дека немаштијата не е фактор број 1 како што ти инсуинираш, по мое мислам дека се работи за премлади девојки во тин фазата кои не можат да се изгледаат самите себе без помош на родителите, не пак да бидат одговорни за чување дете и најчесто се одлучуваат на абортус по притисокот на своите родители ако веќе го тераме на стереотипи муабетот.

Не знам што толку си се загрижил за опстојувањето на човековиот род, веќе не има 7 милијарди со тенденција на зголемување. :D
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Би било интересно ако има некој психолог или гинеколог кој професионално се занимава со пациенти кои абортираат да ги каже најчестите причини за абортус во Македонија.
Јас мислам дека немаштијата не е фактор број 1 како што ти инсуинираш, по мое мислам дека се работи за премлади девојки во тин фазата кои не можат да се изгледаат самите себе без помош на родителите, не пак да бидат одговорни за чување дете и најчесто се одлучуваат на абортус по притисокот на своите родители ако веќе го тераме на стереотипи муабетот.

Не знам што толку си се загрижил за опстојувањето на човековиот род, веќе не има 7 милијарди со тенденција на зголемување. :D
Се е побитно од живот на неродено дете, цена на киловат, цена на бензин, сувомесната, сирење....

ПС
А некоја војна така да ни се случи п оможност нуклеарна па да се проретчиме?? кажи шубо би било!!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Се е побитно од живот на неродено дете, цена на киловат, цена на бензин, сувомесната, сирење....
Зошто понаку би биле наместени приоритетите? Не те разбирам што ти е поентата, би требало да се грижам за нероден Петко и капа да му кројам? :confused:
А некоја војна така да ни се случи п оможност нуклеарна па да се проретчиме?? кажи шубо би било!!
Не сум бе дотолку мизантроп.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Зошто понаку би биле наместени приоритетите? Не те разбирам што ти е поентата, би требало да се грижам за нероден Петко и капа да му кројам? :confused:

Не сум бе дотолку мизантроп.
ма и за роден петко!, слушај сине, струјата ојде 8 посто, бензинот е над 73, ме искина овој месец мобилниот така да ти укинувам вечерите и ти исклучувам печката в соба .... Пуу ко не знаев на времето да те абортиравме !!
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
јас сум против абортус, само во случај на голема сиромаштија можам да го оправдам, кога родителите се свесни дека нема што да му пружат на детето и избрале да не го мачат..а да избереш кариера, патувања, младост и сл. наместо да родиш или да ти родат, тоа е крајно себично и обично тие луѓе ја губат шансата понатаму да добијат дете, или кога планираат, барем така покажуваат статистиките
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Абортусот е убиство затоа што тие живи клетки во жената ако ги оставиш, ќе станат наскоро свесно живо битие, насмеано, расплакано, среќно тажно, себично добро, мрзливо, паметно..... дете, човек. жена.. ќе има свои сништа, надежи, разочарувања, трагедии, среќи планови желби.... ќе има свој ЖИВОТ. Заштита од бременост - да, секако ако не планираш семејство али ако веќе се зачне ЖИВОТ во тебе, мислам дека е крајне себично, злобно и сурово да ради свои естетски материјални финансиски или социјални причини одземеш на некого макар и се уште нероден право и шанса да го проживее својот живот како што ти го живееш својот. Нема оправдување спрема мене за абортус освен можеби ако биде несомнено дека бременоста со сигурност ќе го угрози животот и на мајката и на детето.... можеби велам...

Teбе одамна не те сфаќам сериозно, нема ниту сега. Ми недостигаше на форумот, welcome back :)
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 01:03 ---
А оти да се задржиме само на клетки... ете имаш бебе плачливо цела ноќ вришти пишти немаш рает повраќа кењка... па се договараат партнерите да му скратат маките и да си живеат порает, помирно и да си се посветат сами на себе... или имаш дете кое не ти е убаво и на школо праи проблеми... не учи... преку гла ти е и со партнеро решаваш да го ликвидираш....
Има голема разлика - научно потврдена.
Плодот во ембрионалната фаза сеуште не чувствува болка, ниту има било каква перцепција. Фетусот (после 12 недела) чувствува болка затоа што почнува да функционира нервниот систем, а и се готови сите зачетоци на сите органи, па се до 9 месец следува само нивно развивање, но не се создаваат нови органи. Над 12 недели, фетусот реагира на звук, стрес, топлина, студ, почнува да има свои активности. Но болката, е главната причина што до тогаш е дозволен абортусот, ембрионот не го боли, фетусот, бебето и детето - ги боли.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Но болката, е главната причина што до тогаш е дозволен абортусот, ембрионот не го боли, фетусот, бебето и детето - ги боли.
Нема да чуствува под анестезија. Ако имаш палаво немирно дете, кое не учи и не му вели “добар ден“ на комшии (а и е трошок за одржување) успиј го и убиј го.
Гарант нема да го боли.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom