Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ембрионите немаат ставови, желби, молби.
а зошто тогаш се убиваат?? за да не прозборат, посакаат нешто или почнат да молат да не ги убиваме? Ни штотуку родено бебе нема свој став ни желба ни молба. Убиј го !
 
G

galaxy

Гостин
а зошто тогаш се убиваат?? за да не прозборат, посакаат нешто или почнат да молат да не ги убиваме? Ни штотуку родено бебе нема свој став ни желба ни молба. Убиј го !
Па има луѓе кои ги убиваат. Единствено нешто што те спречува е законот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Па има луѓе кои ги убиваат. Единствено нешто што те спречува е законот.
а има и луѓе кои не убиваат овде е место да се изнесат ставови и мислења и на едни и други. Твое мислење не видов освен дека така вели законот. Не темата дали е законски, темата е дали одобрувате. Ти одобруваш абортус оти законот го дозволува?? Тебе ти е лесна дискусијата, ќе се повикаш на член тој и тој , параграф оној а во врска со член тој став оној и готова дискусија. Нема шо да се трудиме да објасниме појасниме и докажиме. Скенирана страна од службен весник каде е цитиран законот е доволен за да ти одобриш абортус. Јас поинаку ги сфаќам доживувам и гледам работите. Второто дете ни се родди во најнеповолни услови, во безработица , оскудија.... спрема тебе треба на дигитрон да израчунам дали да му дадам шанас да дојде на свет или да го ликвидирам дур не стане нешто повеќе од ембрион. Сега додека го пишувам ова, го гледам си се занимава на каучот , распуст, среќно од поклоните за нова година, има желба да стане уметник, убаво црта, пишува прикаски и песни.... да пресудував за тој живот кој сега блика пред мои очи врз основ на неплатени сметки и цени на прехрамбени артикли во тоа време - ќе завршеше во некоја канта во гинеколошка ординација како “куп клетки“
 
G

galaxy

Гостин
а има и луѓе кои не убиваат овде е место да се изнесат ставови и мислења и на едни и други. Твое мислење не видов освен дека така вели законот. Не темата дали е законски, темата е дали одобрувате. Ти одобруваш абортус оти законот го дозволува??
Не е законски затоа што го одобруваат абортусот, туку оти го одобруваат правото на абортус.
Па единствено законот и совеста може да забранат абортус.

Тебе ти е лесна дискусијата, ќе се повикаш на член тој и тој , параграф оној а во врска со член тој став оној и готова дискусија. Нема шо да се трудиме да објасниме појасниме и докажиме. Скенирана страна од службен весник каде е цитиран законот е доволен за да ти одобриш абортус.
Единствено цитирав закон кога ти побара закон со кој се ограничува бројот на клетки кои е дозволено да се убијат.

Јас поинаку ги сфаќам доживувам и гледам работите. Второто дете ни се родди во најнеповолни услови, во безработица , оскудија.... спрема тебе треба на дигитрон да израчунам дали да му дадам шанас да дојде на свет или да го ликвидирам дур не стане нешто повеќе од ембрион. Сега додека го пишувам ова, го гледам си се занимава на каучот , распуст, среќно од поклоните за нова година, има желба да стане уметник, убаво црта, пишува прикаски и песни.... да пресудував за тој живот кој сега блика пред мои очи врз основ на неплатени сметки и цени на прехрамбени артикли во тоа време - ќе завршеше во некоја канта во гинеколошка ординација како “куп клетки“
Единствено некои луѓе не се подготвени да ја направат таа жртва која сте ја направиле вие. Обвинете ги што се себични.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Сето ова го напиша благодарение на некој друг кој ти дал право да живееш... мнооооогу други мислења на ова тема нема никогаш да ги прочитаме оти некој не им дал право да живеат... На темата дискутираме само ние кои го уживаме тоа право да живееме. Сите сме ние “среќници“ и не не засега за оние кои се откорнати од животот оти некој друг мислел дека така е подобро.

Ај за момоент да претпоставиме кое мислење или аргумент би дале оние на кои правото да заживеат како нас им било одземено од страна на друг? Дали некое нивно мислење, став, желба, молба би те трогнало толку да се замислиш на закони, членови и параграфи?

Хе, хе...не иде то тако, Чарлс, батка, не иде. Овдека на темава сакаме да бидеме малку озбилни. Озбилно да си праиме муабет.

Вакви "аргументи" служат само за свртување на вниманието на друга страна. Целосно се бесмислени, знам дека го знаеш тоа. За да не помислиш случајно дека не сакам да си играм со претпоставки, еве една од моите поомилени: замисли си само да не се родела омилената ќерка на Јозеф Фрицл. Тогаш тој СИГУРНО (или пак можеби, кој знае?) немало да практикува инцест, немало да и направи (незнам-таму-колку-деца), немало да го направи оној фамозен подземен апартман само за неа...Е сеа, ова го наметнува прашањето: дали ТАА го направила својот татко МОНСТРУМ? Дали, ако таа не се родела, тој единствено би покажал креативност (на пример) само во уредување на својата градина?

Гледаш каде отидовме во бесмисленоста? Значи, човек лесно може да се изгуби во претпоставките. Полесно се справува со фактите.

А фактите зборат дека не можеш да знаеш што би било кога би било.

И зашто човече мислиш дека е толкава среќа што некој испланирал да те донесе на овој свет? Среќа зашто имаш право да кажеш мислење? Среќа зашто во дадени околности си имал повеќе успех од другите, што ти донело стан, кола, жени-си се родил со предиспозиции (ментални, физички) кои подоцна ти ја креирале состојбата во која се наоѓаш. Што е со оние што немаат добар почеток, немаат среќа, пола од животот се борат за гола егзистенција, сурово се злоставувани од некого? Што е животот за нив? Се сомневам дека некој што се наоѓа на другата страна од паричката го дели твојот ентузијазам по однос на ова прашање, дека му е гајле за мислења и ставови и колку бои можеш да видиш во природата во есен. Гајле му е за филозофијата на постанокот и постоењето.

Сеа пак, одма ќе се наоштриш со прашањето: А дали ти тоа викаш дека треба да ги убиеме сиромашните а да ги оставиме само богатите да живеат и да се размножуваат? Ја ќе ти пишам: НЕ! Не е тоа поентата воопшто.
Јас би сакала да потенцирам дека е мошне важно да се подига свеста за сексуалниот живот, значењето на семејството, планирањето на бременоста, на пример. Во време во кое сексот само уште не ни потекол од чешма, смешно ми е да се морализира на тема која е значајна за животот и здравјето на модерната жена.
Поентата е во препознавањето на сопствените рамки. Законот гарантира дека твојот простор нема безобразно да задре во мојот (и обратно, да се разумемо). Секој ќе си биде на своето, среќен и искулиран. Не знам, зошто е тоа толкав проблем за некого?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Х

Исто што не би било проблем јас во дворо да си давам мачиња и кршам рбети на кучиња со дршка од секира, во мојот простор... Па по твое ти не би чукнал на врата од комшија да слушнеш пискање или кукање... негов простор. А пример шо го кажа со мањаци не држи вода пошто бебето не се раѓа како педофил ни како убиец. Се раѓа како бебе беспомошно мило убаво. Не се раѓа со истетовирана мртвечка глава и нож в раче.
 
Ааааа, извини те молим, ти излеа се зезаш со мене, аааа? ;) Ти си као загрижен за жената на комшијата, што ли? :pipi:

Точно е дека секое бебе е мило, слатко, беспомошно. Дали се раѓа како педофил или убиец (потенцијален) е дискутабилно. Сигурно се раѓа со грст наследни особини од своите родители-на едно мало слатко бебенце може да се гледа и како на опасен хемиски коктел во мало паковање, кој во дадени околности може да направи голема штета. Еве едно гледање.

Али, ај да не идеме натака, може?

Значи, твое лично право е дали ќе изродиш 2, 5...10 деца. Сигурно имаш безброј причини за тоа. Мислам дека, во исклучителни ситуации, жена што планирала абортус, а конечно се определила да роди, направила правилен животен избор. Направила избор. Сопствен избор. Тоа е важното, да се има право на избор. Тоа е оноа што сакам да го поентирам кога го спомињам Законот. Можда ти имаш некакви лични (претпоставувам) морални дилеми што си против абортусот, но твоите лични причини НЕ СМЕЕ да важат за сите.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Значи, твое лично право е дали ќе изродиш 2, 5...10 деца. Сигурно имаш безброј причини за тоа. Мислам дека, во исклучителни ситуации, жена што планирала абортус, а конечно се определила да роди, направила правилен животен избор. Направила избор. Сопствен избор. Тоа е важното, да се има право на избор. Тоа е оноа што сакам да го поентирам кога го спомињам Законот. Можда ти имаш некакви лични (претпоставувам) морални дилеми што си против абортусот, но твоите лични причини НЕ СМЕЕ да важат за сите.
Си постојат купови начини за спречување на бременост, имаш кондоми, пилули, спирали..... за жени кои не планирале деца. Али кога еднаш ќе зачне живот во неа, милсам дека е пристрасно и себично да одлучува за тој живот како да е само нејзин и ничиј друг. И да не го сака бебето, пак има можност да го даде на посвојување од како ќе се роди (ако веќе толку ужасно не сака да е мајка), а не да го убије.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343

Најдобро тебе да ти ги дадат абортираните фетуси во тегла, да седнеш и да ги квачиш, па кога ќе се осамостојат ќе ги дадеш на посвојување.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Најдобро тебе да ти ги дадат абортираните фетуси во тегла, да седнеш и да ги квачиш, па кога ќе се осамостојат ќе ги дадеш на посвојување.
Од кога го прочитав сопствениот пост сфатиф дека ќе навредам посвоени деца.

Извини!

Не ми беше тоа поентата на постот туку можноста да иако е детео несакано, да му се даде можност за живеење.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Не ми беше тоа поентата на постот туку можноста да иако е детео несакано, да му се даде можност за живеење.
И јас истото го викам, остај ја мајката нека крши глава и ти квачи го ембрионот, за да му дадеш можност за живеење.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
И јас истото го викам, остај ја мајката нека крши глава и ти квачи го ембрионот, за да му дадеш можност за живеење.
Не е можно такво нешто да со квачење на ембрион се создаде дете, не нам какви прикаски ти кажувале за раѓање, на некој дека штрк ги донел на некој дека в зелка ги нашле али твојата верзија е доста оригинална и остава впечаток дека твоите родители а нарочно мајката е мошне весела и духовита жена!
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Си постојат купови начини за спречување на бременост, имаш кондоми, пилули, спирали..... за жени кои не планирале деца. Али кога еднаш ќе зачне живот во неа, милсам дека е пристрасно и себично да одлучува за тој живот како да е само нејзин и ничиј друг. И да не го сака бебето, пак има можност да го даде на посвојување од како ќе се роди (ако веќе толку ужасно не сака да е мајка), а не да го убије.
Тачно. Како што постои и вазектомија, односно машка стерилизација - подврзување на семоводите кај мажот.
Многу ретко се спомнува како начин на спречување бременост во брак, после неколку деца.
Плус тоа и маживе некако ја одбегнуваат темава. Као жената и после родени две - три деца треба да внимава на спирали, пилули итн.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Од кога го прочитав сопствениот пост сфатиф дека ќе навредам посвоени деца.

Извини!

Не ми беше тоа поентата на постот туку можноста да иако е детео несакано, да му се даде можност за живеење.

Ама ајде, Чарлс, зошто е толку битна 'можноста за живеење'? На оваа можност, можеме да гледаме како на можност за влечење по контејнери, педофилско злоставување по домови и посвојувачки семејства, малтретирање од најразлични побуди од самите родители... Свашта има. Зошто е важен само животот, а не и квалитетот на животот?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ама ајде, Чарлс, зошто е толку битна 'можноста за живеење'? На оваа можност, можеме да гледаме како на можност за влечење по контејнери, педофилско злоставување по домови и посвојувачки семејства, малтретирање од најразлични побуди од самите родители... Свашта има. Зошто е важен само животот, а не и квалитетот на животот?
А што е тоа квалитетен живот? За Трифун Костовски сигурно не е квалитетен живот на пример 70 квадрати стан и 35000 днари месечни примања.... има луѓе кои сметка за мобилен плаќаат по 300 евра месечно а немаат појма колку кошта масло или брашно, има луѓе и семејстцвва кои живеат со 12.000 денари.... Дете не е дел од потрошувачка кошничка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom