Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

S

Shellshock nam67

Гостин
абортусот е право на жената и никој не треба да и се меша во нејзината одлука edn of discusion
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Немoј да делиш ордени, аман-заман, туку земи нацепи трупци и разгори ја кладата. Ама не заборавај да ги повикаш и тие што се определиле за вештачко оплодување, а не само оние, другине "грешници". :):)
Комплет во кладата бисеро... ќе им правиш друштво? Баш ќе ви биде весело :) Светец до светец сите борци за права на жената, а смрт на бебињата :)))
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Убаво си кажав јас еднаш дека немаш абер од читање, треба во прво одделение да те вратиме. Од толку многу што гракаш (тр-тр-тр-тр-тр) ни сопствените мисли не можеш да си ги чуеш, а не па туѓите. А тоа дека не можеш да ја сфатиш паралелата е друго дванајс..... бистрина.

Читај убаво, бидејќи напишав убиство е убиство, а не дека смртта е смрт. Ама ти фали логичко размислување, за да можеш помеѓу овие два термини да направиш разлика. И кои се тие случаи каде законот толерира убиство, тоа што го кажа за самоодбрана?? Ти реков да не го внесуваш во сликата, бидејќи не е исто. Бидејќи не знаеш, еве да ја повлечам паралелата наместо тебе. Тоа е исто како и спонтан абортус, организмот се бори/убива нешто во него што го "смета" за насилно, исто како што во самоодбрана се бориш/убиваш некој што те напаѓа. А муабетот за спонтан никогаш не бил дел од спротиставените мислења на темава.

Не е исто абортус и вештачко и не се ни трудам да ги ставам на исто рамниште. Ако ми го прочита одговорот погоре што му го напишав на NaughtyByNature, а се кладам дека не го имаш прочитано, ти ни своите не си ги читаш, ќе сфатеше што ми е поентата. А тоа е ако веќе им трубиме на глава дека прават убиство, а и во двете постапки исто се убива (како што се изјаснија), тогаш треба да постои еднаквост во етикетирање. За сите исто, а не едни змиишта, а други маченички. Ама знам дека џабе лафам, ти фаќа устата, ама не и црпката. Осеќам дека следниот пост ќе го прерипам, пошто пак ќе биде.....

.... како викаше Цацко, ќе ти гугука, ќе ти црцоре..... :):)
Паше, ти зборам за причините шо ја предизвикале смртта, различни се, така? Од убиство и пр. од болест? - Различни се. Различно е и убивањето - абортус и то твоето убивање од вештачко оплодување (ко пијан за бандера си се фатила за то).
Муабетот ми е:
- абортус - одиш свесно да отепаш нешто шо е во тебе, шо расти, и ако то не го напрајш, еден ден по 9 месеци ќе биди живо суштество,
- вештачко оподување - одиш да дајш живот...

И сама ко шо си кажа... џабе лафаш, со твој зборој, на сите различно ни делиле во црпката, ама не губи надеж, велат тој шо нема во глата има во нешто друго... се надевам ќе си го најдиш то другото, инаку маф ти е планот.

Топ си :)
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Е значи махери сте да ги извртите темите, па демек ние шо не оправдуваме абортус ги оспоруваме правата на жените. Темата е „Дали оправдуваш или не оправдуваш абортус?“ и крај на муабетот. Точка. Друго е ако темата забегала во погрешен правец.
Овде никој не му го оспорува правото на никој. Па и да му го оспорувам можи па ќе ме послуша некој. Глупости на квадрат, продавање мозок фрчи од секаде.

Друго, како можите да споредувате вештачко оплодување и абортус? Мислам, глупава споредба. Со првото свесно уништуваш живот, додека пак со второто, се обидуваш да подариш живот.

И многу ме нервират тие муабети, „Тоа треба да биде личен избор на жената.“ Аман, немој. Ако жената одлучи да абортира оти сака да се журка уште 20 години, во ред е. Ако одлучи (не осудувам, само сакам да ја доловам поентата) насекое да абортира, во ред, е право на избор бе, и шо?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Во животов не сум практикувала секс без кондом, но се се случува, можеби и тоа ќе се случи.
На мои 20 години подобро би умрела него да станам мајка. Јас не можам ни со дете да си поиграм, а не па мое да имам.
Немам завршено сеуште факултет, немам финасии доволно за моите лични желби, што ќе ми е дете?
Имам дечко со кој сум долго И ТОЈ ЗНАЕ дека ако останам бремена случајно, може да дојде да ме собере од клиника, немам намера ниту да го прашам дали сака или не сака дете. Јас не сакам, и според тоа немам намера да родам. Неговото мислење може да биде драгоцено, ако јас сакам да родам дете, а тој не сака, па заради неговата желба да не биде татко да абортирам. Никој никому не смее да наметнува родителска улога. Абортусот не е убиство ако е извршен до 12 недела, затоа што фетусот не чувствува болка, бидејќи нема доволно добро развиен нервен систем.
Мојата бременост сакам да ја доживеам како нешто очекувано, да не бидам под стрес цело време, и да не ми биде криво што сум бремена.
На крајот на краиштата, секој има право на свој избор, мојот избор секогаш ќе биде кондом, ако не успее деј афтер, ако и тоа не успее абортус.
Важно е да се знае дека абортусот НЕ Е средство за контрацепција, зошто бременоста е најмалиот проблем што може да излезе од незаштитениот секс. Абортусот е крајното решение, кое не може да помине без психички последици, не дека нешто посебно цел живот се пати по фетусот, туку моментално личноста е свесна дека тој зачеток во поинакви услови ќе беше нечиј живот.

--- надополнето ---

Е значи махери сте да ги извртите темите, па демек ние шо не оправдуваме абортус ги оспоруваме правата на жените. Темата е „Дали оправдуваш или не оправдуваш абортус?“ и крај на муабетот. Точка. Друго е ако темата забегала во погрешен правец.
Овде никој не му го оспорува правото на никој. Па и да му го оспорувам можи па ќе ме послуша некој. Глупости на квадрат, продавање мозок фрчи од секаде.

Друго, како можите да споредувате вештачко оплодување и абортус? Мислам, глупава споредба. Со првото свесно уништуваш живот, додека пак со второто, се обидуваш да подариш живот.

И многу ме нервират тие муабети, „Тоа треба да биде личен избор на жената.“ Аман, немој. Ако жената одлучи да абортира оти сака да се журка уште 20 години, во ред е. Ако одлучи (не осудувам, само сакам да ја доловам поентата) насекое да абортира, во ред, е право на избор бе, и шо?
Убаво кажа право на избор. Што ако абортира на секое? После извесен број абортуси веќе нема да може да зачне и готово. Немој само аргументот да е ,,чедоубиство,, и религиски проповеди. Малку пообјективно. Кој сме ние да судиме дали абортирала 1, 10 пати? Тоа ми личи исто како најчесто сиромашните селски семејства, каде што спијат на под и имаат 10 деца, зошто нели госпожата не абортирала, тие деца се осудени од раѓање на пропаст, зошто немаат никакви услови за живот.
Подобро секое да го абортира, него на само едно да му биде лоша мајка.
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Убаво кажа право на избор. Што ако абортира на секое? После извесен број абортуси веќе нема да може да зачне и готово. Немој само аргументот да е ,,чедоубиство,, и религиски проповеди. Малку пообјективно. Кој сме ние да судиме дали абортирала 1, 10 пати? Тоа ми личи исто како најчесто сиромашните селски семејства, каде што спијат на под и имаат 10 деца, зошто нели госпожата не абортирала, тие деца се осудени од раѓање на пропаст, зошто немаат никакви услови за живот.
Подобро секое да го абортира, него на само едно да му биде лоша мајка.
А да им дозволиме само деца на богатите градски семејства? Мислиш ќе биде госпожата подобра мајка од селската која спие на под? И како бе тоа не осудуваш некоја која абортирала 10 пати, а осудуваш мајка која има десет деца и не е добра мајка дека нели немаат никакви услови за живот...Малку пообјективно, посебично мислење од твоето здравје.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А да им дозволиме само деца на богатите градски семејства? Мислиш ќе биде госпожата подобра мајка од селската која спие на под? И како бе тоа не осудуваш некоја која абортирала 10 пати, а осудуваш мајка која има десет деца и не е добра мајка дека нели немаат никакви услови за живот...Малку пообјективно, посебично мислење од твоето здравје.
ДА ОСУДУВАМ луѓе кои добиваат деца а немаат ОСНОВНИ услови за живот! ДА осудувам мајка со 10 деца, зошто на НИТУ едно од нив не може да му обрне доволно внимание, за тоа да се чувствува убаво. Очигледно толкуваш како што сакаш нешто, не да забрани некому дете, поточно треба да се забрани некому, ако нема социоекономски услови да го исчува и порасне во здрав човек. Не треба да си богат за да имаш дете, туку да имаш БАРЕМ доволно финансии ЗА ДОБРО да го исчуваш. Тука ценетитот дедо Боже не им е од корист широкоградните мајчиња па после молат за некој денар, колку да си го однесат детето во болница зошто имало бронхит.
ТАА ШТО АБОРТИРА, 99% го прави тоа затоа што не и е време за дете, зошто не е подготвена да биде мајка, зошто нема соодветен партнер итн. Многу малку абортираат зошто така им е убаво. Поголем грев од да го абортираш е да го родиш и дадеш на посвојување во нашава земја, зошто може и 18 ќе наполни пред да некој добие дозвола да го посвои.
Себична сум кога се однесува на мојот живот и што јас сакам да правам од него, во кој добивам мачнини од луѓе кои се росни млади цветчиња, абе уживање. Да не продолжам со други теми, Pearl ви поставила добра контрадикција НЕ ЗНАЕТЕ што да одговорите, ЗОШТО ЖИВОТОТ Е ТАКОВ и не гледам ништо различно во уништувањето на зиготот и во двата случаеви, со тоа што со вештачкото оплодување се прави побрза пресметка ::: НЕКОЈ ЖИВЕЕ; НЕКОЈ УМИРА или уште подобро - за на некој да му изгрее, треба на некој да му се стемни.
И искрено, познавам повеќе жени/девојки кои извршиле абортус и ниту една од нив ниту се кае, ниту пати, ама баш им е сеедно, како што и треба да биде.
 
После тебе потоп. Не ми е чудно ама ич, дека многу од младината се егоисти и себичнаци како и што спомна во постот. Животот не знае што ќе ти приреди, ист е како лотарија, може од 100 на 0 да паднеш, дали тогаш треба децата веќе што сме ги створиле да ги убиеме дека немаме доволно за да им овозможиме добар живот?
И искрено на такво размислување ни маче не би ти дала да имаш а не пак дете. Абортирајте и ич око да не ви трепне, баш така и треба!
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727

Многу се вознемируваш околу нешто што не можеш да го промениш. Ја би и дала на Бу-Бу маче на чување, зошто да не. На Тамарче-то не би му дала. Бу-бу е барем искрена, знае што сака и не се замара со морализирање по форуми, Тамарче-то е збунето (значи, не може да се каже дека е намерно лицемерно). Зборуваш за себичност, при што алудираш дека се себични оние што би избрале абортус, за сметка на некој друг аспект кој евентуално би бил корисен за личноста. ТИ така гледаш, според тоа таквото гледање е добро за тебе. Си избрала да родиш наместо да завршиш факултет (пример), големо чудо. Дали тоа те прави почовек и несебична личност од некоја што ќе избере обратно-се сомневам. Нашата човечност и себичност не се мери преку број на абортуси и родени деца. Не можам да разберам, како може да биде доволно само тоа да се донесе дете на свет, без човек да се запраша што му нуди на тоа дете за почеток? Мислам дека секој родител се надева и посакува за своето дете подобар живот од оној што тој го има. Но гола вистина е дека едно се нашите желби а друго е реалноста. Општеството многу ретко дава прилика за премин од пониско на повисоко ниво. Сиромашните најчесто остануваат да гнијат во сиромаштија, грчевито држејки се само за едниственото што го имаат-животот. Логиката е проста-моето дете (и покрај моите надежи) има голема веројатност да го живее мојот живот, оноа што го имам веројатно е да го наследи (заедно со оноа што го немам). Моја задача е прво да си создадам услови за личен раст, за да може да расте и цвета и моето дете. Ја барем сакам да понудам нешто повеќе од гол живот. И баш ми е гајле ако тоа тебе ти смета.

И да сум јасна-јас го оправдувам абортусот и гледам на него како на личен избор.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
После тебе потоп. Не ми е чудно ама ич, дека многу од младината се егоисти и себичнаци како и што спомна во постот. Животот не знае што ќе ти приреди, ист е како лотарија, може од 100 на 0 да паднеш, дали тогаш треба децата веќе што сме ги створиле да ги убиеме дека немаме доволно за да им овозможиме добар живот?
И искрено на такво размислување ни маче не би ти дала да имаш а не пак дете. Абортирајте и ич око да не ви трепне, баш така и треба!
Дали намерно пропушташ работи? Дали не прочита дека АБОРТУСОТ НЕ Е КОНТРАЦЕПТИВНО СРЕДСТВО ТУКУ ИЗБОР? Кој вели дека нема жени кои го злоупотребуваат ова право и пред се себеси свесно си нанесуваат штета? 10 абортуси можеби значат и неплодност НО НЕ Е НАШЕ ДА СУДИМЕ. Како што рече Пеарл, а не ја повторувам, не е во ред едните да ги судиме другите да ги жалиме, зошто исходот е ист - уништување на јајце клетка, БЕЗ ОГЛЕД НА ПРИЧИНАТА. Оди ти објасни и на јајце клетката дека мора да биде уништена зошто во жената може да се вгради само една, и оди објасни и дека жената не сака да има сега дете. Исто се фаќа. Вака или така. Хумано и човечно е да сакаш да имаш дете, и што ако не можеш природно одиш на вештачко оплодување. Исто хумано, човечно и несебично е да не сакаш да родиш дете на кое не си способна да му овозможиш пристоен живот.
Ти не се прашуваш што би ми дала или не би ми дала мене. Немам деца зошто не сум подготвена да ги имам. Имам куче зошто можам да се грижам за него. Или мислиш ти дека секој секогаш може да има дете? Затоа после имаме адолесцентска деликвенција, малолетни наркомани, па и бременост под 18, зошто родителите на овие деца не ни сакале да ги имаат, ги родиле, и ги оставиле на милост и немилост на животот.
Полесно и похумано ми е да спречам нешто уште пред да стане поголемо, отколку многу подоцна, кога веќе ќе е касно.
Себична или не, таква сум, и никого не осудувам. Никој не ви вели вас вие да не раѓате деца, родете и 100 ако сакате, ама не ги осудувајте ние кои не мислат како вас. Јас мислам дека кариерата ми е поважна од тоа да бидам нечија мајка, и тоа е мој избор, па не ги осудувам оние кои одлучуваат да бидат добри домаќинки и мајки и тоа им е приоритет. Која сум јас да им кажам како треба да живеат? Која си па ти да кажеш што сум јас способна да чувам или да не чувам??????????????????
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Како можите да споредувате вештачко оплодување и абортус? Мислам, глупава споредба. Со првото свесно уништуваш живот, додека пак со второто, се обидуваш да подариш живот.
Со абортусот свесно уништуваш живот.
Со вештачкото свесно даруваш живот, а притоа свесно уништуваш 10 потенцијални животи.

Мислам, Тамарче, навистина глупава споредба. Не држи вода, нели е така??

Со абортус свесно убиваш една јајце клетка => оваа ја викаме убиец.
Со вештачко даваш живот на една јајце клетка, а воедно правиш масакр на 10 други јајце клетки => оваа ја викаме "уште чекам одговор да ја дефинирате"

Ако знаете да одговорите на ова прашање тогаш реплицирајте.
Само немојте и понатаму како досега да мелете како празна воденица - врррррррр..... :):):)
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Дали намерно пропушташ работи? Дали не прочита дека АБОРТУСОТ НЕ Е КОНТРАЦЕПТИВНО СРЕДСТВО ТУКУ ИЗБОР? Кој вели дека нема жени кои го злоупотребуваат ова право и пред се себеси свесно си нанесуваат штета? 10 абортуси можеби значат и неплодност НО НЕ Е НАШЕ ДА СУДИМЕ. Како што рече Пеарл, а не ја повторувам, не е во ред едните да ги судиме другите да ги жалиме, зошто исходот е ист - уништување на јајце клетка, БЕЗ ОГЛЕД НА ПРИЧИНАТА. Оди ти објасни и на јајце клетката дека мора да биде уништена зошто во жената може да се вгради само една, и оди објасни и дека жената не сака да има сега дете. Исто се фаќа. Вака или така. Хумано и човечно е да сакаш да имаш дете, и што ако не можеш природно одиш на вештачко оплодување. Исто хумано, човечно и несебично е да не сакаш да родиш дете на кое не си способна да му овозможиш пристоен живот.
Ти не се прашуваш што би ми дала или не би ми дала мене. Немам деца зошто не сум подготвена да ги имам. Имам куче зошто можам да се грижам за него. Или мислиш ти дека секој секогаш може да има дете? Затоа после имаме адолесцентска деликвенција, малолетни наркомани, па и бременост под 18, зошто родителите на овие деца не ни сакале да ги имаат, ги родиле, и ги оставиле на милост и немилост на животот.
Полесно и похумано ми е да спречам нешто уште пред да стане поголемо, отколку многу подоцна, кога веќе ќе е касно.
Себична или не, таква сум, и никого не осудувам. Никој не ви вели вас вие да не раѓате деца, родете и 100 ако сакате, ама не ги осудувајте ние кои не мислат како вас. Јас мислам дека кариерата ми е поважна од тоа да бидам нечија мајка, и тоа е мој избор, па не ги осудувам оние кои одлучуваат да бидат добри домаќинки и мајки и тоа им е приоритет. Која сум јас да им кажам како треба да живеат? Која си па ти да кажеш што сум јас способна да чувам или да не чувам??????????????????
Појма немам дали се читаш тоа што го пишуваш, но сепак јас тебе не би ти дала да имаш дете :))) Ти не си способна да бидеш мајка на „нечие„ дете! Од тој збор морници ме полазија, и искрено ми дојде нагон на повраќање...кутрото „нечие„ дете што ќе падне во твои раце. Користи антибебитаблети наместо една две зимај и плус кондоми, кариера и шибај сама во животот, моја искрена препорака.
Понатамошно тупење не е потребно. Страшен пост.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Не секоја жена, треба да има дете. Сите не се психички стабилни за мајки, ниту пак ја имаат желбата да бидат мајки.
Причините како што се кариерата, слободата, животот - се само изговор за жени кои едноставно - немаат желба да бидат мајки (во моментот или за целиот живот воопшто).

Ако детето е зачнато со силување, оправдувам абортус. Ниту битангата заслужува да биде татко, ниту жената мајка, ниту детето дете.
Ако детето е зачнато во нормален интеркорс, јас би го сочувала. Што се однесува на тие „тинејџерски забременувања“ од една вечер, прво се фаќа тоа тинејџерчето, му се дава пилула за ден потоа и се праќа на едукација. Не е исто да сакаш да имаш секс и да сакаш да имаш дете. Овие сакаат да имаат секс а не сакаат да имаат дете. А не знаат да се заштитат.

Абортусот е право ама со правото следуваат и одговорности и последици.
Ако жените се доволно силни да се носат со одговороностите и последиците, нема што јас да им кажувам. За себе, не би се впуштила во сексуален чин од кој ако направам дете - не би го изгледала. Ако е присилно - абортирам.
 
Мене ми се повраќа од вашиот дебилен став дека уништување на зигот во матката е убиство, ама уништувањето на зигот во епрувета не е ништо, уствари благородна работа е.
Ми се повраќа зошто сите сте светци абе срце да ти се растопи.
Ми се повраќа од многу работи. Ама јебига трпам, тука сум се родила, меѓу еден никаков, себичен, злобен, неизживеан народ.

Не си никој фактор ти мене да ми кажеш дали треба или не треба да бидам мајка. Ќе бидам оној ден кога ќе сакам да бидам. Тогаш нема да биде ,,нечие,, дете. Ќе биде мое дете. Зошто тоа ќе се случи кога ЌЕ ИМАМ ВРЕМЕ, ВОЛЈА, ЉУБОВ И МОЖНОСТ да се посветам на таа улога. Не гледам причина да си ги уништам приоритетите ако случајно останам бремена. Искрените препораки од пролајфери не ми се потребни, таков угнетувач не може да ми даде добар совет.

--- надополнето ---

Не секоја жена, треба да има дете. Сите не се психички стабилни за мајки, ниту пак ја имаат желбата да бидат мајки.
Причините како што се кариерата, слободата, животот - се само изговор за жени кои едноставно - немаат желба да бидат мајки (во моментот или за целиот живот воопшто).

Ако детето е зачнато со силување, оправдувам абортус. Ниту битангата заслужува да биде татко, ниту жената мајка, ниту детето дете.
Ако детето е зачнато во нормален интеркорс, јас би го сочувала. Што се однесува на тие „тинејџерски забременувања“ од една вечер, прво се фаќа тоа тинејџерчето, му се дава пилула за ден потоа и се праќа на едукација. Не е исто да сакаш да имаш секс и да сакаш да имаш дете. Овие сакаат да имаат секс а не сакаат да имаат дете. А не знаат да се заштитат.

Абортусот е право ама со правото следуваат и одговорности и последици.
Ако жените се доволно силни да се носат со одговороностите и последиците, нема што јас да им кажувам. За себе, не би се впуштила во сексуален чин од кој ако направам дете - не би го изгледала. Ако е присилно - абортирам.
Искрено твојов исказ ми се допадна некако најмногу, иако не се согласувам целосно. Јас тоа цело време го зборувам - АБОРТУСОТ НЕ Е СРЕДСТВО ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА!
А не би рекла дека е кариерата изговор. Добро е да си ги знаеш потенцијалите, и после да не викаш ,,оф мори мајко што ме снајде,,. Не секој, (поточно никој) не може да има бебе од 5 месеци, да иде по 10 саати на работа, па плус ако има доволно голема желба за напредок ќе оди и по семинари, патувања, состаноци.... Кога ќе дојде дома ќе нема време да се истушира а не да седне и да си игра со детето. Мислам дека не е хумано НИТУ ЕДНО дете да има родители кои практично нема да ги гледа, зошто цел ден работат и да порасне со трета платена личност.
Затоа и сметам дека не е во ред секоја бременост да резултира со плод. Се повеќе деца се туку така родени НЕПЛАНИРАНО и бидејќи мајките нивни во принцип не сакале да ги родат, тие деца се: хиперактивни, недоверливи, нападни, агресивни, амбивалентни, исплашени, исфрустрирани... Најчесто се воспитуваат преку ТВ зошто нивните родители немаат желба да ги учат, да ги играат... а ако си скапан од работа автоматски не ти се прави ништо, па купуваш играчка, го залажуваш и фураш даље...

Не мислам дека не сум стабилна, нестабилен човек никаде не просперира. Прво, сум премлада за да бидам мајка, и второ немам таква желба за скора иднина. За понатаму, можеби за некои 10-15 години, време што ми е доволно да стигнам професионално таму каде што сум зацртала дека треба да стигнам, сакам да имам дете, и ќе имам, без оглед дали ќе имам или не партнер.

За се во животот постои време, и фала богу, сами си го одредуваме тоа време. Штета што некои луѓе се толку наивни и простодушни, што другите им го одредуваат животот и ги трујат со ,,стравови и гревови,,.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Ми се повраќа зошто сите сте светци абе срце да ти се растопи.
Не се светци, само што тие си мислат дека се. Бидејќи не излегле подалеку од куќниот праг, за да видат што значи живот во реалност.

Наташа на пример, тебе не би ти дала ни маче да чуваш, ама на оваа мајка ќе и` честита што ги родила, а не ги абортирала децата.

http://www.time.mk/read/293676e96a/ecc51e6f72/index.html

Па потоа следи она познатото, нека ги роди, па да ги даде на посвојување.
Ама никаде ги нема моралистите да се побунат:

- зошто домовите се полни со сирачиња и покрај многу родители кои сакаат да посвојат
- зошто листата на чекање за посвојување е од 5 години па нагоре
- зошто има корупција, па за да се посвои дете треба да се плати од 10.000 евра па нагоре
- зошто критериумите за посвојување се дискриминаторски
- зошто кога жената се вработува ја прашуваат дали има родено и кога планира да роди
- зошто кога жената ќе се вработи, добива закани дека ќе биде отпуштена ако забремени
- зошто во државата не постои никаква подршка за самохрани мајки

И уште многу зошто.... Ама за тоа баш ги боли, бидејќи не се случува во нивното секојдневие. За нив приказната завршува со самото раѓање, за понатаму не ги интересира. Да ги интересираше, за погорните прашања ќе беа далеку погласни. Слепило, ограниченост и лицемерие, за жал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom