pearl
..~..~..~..~..~..~..
- Член од
- 20 август 2005
- Мислења
- 2.651
- Поени од реакции
- 1.962
Ме чуди што се` уште се прашуваш.Баш ме интересира какви аури имаш ти позади ушите бисеро...незнам под кој автоматизам се ставате во ќошот на лоши а нас кои не сме за абортус не правите иронично светци и одма го поврзувате тоа со нешто црковно, или еховистичко таканаречено затунтано. Ве читам меѓу редови без гајле
Процесот на вештачко оплодување не ми е познат (не ми бил потребен) па така да и не е в ред да коментирам, ама во најскоро време ќе ти пишам, јбг дијамант е во прашање...
Имам бисерна аура, разбира се.

Интересно е како од целиот пост успеа само околу аурите да прокоментираш. Изгледа се најде погодена, будалче.

Никој вас не ве става го категоријата на светци. Вие самите си се ставате, вечните моралисти, со тоа што си земате за право да (не)оправдувате туѓи избори. Се ставате во позиција да сакате да одлучите за другите, ко небаре вас Господ(ичните) треба да ве прашаат за дозвола. Никој вас не ве прашува и не треба да ве прашува што да прави со својот живот. Секој треба да си избере по сопствени убедувања, заедно со сите последици и одговорности. Глејте си ја својата сермија, а за другите оставете го правото на избор (читај го подвлеченото).
Прашањето што го поставив за вештачко оплодување е многу е просто и се надевам дека ненамерно го избегна одговорот. Земаат од жената 5-10-15 јајце клетки, земаат од мажот семен примерок и ги миксаат заедно. Да кажеме дека сите јајце клетки ќе се оплодат, што значи дека започнат е животот. Враќаат назад кај жената само 2-3, а другите ги оставаат да изумрат и покрај тоа што имаат подеднакви шанси за успех. Што правиме со оваа постапка, во контекст на убиството што толку милувате да го мафтате пред нос. Повели. Grand prize -- Golden Jubilee.
