Tonchie
BATTERY +
- Член од
- 15 јуни 2005
- Мислења
- 13.487
- Поени од реакции
- 7.978
Ареа со анплагд концерт во Скопје
Гостиварскиот бенд Ареа по пауза од осум години повторно ќе има самостоен концерт во Скопје. Акустичната анплагд варијанта на концертот е закажана за 16 април во Универзалната сала, бидејќи тој простор е најсоодветен за ваква концертна форма, велат организаторите Авалон продукција.
Бидејќи бендот двапати го полнеше Скопски саем и до денешен ден има повеќе од десетина настапи во електрична варијанта во Скопје, нивна желба беше првиот следен концерт да биде во акустична анплагд варијанта што, секако, е извонредна шанса Ареа да ја видиме во едно поинакво издание, како и сите големи светски бендови.
На концертот ќе имаме можност да ги чуеме композициите од новиот албум на Ареа "Се што сакам си ти", но и култните "Сите мои слики", "Одведи ме", "Колку ми значиш"... што значи сите евергрин-хитови на Ареа во изменети анплагд аранжмани. На концертот ќе бидат ангажирани и други музички имиња, а, секако, ќе има и многу други изненадувања.
(А. Ѓ.)
Извор: Вечер