zee German
mpkfa
- Член од
- 12 август 2009
- Мислења
- 6.455
- Поени од реакции
- 6.148
Знаев за хемии само реков дан се појавит дека e член на форумов 

Fala za detalniot opis :helou:Ај и ја една рецензија да напишам...
Си купив карта подоцна, значи без превоз за да не им зимам место на тие што сакаа да идат со превоз пошто мене и онака планот ми беше да идам во четврток вечер заради трансот. И отидов. Негде околу 22:00 бев во кампот. Трансот иако требаше да почне уште од 19:00, почна баш тогаш кога ние стигнавме пошто имале некои фрки со испорака на струја од ЕВН, па морале да пратат агрегат од Скопје. ЈБГ, shit happens... Да спомнам уште за влезот, дека 4ток вечер на врата имаше само 1 тип што ја креваше капијата, и никој друг (значи ниту алфи, ниту полиција, ниту редари - НИШТО). Значи ти и со нуклеарка да сакаш да влезеш во кампот - никој нема да ти забрани.
Како и да е, од 22:00 почна chill, па таман дур се сместиме, puff-pass и такви работи, и негде околу 01:00 почнаа психоделиите. Први импресии од транс стејџот беа бајаги позитивни. Прекрасен UV декор, со 8 UV ламби и едно 15тина UV платна за целосно психоделично доживување. Озвучувањето беше со еден збор кажано - ТАМАНСКО. Значи ни премногу гласно, ни тивко, нити трештеше, нити недостасуваа басови. Све се слушаше кристално чисто, thx to JBL. Првата вечер ми беше онака, размрдување. Имав голема желба да го слушнам Blisargon Demogorgon, али не успеав пошто бев премногу изморен, и пошто каснеше line-up от 4 саати, па според ова он требаше да почне негде у 7 сабајле... А јас до 3 ипол седев.
Нема везе, втор ден (а.к.а прв официјален - петок) се наместија главниот и алтернативниот стејџ, и ко за "беља", приколката во која бев сместен со другарите беше на 30 метри оддалеченост од алтернатив. Со други зборови секое сабајле од 10 саати почнуваа металци да урлаат и јас ни еден ден не бев убаво наспан. Тоа е тоа... Значи втор ден све беше наместено. Имаше и One центар каде што се гледаше светско, можеше да играш FIFA 10 На PS3 и користиш интернет. ТОП работа. Мејн стејџот беше лоциран на плажата, и беше АПЛА main. Големо озвучување, супер осветлување, простор за сите... Мераци. Не дека нешто ми значеше мене, али чисто информативно. Мејнот почнуваше околу 17:00 секој ден, па преку ден металците се радуваа на алтернатив, каде што урлаа не толку познати бендови секој ден.
Вечерта, на мејн неам појма кои беа, отидов само на слаткар и суперхикс (чисто онака дур почне јакиот транс), и морам да кажам дека имаа одлични настапи. Иако стварно не ми беше јасно што бара слаткар таму меѓу сите рокери/металци - организаторите си знаат. Се деси дур ја пееа "4ekeraukc", слаткар вика: "Ајде кренете 4 прста во вис", и само гледаш 10 души креваат 4 прста, 15 креваат среден прст.
Сепак публиката беше пристојна и искулирана и не направи некој посериозен инцидент за време на неговиот настап. Е за време на суперхикс беше друга приказна. Скоро цел камп беше на нивниот настап. Ја си гледав од страна, пошто не ми се влагаше у шутки, а шутки се правеа скоро на секоја песна. На "Ace of Spades" беше ПОКОЉ. Едно 50-60 луѓе влегоа во шутка, и работава беше: "Ko prezivi - pricace".
Негде околу 12:30 си отидов на трансот, и таму до сабајле. Стигнав кога беа Kala, и морам да кажам типците имаа одличен сет. Не знам кој следуваше после нив, пошто имаше многу промени во line-up от, па наместо Phobos Azazel беше некој друг, али беше солиден и тој. Знам само дека од 3:30 до 5:00 имаше 2ца типци кои буквално ме искршија. Forest trance 100 на саат. После нивниот настап не можев да мрдам, и останав уште 15 мин да видам кој е следен и си отидов. После дознав од флаерите дека биле Maniac Bubbles. Секоја чест за типците. Syntax Error, типот што беше после Maniac Bubbles, иако имаше солидно отварање, немав веќе енергија да го дослушам. Иначе, на транс стејџот пола Parvati екипа беше таму. Чисто онака да знаат тие што не биле што пропуштиле.
Сабота, ме разбуди трештење на гитари и рандом удари на тапан од алтернатив стејџот, па некако ненаспан бев тој ден. Преку ден, јадеш, пиеш, гледаше светско, се шеткаш низ камп... Дур да почне трансот. Овојпат на мејн воопшто не отидов (и онака појма немав кој настапува), па директно на транс. Си легнав околу 19:00 па спиев до кај 22:00 за да бидам одморен за вечерта. А вечерта - мераци. Ѕвезда на вечерта според мене беше Arjuna од Италија. Типот извади толку фанки форест, што дури сакав и повеќе да остане. Најголем разочарување - Atriohm. Иако имав голема желба да го слушам неговиот сет, некако беше преслаб. Ништо посебно не извади. Ама затоа пак, Arjuna беше после него и направи ЛОМ. PS: второто клипче од simoncence е на Arjuna. Затоа сите се толку размрдани. Првото е од Maniac Bubbles.
После Arjuna дојде еден тип, Beardy, кој ми личеше дека има преку 40 години ама направи стварно јака атмосфера. На пола негов сет си отидов, не можев веќе да седам. А да останев сигурно ќе ги слушнев и Trold, за кои подоцна дознав дека направиле јак сет.
И остана уште неделата... Повторно разбуден со трештење на гитари и урлање на микрофон, денот ми започна со посета на One центарот каде што гледав како земјата за која што навивав изгуби 4-1 од Германија (иако малку повеќе нерегуларно, ама тоа е)... Остатокот од денот иста прича - јадење, шетање... Тепање време дур почне трансот. А неделата на трансот беше најјако. Артистот за кој највеќе отидов на фестивалот (Parasense), благодарение на проблемите што ги имал на Охридски аеродром настапуваше вечерта (а требаше во петок). Почна прво Phobos Azazel да рока од 00:00, и како артист кој имав исто така голема желба да го слушам - не ме разочара како Atriohm. Само што морам да кажам дека типов го извади најтриперскиот сет што сум го слушнал. Малку да бевте под било какво влијание - сигурно ќе истрипавте нешто опасно... А најинтересно од све е што сетот кој требаше да му трае 1 саат, го продолжи уште 15 минути, и баш за тие 15 мин почна да пушта музика за играње. На нив ми беше најјако. После него - Atriohm со DJ Set. МИЗЕРИЈА. Иако имаше добар избор на траки, човекот миксаше толку лошо што ја се накурчив и си отидов на мејн стејџот, каде што пуштаа Progressive & Tech-House. Значи најголемо разочарување на фестивалот ми е Atriohm. Како и да е, во 2:30 доаѓа мајсторот - Parasense. Е на него беше најјако. После 3 вечери Forest, тоа Night-от што го пушташе ми легна така убаво - абе се отворив. Мераци му беше Live-от. Не знам дали му беше првпат во Македонија, али сите што носеа апарати го сликаа ко првпат да го виделе. Пукаа флешеви од сите страни. Човекот стварно извозе неверојатно добро. 4 и нешто тргнав да си легнувам пошто остатокот имаше наши диџеи кои иако вртеа супер транс, ги слушав само од приколка - не ми се седеше веќе.
Значи се на се, СУПЕР фестивал. За тоа што дојдов си поминав прејако. Организацијата стварно беше солидна, иако на никој не му се свиѓеше договорот што го направиле со продавницата во кампот да не смеат да продаваат сокови и алкохол, туку да мора да си купиш од штанд на Литиум (Магнум беше 200), ама тоа е тоа. Затоа пак, не пиев ништо. Значи 4 вечери ги поминав 100% трезен. Веќе спомнаа дека вецињата беа КРШ. Ама АПЛА КРШ беа. Да ти е гад да влезеш. Остатокот си беше све во ред. Нека кажат тие со превоз како си поминале, пошто мене ми беше порелаксирано - не морав да станувам сабајле и да собирам шатор во 8, за во 9 да тргнам...
Исто така мора да спомнам дека на фестивалов имаше повеќе дрога од било која друга дешавка у Македонија. Сите беа спремни со се и сешто, а рации/алфи/полиција - НИГДЕ. Ама најинтересно е што дури и редарите (тие помладите) пушеа со нас.
Ако ми текне уште нешто интересно што не го пишав, ќе го допишам во друг пост...
@ Tonchie: Јас бев тој што те сретна на плажата саботата, кога ми кажа за ногата и дека на трансот ќе мрдаш као на Jay & Silent Bob. Штета што не си останал повеќе, стварно беше јако.
PS: може ли некој да ми го каже името на тракава од 00:21. Знам дека е на Phobos Azazel - ја пушти и он на неговиот сет, ама јас пошто ја имам забележано на ова клипче и ми има останато во памет.
Иако не отидов заради обврски, мислам дека си во право, бидејќи неколку другари што беа ми пренесоа еднакво позитивни импресии!Нема смисла да го фалам и да објаснувам што се случуваше, само ќе кажам дека ми е мило што сите "underground" личности и сите оние кои сакаат добра музика беа таму, можеше да се видат секакви луѓе кои најчесто се обележани како наркомани тепачи крадци и слично, јас колку што сум информиран немаше ни една кражба ни една тепачка ни никаков проблем сите беа пријателски расположени, некако сите се осеќаа како истомисленици и пријатели, прекрасно беше чуството да си дел од таа група на луѓе.