Кажујте импресии кој бил..кој преживеал
Еве јас со дупнатата нога се крепам некако.
Како за прв пат после многу години солидно организиран фестивал.
Пристојна цена за превоз + карта + камп =1000 денари. Патем цената ИЗНЕСУВА а не чини 1000 денари, ама неврмајнд, ова со Мими Новинарката го утврдивме уште кога стигнавме на фестивалот
Недостатоци, секако дека имаше, а јас ќе издвојам 3 битни.
1. Организаторот не го монтираше благовремено синема стејџот за да се гледа #svecko и филмови. Додека бев таму никаде не видов бим.
2. Медицинската екипа од Охрид малку време поминуваше на фестивалот. Јас додека крварев никаде ги немаше. После разбрав дека дошле некаде 20 и кусур саатот и си заминале во 6. Во нивно отсуство волонтери од Црвен Крст се справуваа како знаеја и умееја. На запад казни дебели се плаќаат за такви пропусти.
3. Тоалетот во кампот ме потсети на Trainspotting. Оние што го гледале филмот ќе ме сфатат, за останатите да кажам дека беше мноооогу лош.
Е сега за позитивните работи. Значи еден куп млади фини луѓе дојдени за да се забавуваат. Неколку стејџови со неколку видови музика. Малку бед што реге стејџот почна да работи вториот ден, ама се простува
Транс стејџот НЕ ЗАПРЕ
А јас како почитувач на оваа музика ми беше ќејф што шаторот го растегнав блиску, и цело време слушав убава музика
Цените за јадење и пиење беа сосема коректни, барем за нас што живееме во Скопје и сме навикнати на такви цени. Имаше секаква храна, од ладни сендвичи, преку скари до ориенталните јадења во чаи-шопот.
Е сега како јас лично го доживеав Аларм.
Откако ме извисија неколку другарчиња за Аларм сам застанав на паркингот на Дрводекор, и ја најдов Ивана, тазе вратена од Шведска, инаку добра другарка веќе 10 години со која сум бил на миљон дешафки, но не претпоставував дека ќе идеме и на аларм заедно. Стигнавме во кампот Љубаништа заедно со Андреј од Словачка и Маришка од Холандија и решивме да растегнеме шатори блиску до плажа. И тогаш се случи она што ми го поремети целиот фестивал, месеци планирање, горење од желба, и се по ред. Местејќи си го шаторот првото од помошните клинчиња не сакаше да влезе до крај во земја. И како типичен овен во хороскоп, и инает да биде се стегнато по пропис нагазив силно со патиката. Толку силно што клинчето се скрши и преку патиката ми влезе во стапалото. Извадив се надвор, па ја расклопив патиката, и на крај успеав да го извадам клинчето од ногата. Андреј ми залепи фластерче веднаш и ојтидовме да бараме Прва помош. Во флаерот стоеше дека ќе бидат на влезто на кампот, ама беа на плажата. Наместо доктори или сестри не пречекаа волондери од Црвен крст. Ми ја исчистија раната и ми ставија ново фластерче. На прашањето кога ќе има доктори, ми одговорија дека не знаат. Сеуште не стигнале (и додека јас бев таму НИКАДЕ ГИ НЕМАШЕ, освен кога спиев). Енивејз и со дупната нога се движев некако низ фестивалот. Видов многу фини луѓе, многу познаници, кајганџии нови и стари. Патем да им се извинам на едно момче што ме сретна на плажата и едно девојче кај што продаваа бонови, ама не им ги запамтив јузерите на форум. Уште бев под шок од повредата.
Стејџ по стејџ би рекол дека меин стејџ беше квалитетно озвучен и осветлен, само распоредот на изведувачите, не ми иде некако логично, ама неврмајнд. Едино на живци ми иде Слаткар, миљон пати кажа пичка.
Транс стејџот беше коректно уреден, море ТоБ беше, со УВ декор и неонки и сфе ко што треба. Оцена 5/5
Алтернатив стејџот, слушав од време на време некој како се дере таму, хихи
Баш беше алтернатив
Реге стејџот иако беше само една куќарка малечка беше наместен вториот ден. И според мене беше најубав, онака преку ден си лежиш на плажа, слушаш реге, уживанција в Франција, овај Љубаништа.
Како и да е, ноќта ја поминав лежејќи во мојот шатор бидејќи не можев да се движам. т.е. можев ама малку и тоа ми причинуваше болка. Криво ми е што не го гледав настапот на Суперхикс, изведоа и некои нови ствари ако добро ме служи меморијата. После нив ди-џејот кој што беше чуван до крај во тајност сепак беше Славе, и распали Славе со Зајко кокорајко, едно пола минута и замолча, за да се врати со Prodigy-Poison и уште еден куп јуришни траки
Вториот ден, цврсто решен да си одам дома поминав првин до црвен крст со Ивана да побараме да не префрлат до селото барем да чекам автобус, ама им го немаше човекот кој што е овластен да го вози џипот. Ивана праша двајца полицајци да ме префрлат, на што едниот се намести како Тошо у скечот кога Миле ја ограбува менувачницата на Џаџко, т.е. да ме носи на грб. Сфатиф дека се шегуваат и дека од нив нема леб. Охридски џандар да види Скопјанец како умира нема со прст да мрдне. Од организаторот кажаа дека немаат кола и не можат да помогнат. Мошне несериозно од нивна страна, ама ај сефте им е годинава. На крај едни момци од Охрид ме џитнаа до Пештани, од каде со такси до Охрид па со Галеб до Скопје.
Од она што дознав таму дека ќе се случува а не беше претходно најавено, не ја гледав Acid Triple дружината, поточно Горан како оди по пламен и уште некои работи.
Фестивалот од мене добива преодна оценка. Сепак ентузијастички обид на Литиум Рекордс да направат нешто убаво без тоа да чини многу пари.
Љубаништа плажата е навистина прекрасна. Ама инфраструктурата во кампот не ме бендисува. Може многу поубаво да се среди (санитариите пред се), ама сите гледаат да земат пари, никој не сака да инвестира па да чека инвестицијата да му се врати повеќекратно.
Се надевам дека ќе стане редовна манифестација Аларм за природата.
ОМФГ, го заборавив еко моментот. Имаше работилници на кои се правеа чудни работи од она што луѓето го фрлаат. Ќе чекам Новинарка да пише во весникот во кој работи па да ископирам
Спонзорот .one имаше извонреден концепт за да го одржи кампот чист. На влезот на кампот се делеа ќеси за собирање отпадоци. Секој што сакаше да учествува во акцијата зимаше ќеса во која собираше отпад и потоа откако ќе ја наполни ја враќаше назад, а за возврат добиваше маичка, тропалка, свирче и слични подароци.
И сосема на крај
YouTube каналот ТВАларм.