АБА лига 2013/2014

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.998
Поени од реакции
1.283
На српскиoт форум Б92 http://forum.b92.net/topic/67241-aba-liga/page-860 денес се појави и следнава информација:

Makedonci bi jos jedno mesto u ABA ligi, pre svih Kozuv. Vlasnik je uspesan privrednik,bas se pali na kosarku, cak je i sponzor Partizana. Komsije za uzvrat igraju na turniru u Gevgeliji koji oni organizuje pred pocetak sezone. Ima mogucnosti za stabilan i solidan budzet.[DOUBLEPOST=1395060808][/DOUBLEPOST]На српскиoт форум Б92 http://forum.b92.net/topic/67241-aba-liga/page-860 денес се појави и следнава информација:

Makedonci bi jos jedno mesto u ABA ligi, pre svih Kozuv. Vlasnik je uspesan privrednik,bas se pali na kosarku, cak je i sponzor Partizana. Komsije za uzvrat igraju na turniru u Gevgeliji koji oni organizuje pred pocetak sezone. Ima mogucnosti za stabilan i solidan budzet.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ниту Работнички ниту Кожуф нема да играат во АБА лига.Исто како што минатата година пишуваа како ќе се игра Ф4 во Скопје така и овој пат ќе се заврши целата работа,со тоа што ќе остане само на зборење.Работнички иli Кожуф воопшто немаат што да бараат во АБА конкуренција,ќе бидат последни убедливо со дали една, две победи.

Единствената надеж е одкако Солнок ќе се откаже да не им се даде трето место на Словенија ( кое го освоија оваа година али немаат тим реално) и да се организира лига со 12 тима плеј офф и втора лига со две конференции исток и запад.Е тоа е единствената шанса што може да ја имаат Работнички или Кожуф ,а тоа е да играат во втора АБА лига.

Али зошто АБА се ретардирани најверојатно следната година ќе се приклучат тимови од Австрија.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
404
Поени од реакции
1.206
Интересно е новинариве како прават еуфорија без врска. Викендов во нашите медиуми имаше статии од типот „Работнички во АБА“ зашто го виделе Роман Лисац на кафе со Жерновски. И одма приказна. А реалност во сето тоа ниту 5%. Наводните кандидати Кожув и Работнички немаат ни 30% од буџетот на МЗТ кој пак сам по себе не е во топ 10 во АБА лига. Иако на табелата Крка, Олимпија, Солнок и Игокеа се зад МЗТ нивните буџети се поголеми. А се е во парите и маркетингот. МЗТ има договор за 3 сезони и додека не заврши сезоната 2014/2015 нема ни теорија за размислување за втор претставник од Македонија.
До понатаму (барем уште 3-4 години) нашите екипи (освен МЗТ) ќе се тешат со евентуален настап во БИБЛ и по некоја победа со второкласни екипи од БГ, ЦГ и Косово.
 
Q

qazwsxedc

Гостин
Денес мора Цибона да победи против Игокеа,ако сакаме 6 место и Еврокуп у Аеродром следна сезона :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.880
Поени од реакции
116.182
Денес мора Цибона да победи против Игокеа,ако сакаме 6 место и Еврокуп у Аеродром следна сезона :)
Не им треба на МЗТ воопшто тој Еврокуп, од него се само зијан.
 
Q

qazwsxedc

Гостин
Не им треба на МЗТ воопшто тој Еврокуп, од него се само зијан.
Со малце подобар тим и да не биде групата со 1000+ км гостувања од Скопје и тоа како ке биде добар тој Еврокуп...
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
како може да не е добар не е МЗТ некоја си којзнае каква екипа и да има сигурен Ф4 па да се одкаже од него..со добри престави во Еврокуп придобиваат и публика, спонзори и се..примери чисти се Валенсија, Локомотив Кубан, сега Звезда оти не се одкаже? а сигурно има Ф4 во АБА?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
404
Поени од реакции
1.206
Еврокупот е идеален за МЗТ. Ќе требаат 2-3 навистина квалитетни засилувања и повеќе среќа во жребот. Лани наместо почетничка среќа испадна почетнички малер со групата - силни и неатрактивни противници, географски најдалеку што можеше од МКД. Со ростер од 10 играчи во тој период од кои 2-3 редовно повредени, тешко е во 7 дена да играш 3 натпревари, а во меѓувреме да дремеш по аеродроми и да патуваш од Казан преку Фракфурт, Виена и Скопје до Израел.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Чековски и официјално суспендиран еден меч
Ѓорѓи Чековски и дефинитивно ќе го пропушти натпреварот од последното коло на АБА лигата со Раднички Крагуевац в сабота во Скопје поради суспензијата од еден меч за исклучувањето на средбата со Црвена звезда во Белград во саботата.
Центарот на МЗТ Скопје и кошаркарот на „црвено-белите“ Марко Теиќ добија „принуден одмор“ од директорот на лигата Јосип Билиќ за меѓусебното кошкање под кошот на „металците“.
Покрај забраната за настап на својот кошаркар, македонскиот шампион е казнет и парично со вкупно 700 евра, од кои 200 за дисквалификацијата на Чековски и 500 за поднесената пријава од судиите за удирање противнички играч. Идентична казна добија и Звезда и Теиќ.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.880
Поени од реакции
116.182
како може да не е добар не е МЗТ некоја си којзнае каква екипа и да има сигурен Ф4 па да се одкаже од него..со добри престави во Еврокуп придобиваат и публика, спонзори и се..примери чисти се Валенсија, Локомотив Кубан, сега Звезда оти не се одкаже? а сигурно има Ф4 во АБА?
Зашо МЗТ нема доволно финансии за да игра на два фронта, од кои едниот не е македонска лига. Оваа година може изгубија подобар пласман во АБА лигата ради тој Еврокуп и повредите што се случија. У Европкупот имаш екипи од Русија, Турција, Литванија, потребни се пари за патувања, а МЗТ нити има доволно пари нити пак доволно играчи за ротација. Е сеа не знам како се плановите за следната сезона, ама ако буџетот и играчкиот кадар е сличен на овогодинешниот џабе ќе играат Еврокуп доколку се пласираат.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Зашо МЗТ нема доволно финансии за да игра на два фронта, од кои едниот не е македонска лига. Оваа година може изгубија подобар пласман во АБА лигата ради тој Еврокуп и повредите што се случија. У Европкупот имаш екипи од Русија, Турција, Литванија, потребни се пари за патувања, а МЗТ нити има доволно пари нити пак доволно играчи за ротација. Е сеа не знам како се плановите за следната сезона, ама ако буџетот и играчкиот кадар е сличен на овогодинешниот џабе ќе играат Еврокуп доколку се пласираат.
ако тимот му се скапи патувањата на екипата тогаш незнам зошто и ќе постои..од Еврокуп сигурно се добива пари плус што и на домашни натпревари ако си добар и поминеш групи ќе имаш пак група со атрактивни противници и полна сала..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.880
Поени од реакции
116.182
ако тимот му се скапи патувањата на екипата тогаш незнам зошто и ќе постои..од Еврокуп сигурно се добива пари плус што и на домашни натпревари ако си добар и поминеш групи ќе имаш пак група со атрактивни противници и полна сала..
Ама не разбираш дека МЗТ оваа година немаше играчи за ротација па да игра на два фронта... Дали ги гледаше натпреварите од Еврокупот? Значи ко умрени беа играчите на одредени мечеви, башка скоро сите екипи се посилни од нив. Не е целта само да се учествува, него треба и да се победува. Затоа и викам дека џабе ќе го играат ако планираат ко оваа сезона, може само да им наштети за натпреварите во АБА Лигата. Е сеа ако планираат да менуваат нешто од наредна сезона тоа е веќе друга работа.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Ама не разбираш дека МЗТ оваа година немаше играчи за ротација па да игра на два фронта... Дали ги гледаше натпреварите од Еврокупот? Значи ко умрени беа играчите на одредени мечеви, башка скоро сите екипи се посилни од нив. Не е целта само да се учествува, него треба и да се победува. Затоа и викам дека џабе ќе го играат ако планираат ко оваа сезона, може само да им наштети за натпреварите во АБА Лигата. Е сеа ако планираат да менуваат нешто од наредна сезона тоа е веќе друга работа.
сигурно дека ќе сакаат да се натпреваруваат и да се борат за некое место, реално е тоа за Еврокуп за нешто повеќе Ф4 секако немаат никакви шанси..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom