Америка и црнците си имаат своја историја, чии последици се развлекуваат до денешен ден. Класичното ропство е етапа, по чиј крај се развиваат разновидни форми дискриминација. Не се црните исклучок, иако заедно со домородците најмногу го јаделе немиен. Италијанците, Полјаците, Ирците, Евреите, разните латиноамериканци и азијати (Јапонци, Виетнамци, Кинези итн.) и другите добиле дел од колачот.
Неколкувековната подреденост го објаснува нивниот револт, го има формирано и нивниот каков-таков однос кон општеството и кон различните, но притоа, го има формирано и нивниот менталитет. Имаат висока стапка на криминал, секогаш, ама секогаш белиот човек е крив (тој им е вечен должник), склони се кон џаболебарење и „снаоѓање“, а „контрарасизмот“ (хаха) ич не им е туѓ.
Дали се на маргините на општеството? Секако не се сите. Има многу спортисти, пејачи, актери, водители, модели (и женски и машки, во сите набројани категории) кои се црни. Ги има, нешто помалку, и во политиката, па и во науката.
Преходно ги спомнав црните и домородците како најдискриминирани. Заедничко им е тоа што и денес повеќето се составен дел од американската тиња. И нешто друго им е заедничко. И двете популации се сретнале со технолошки поразвиена цивилизација и не успеале да се прилагодат.
Таа неприлагоденост некогаш е трагично очигледна. Дури и кога некој Афроамериканец високо ќе се искачи на општественото скалило невообичаено е склон кон трескање од земја, на еден или на друг начин - О.Џ. Симпсон, Мајкл Џексон (кој побеле од срам што е црн), М. Тајсон, Ајверсон (дел од бројните црни спортисти кои рекордно многу заработуваа и рекордно брзо банкротираа), Весли Снајпс (затајување данок) па Тупак и сета таа рап елита која заврши како што заврши итн.
Секако дека е ужасно убиството на Флојд и дека убиецот треба најстрого да се казни, посебно поради тоа што е дел од спроведувачите на редот. И црните имаат право да бидат револтирани. Но немаат право да се однесуваат како да е ова планетата на мајмуните. Прво, најтешките последици ги сноси население кое не им е криво (а кое ќе има плус причини да не ги поддржи), второ повторно ќе го добијат со камата и ќе завршат како топовско месо, како корисни идиоти во политички игри во кои се најобични пиуни.
На крајот, дискриминацијата за жал, е дел од човечката природа. Лесно е да не дискриминираш одредени групи на други континенти. Но кога се работи за нашата средина, сите ние, во помала или поголема мерка, секогаш или одвреме-навреме, знаеме да бидеме дискриминаторски расположени кон различни групи (религија, национална припадност, полова определба, пол, сексуална ориентација, сиромаштија, психофизичка попреченост, партиска определеност и сл.).