@Тапетарот Петар ,
Мислам истурив доволно камен и цемент на поентата, па да ја шалуваме малку. Пази спинови:
Exibit A:
Овде на ентитетот му покажуваат пример дека психопатите ги интересира само да истресат агресија. Тоа му го укажуваат преку видеоматеријал од скоро идентична случка како онаа по која се организираше мегаколеде во САД. Ентитетот вика дека таа снимка била заташкувана со години, инаку ќе произвела иста реакција. Ако на ентитетот му укажуваш и понатаму дека за случајот се известувало навремено, а за
последиците имало и судски пресуди, се префрламе на
Exibit B:
Без провокација преоѓа на „Ти“. Иако никој не чувствува потреба да крши, пали и убива, затоа што прво разумно чека реакција(отпуштање на психопатите од работа, нивно процесуирање и завршување во казненопоправен дом), тој ентитет прво сам си поставува прашање „а зошто ако вас ве боли дека белецот умрел, вие вака не реагирате“ и после одма си го одговара со „затоа што не ви е гајле“. Никој на ентитетот не му пишал дека палење, кршење и убивање е нормална реакција, тој со ваквиот спин инсистира дека е, оти Антифа, БЛМ и рандом опортунисти редовно вака реагираат, иако не со ваков интензитет, исклучиво кога жртвата е црнец.
Би те замолил, почитуван
@Тапетарот Петар , да забележиш и како се злоупотребува емоција за да се покрие шуплив муабет. Ентитетот вика, солзи рони, се дере дека тоа е болка, тоа е катарза на незатворената рана на дискриминираното население, дека ако го имаше и на, за него, спротивната страна, реакцијата ќе беше со ист интензитет.
*Ја овде ќе направам мала дигресија со онаа прикаскана шо ја напишал некој (мислам) француски патеписец, шо у турско шетал по Македонија со преведувач и стигнал до некое наше село редовно пљачкано и тероризирано од Арнаути. И ги прашал „добро, вие ниту имате оружје, ниту имате како да се одбраните, зошто останувате тука и живеете у сиромаштија, страв, беда...“, па некој селанец му одговорил „ако ние се отселиме, кој ќе ја гледа црквичката, кој ќе пали кандилата, чисти иконите“...
И сега, јас треба на ентитетот да му објаснувам дека не се сите така исковани, не реагираат на неправда со масовно коледе и погибје на народ. Некои плаќаат данок, плаќаат придонеси, знаат дека колективниот имот е подеднакво нивен имот, како и на комшијата и не одат да брусат културно наследство на државата како да е Цар Душан или знамето од Вергина. Ама џабе ќе му објаснувам.
Exibit C:
На ентитетот му пишуваат дека не може на такво масовно коледе со една река крв да не се реагира со ќотек. Држава шо сака да остане држава, мора кога некој и ги руши темелите заради ѕверство од некој психопат, да го спречи таквото рушење. Ама ентитетот не дозволува да се индивидуализира злосторот. Ако стане таков и биде решен институционално, како што бил решен случајот со ѕверски убиениот белец, не може да се повика на спинот и на емоционалниот screech. Ќе мора да блада за ропство, ќе тргне на екскурзија во Хаити, ќе пишува за Робеспјер...