- Член од
- 10 февруари 2008
- Мислења
- 3.947
- Поени од реакции
- 2.060
Малце вон контекст ама да се надоврзам на муабетов:Латас ти е копук над копуците! Тој треба да се пикне во затвор и никад да не испадне.
Темава е отворена од Бугар, гледајте ја прво намерата потоа дискусијата. Си фрлаат по една болва благодарение на копуци како Латас и потоа сеир си фаќаат. Као демек вие за две чрвени кај нас, а кај вас за две тегли ајвар. Ма и две тегли за нивните е многу, за една лажичка.
Вулгарен текст, полн со невистини плус и плагијат на насловна страна. Сега една кривична да им залепат.
Ја многу од денешните "новинари" не ги сметам за новинари. А, Латас? - Латас не го ни сметам за човек.
Не можам да сфатам како на таков човек може да му се даде титула уредник на вести или уредник на дневен весник. Првенствено тоа ти е човек без сопствени идеи, а некој што нема идеи не може да биде уредник. Цело време крадеше идеи од А1, сега тоа го прави од канал5... а, ова со крадење на статии од затворен весник е врвот во неговата кариера, не сакам ни да го дискутирам.
Е сега за темава, многу често сум се карала и во живо и на форумов за тоа како девојките од "провинција" (збор што ужасно ме нервира ) се дојдени во Скопје само да се омажат, а факултетот им е изговор. Од друга страна што се однесува за девојките кои се продаваат за тегла ајвар, тоа е тема која ниеден медиум не би требало да го занима, секој кој решил да "заработува" на тој начин е негово лично право, очигледно има причина за тоа. Ние меѓусебе може да имаме стереотипи и предрасуди и да разговараме на таа тема уз кафе-муабет ама такво нешто да излезе во новина е срамота.