Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Аман, ги искршивме колите. Научивме и слалом да возиме, ама џабе - колку и да имаме стекнато слалом вештини последниве години веќе е залудно, улиците во Скопје се кратер до кратер, избегнуваш една дупка - завршуваш во друга.
Се прикрпува нешто лево десно, ама тоа е залудно. Плус со чкарт материјали се крпи, па за кратко време станува бетер отколку претходно.
Скопските улици како никогаш до сега заслужуваат реконструкција. Не крпење на дупки на улици стари со децении, не ставање некој чкарт слој одозгора кој за една година ќе се раскопа, туку здраво копање и отстранување на распаднатите коловози до нула и целосно нови улици со квалитетни материјали.
Сметам дека токму ова треба да е еден од приоритетите на градот во најскоро време, барем за најпрометните улици и булевари кои сите граѓани ги поминуваме барем два пати во текот на денот. Што мислите вие? И да, ве молам барем оваа тема да не се врти на политика, туку на дискусии од чисто граѓански интерес.