Баш така.
Ако се покултурни луѓето, политичарите нема да можат да ставаат 12цм асфалт, пошто ќе биде лошо за нив. Ако луѓето се покултурни, столбчињата покрај улиците нема да се рушат, ако луѓето се покултурни нема да блокираат улици "кој каде стигне", па целиот сообраќај да го запрат (или да се одвива по една лента наместо по предвидените три).
Ако луѓето се покултурни, нема да ги "снемува" зелените површини и цвеќињата.
Ако луѓето се покултурни нема да даваат гас на пешачки.
Ако луѓето се покултурни нема се затвараат сите улици за да помине некој полуписмен политичар. Ако луѓето се покултурни нема да СМЕЕ никој да си дозволи да ги заебава!
Видиш колку работи ќе се сменат - ако луѓето се покултурни?!
Asphalt included
Многу ја воопшти темава.
Ако луѓето не се сиромашни и не се надеваат на некоја работичка за 200 евра и затоа ги гласаат, ќе има нормални политичари.
Ако политичарите се како што треба, нема да се краде.
Ако не се краде ќе има квалитетен асфалт и нормални улици.
Ако имаме функционална сообраќајна полиција, ќе се казнуваат тие што блокираат сообраќај.
Ако има нормални улици и паркинзи, луѓето ќе возат нормално и нема да паркираат на зелени површини.
Ако има добро конструирани улици и добро темпирани семафори, нема да се создава гужва и ќе може да се вози по три ленти.
Ако има семафори со нормално време за поминување на пешаците (не 3 секунди кои бараат да бидеш Флеш за да поминеш додека е зелено), нема да претрчуваат секаде пешаците и нема да ги нервираат возачите па да даваат гас на пешачки.
Многу "ако" во текстов некако, а, чудо, ниедно нема директна поврзаност со квалитетот на асфалтот и ниедно нема реална шанса да биде исполнето.
Да се вратиме на квалитетот на асфалтот и да се држиме до реалноста.
Ниту ние ќе станеме покултурни, ниту културата има врска со дупките на улиците кои не се поправаат.