Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
D

Dynamo

Гостин
А студентите дали сакаат да има вакви тестови??Нив никој не ги прашува??Треба да дадаст на гласање а не вака што сакаат си вметнуваат.
 
M

macgowan

Гостин
Уште едно од низата е.ања од центарот за глупости на нашите владетели.
Деца, стегајте заби и палете патики од оваа волкопрцачина!
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.085
А главниот проблем кам никој не го спомнува.Прво нека ги средат основното а посебно средното образование па потоа факултетите.Кога услов да те примат во средно е националост а не пред знаењата што се под нивна капа ќе се мешат во независноста на универзитетите.Куќа колку знам се гради од темел па до кров а не од кровот па до темелот.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
додека македонецот создава нов примитивизам јапонецот твори и создава ИДНИНА

 
Член од
11 мај 2013
Мислења
576
Поени од реакции
731
Читав погоре, кој навистина учел немало да има проблеми за полагање на ова „државниов испит“. Па добро бе,да бидеме реални..дали ти кога ќе завршиш еве на пример 2ра година,се сеќаваш на нешто што си учел во прва година? На поосновните работи,да можеби..меѓутоа не е тоа тоа. Завршуваш 4та година..и треба да полагаш еве ако си на електро, дигитални телекомуникации 1 и 2, математика 3, електроника и ред друго,зависи кој како. Дали ќе си способен да го пројдеш целиот тој материјал во рокот што ќе ти го дадат,а не верувам дека ќе биде повеќе од недела дена..Ти си трошел по недела дена,или повеќе за да го спремиш испитот..и на крај доаѓаш 4та година,го полагаш ова чудо и ти вика ааа џабе ти се парите тебе што си ги дал, не те бива за факултет..И ако биде на заокружување ќе има некој што ќе му се посреќи..а врска нема од материјалот,ќе помине,а ти зашто не ти текнувало моментално на прашањето нема да пројдеш.
ГЛУПОСТИ.
Ако навистина сакаат да го поправат образованието,ете високото..нека воведат само приемни за на факултет,а не они според матура не рангираат и успех од средно,а да бидеме реални матурата ,барем македонски е да не речам за дебили,даден текст и прашања од него,што правевме и во второ одделение.
Тој не знае името да го напише, па ќе соли памет тука за завршување на факултет.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Не гледам ништо лошо во ова. Сакаат студентите што подобро да ги спремат за работа во странство (y)
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Се коси со здрав разум, од повеќе причини:

1) Државата не ги финансира факултетите (конкретно, УКИМ) (или ги финансира делумно со тенденција на константно намалување), но сака да раководи со нив.
2) Материјалот на ниво на универзитет е определен внатрешно (не е на државно ниво, не е стандардизиран) - не постои начин рамномерно да се испитаат студентите.
3) Тестовите евентуално би морало професори да ги прегледуваат (конкретно, in the hard sciences, друг *нема капацитет* да ги прегледува; доаѓаме до состојба
каде што истиот професор два пати прегледува ист студент, без потреба)

С`е се сведува на пари: ние немаме конкурентни универзитети бидејќи не се платени соодветно професорите. Асистентите се користат за експлоатација, во најголемиот
дел случаи. И тие не се платени соодветно. Тоа, освен што повлекува нездраво однесување, доведува и до намалување на квалитетот што подоцна се рефлектира, итн. и тоа е циклично и крај нема.

Друго, најголем дел од работите што се учат на факултет се беспотребни.
Студирањето се сведе на бизнис, каде што знаењето е на последно место по значење, ако воопшто има место, а бирократијата на прво..
Идеално би било од силни генерации да излегуваат уште посилни. Контрадикторно е спротивното - што кај нас се случува.

Што е решението? Нема понудено одговор никој, но ова не е.

На мислење сум дека е бизнис идеја ова, а не обид за филтрирање на силни студенти. Да замислиме дека не е така и дека се обидуваат на овој начин да го подобрат образованието. Како е можно да некој мисли дека еден тест ќе го реши проблемот што веќе го направија со отворање на *државни* универзитети насекаде во држава од 2mil. и приватни факултети што се катастрофа, што имаат ценовник за купување дипломи, итн.?

Воведоа толку рестрикции на работни места со тие факултети што најголем дел од тие што студираат *НЕ САКААТ* да студираат, а се приврзани.
Комплетно е погрешно сфатено учењето и образованието кај нас. Не може да ми текне каде во моментов, но има работни места (државни) каде што бараат „факултетска диплома, не е важно која“. Барам момент на тишина од самата малоумност на тоа..

На факултет треба да одат луѓе што ги интересира наука, но не како обичниот/просечен човек кому средно му е доволно.

Дали некој верува дека постои нација што има 98%-капацитетна младина за студирање?

Нешто друго: колку од тоа што е на факултет учено подоцна ќе се искористи во реален живот? Ако сте фер и чесни, ќе забележите дека е *многу* малку.
Ова важи и за т.н. електраши, покрај тоа што важи тривијално за студенти од правен/економски/итн.: повеќето работи што се користат (на работно место) се шаблон кој се изучува можеби за неколку месеци активна пракса. Значи, тогаш факултет би било место каде што би учеле тие што ги интересира наука as is, во повисоки теоретски рамки, итн. Сепак мора да се задржи некоја граница на учењето и би требало да се вика „високо“ образование, со причина.

Проблемите со препишување/слаб квалитет на студенти/„снаоѓање“ со експлоатаија на ЕКТС/... доаѓаат од тоа што државата, на еден или друг начин, ги примора скоро сите да се запишат на факултет. Сите *не се* за студирање на факултет. Тоа не треба да е навредливо, тоа е едноставно факт. (никој не е за се / не се сите за се)
Во тие *сите* се вбројани и луѓе што се решиле да завршат, а немаат соодветни работни навики, ментален капацитет и дисциплина.. тие ќе мора да се потпрат на нивни други карактеристики: полтронство, проникливост, мамење што е некако и очекувано, итн.

И така се манефестира проблемот од разни агли.. а доаѓа од еден корен: ПОГРЕШНО Е СФАТЕНО ЗНАЧЕЊЕТО НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
Фундаментална грешка и натака само проблеми ќе носи.


Инаку, некогаш можеби работите се како што личат: уште една алатка за воспоставување контрола.

Контрола, контрола, контрола и контрола над таа контрола ...

Нема што да те уверувам, директно ќе ти кажам, нема да им се придружам. Зошто би им се придружил? Законот не е во конфликт со моите лични интереси, ниту се осеќам загрозено од истиот.
Тоа важи за секој протест и сите групи и секој поединец во секоја група може да го каже тоа. Ќе испадне дека секој протест ќе се однесува на 50 луѓе и толку. И после ќе напоменат: „слушај дечки, добри сте и се тоа, само 50 души сте.. нема интерес.“
И ќе бидат во право. Затоа, ако гледаш дека комшијата две улици подолу го стрелаат, па една улица подолу го стрелаат, па тој на две куќи до тебе го стрелаат... па тој до тебе го стрелаат..
знаеш дека можеби има шанси и тебе да те стрелаат.. Исто можеш да си кажеш: не ме утепаа мене, друг утепаа.. не е во конфликт со моите интереси.
...

Кои идни генерации, која земја? Зошто?
Се е премногу едноставно. Ако не сте успеале да си ги поедноставите работите до сега, да пробам јас на мој начин.
Се е небитно.
Како после толку масовни илузии, ширење пропаганди, и класично играње курташак со сите нас, сеуште при срце ги земате сите новости и одлуки?
Се е премногу едноставно. 2 се крајните решенија, кои сите ги знаеме.
Од кога ќе ја донесеш одлуката за својата иднина, иде делот кога се реализира. Се пропатно е небитно. Апсолутно небитно.
Почнувајќи од античкото во нас, металците кои се насилни и вонземјаните во Охрид, полагање на истите испити 10 пати, се е апсолутно небитно. Ако ги анализираш сите одлуки донесени во изминативе години, ќе дојдеш до заклучок дека се неверојатно глупи и на многу полиња буквално те ебат, а после извесно време, ако си паметен ќе прекинеш да анализираш. Зошто? Пошто не вреди.
Да, секоја измена има огромно директно влијание врз нас, ама го ставаш тоа во групата "препреки до целта" и воопшто не ги прифаќаш емоционално промените.
Егзистенционалното прашање ни е загрозено, а се замарате со глупости. Егзистенцијата ни зависи од нив, ако не директно мојот леб, сигурно имам некој близок што зависи од нив. По некоја случајност да си утнат од системот, треба да ти станало јасно дека доволно луѓе ги нема утнато системот, доволно за системот да се одржува во живот. Не гласајте, дигнете бунт, револуција? Критична маса? Докогабевака? Сериозно? Моменталниов систем ќе се распадне единствено кога ќе се самоуништи, не може да се победи. Ќе чекаш да се самоуништи или ќе си отидеш пред да се случи тоа.
Може да се дигне револуција во секој случај, може да се проба. Би изгледала нешто ко битката на Дон Кихот со ветерниците, ама тоа не би требало да ги спречува јунаците да се истакнат на дело. Од толку идиоти во државава, ниеден јунак нема што сака да се испише во историјата. Смешно е колку многу сме пропаднати, за на сите да ни е јасно дека треба да си тежок идиот за да пробаш да промениш нешто во оваа држава, дури и на идиотите им е тоа јасно. (мада повеќето јунаци не им е дадено шансата да направат "глупост" и веќе им е дадено членство, што е на некој начин генијално)
Ќе ти зимаат данок за секоја тезга што ја работи на страна, океј, јеби га, ќе зимаат дур не си отидам. Секое ударање во гради, ти ебе матер. Еднаш мора да се прекине да се размислува за борба, и да се откажеш од носењето правда. Водење на борба во која знаеш каков ќе биде епилогот е од моја (пичкарска) гледна точка глупо. Себичен сум, пошто еден живот имам (за ова тотално одговара јоло фазонот :icon_lol:), да имав повеќе можда и би искоцкал по некој. Колку помалце време губиш на скроз безсмислени работи, толку повеќе време ти останува да ја исполниш целта што си ја зацртал. Ова го пишувам пошто на повеќето тука ни е целта да си отидеме некаде. Наместете ги приоритетите спрема целта која што треба да се оствари, и без емоции пречекувајте ги предизвиците, инаку здравје се губи. Ако е целта да си министер, лижи гзови, не учи факултет, или што ти ја знам, најди друг пат за да си ја оствариш целта, не осудувам апсолутно никој. Кој каква цел си зацртал нека си ја оствари, само нека не игра глупо дур ја остварува. Треба да си глуп да гледаш "за општо добро" во оваа држава полна идиоти. Исклучиво само ако си себичен успеваш, и за да си одиш треба да си себичен, нема да им помогнеш на другарите во борбата против "злото".
Премногу ствари ми се класифицирани како "не битни", и пробувам да се насочнам у смерот што мислам дека е правилниот, без притоа да ме погаѓаат вакви досадни и едно-те-исто вести. Ќе ви кажам за некоја година дали сум успеал :icon_lol:
Скоро бесконечно малоумен пост. Ова е тоа кога ќе те скршат, преполоват. Системот е во право. 5=2+2. Ја предаде Џулија и го засака Братот..
 
K

Kacar

Гостин
ОВА НА ОВОЈ ЕКСТРЕМИСТОВ НЕМА ДА МУ ПОМИНЕ ВО МАКЕДОНИЈА ! ИМА ДА ИМА ШТРАЈК !!!!!
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ова треба да се спроведе на факултети како што се економски,правен,филозофски и слични факултети во полето на општствени науки(во превод лесни факултети каде што оцени знаеме како се добиваат).Меѓутоа некој од финки/електро,медицина ,фармација да полага е во најмала рака бесмислено.Тежината на предметите на овие факултети е далеку потешка од претходно споменатите.Така,да идејава е класично промашување.Неизводливо е студент на финки/електро да спреми одново 6-7 математика и куп програмски јазици.
Епа како е тогаш изводливо тие од општествените факултети да спремат 18+ предмети?Под ова лесно кога го кажуваш ме асоцираш на човек кој без проблем би го завршил факултетот со 10.00.Да беше лесно немаше да се исчистам 50% од студентите уште во први семестри.Значи јас не викам дека општествените се потешки од природниве али ме нервира некој што државниве општествени факултети ги става на исто рамниште на ФОН.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ова треба да се спроведе на факултети како што се економски,правен,филозофски и слични факултети во полето на општствени науки(во превод лесни факултети каде што оцени знаеме како се добиваат).Меѓутоа некој од финки/електро,медицина ,фармација да полага е во најмала рака бесмислено.Тежината на предметите на овие факултети е далеку потешка од претходно споменатите.Така,да идејава е класично промашување.Неизводливо е студент на финки/електро да спреми одново 6-7 математика и куп програмски јазици.
Ај кажи сите да дознаеме
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.974
Поени од реакции
12.518
Абе многу вицкаст ти бе..како можеш да заборавиш математика и програмски јазици?Утре на работа кога ќе идеш ќе викаш шефе чеј да повторам калкулус два незнам како да ја извршам операцијава?А јас на правен ќе треба да ја барам секоја ебана законска промена што се случила од она што сум го учел коа сум полагал до денот на испитот абе ајде..Ако ти дала корпа некоја колешка од правен немора да лечиш фрустрации против цела наука.Чист пример братучед ми заврши машински мехатроника,типот повеќе беше пијан него трезен,али му фаќа кликерот математика,физика и си го ладеше цел факс.И сеа треба да значи дека е лесен факултетот?Се извинувам за оф-топик али неможам да не одговорам на вакви шупаци.
Прашај кој било студент од електро/машински/финки, секој знае да ти реши интеграл или извод. Тоа е она што може и ќе ми притреба некогаш. Ама покрај делот со задачи, ние по секој предмет имаме и дел со теорија што изгледа некако вака

Ова е работа шо се учи за да се положи, а не за да се научи.И замисли сеа по 4 математики да се навраќам јас да ги учам теорииве. Нема шанси, ќе си земам куферите и ајт.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Замисли оние маратонци трчале 50 км. и на 25-от км. од организација им велат ај вратете се од почеток, ние не видовме како трчавте...



Имаш 90 и кусур проценти запишани на факс или со завршен факултет, а факултетите ни се рангирани на ниво на Камбоџа и Лесото.Пракса нула, теорија и книги ‘из бивше државе‘.Крива е Паланка.
 
Последно уредено:

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.165
Поени од реакции
1.141
Извини ама од кај заклучи демек ФИНКИ ги имал многу спуштено критериумите ? Затоа што некој успеал да полага друг за него ? WOWOWOW. Дека тоа нели, никогаш порано не се случило и на ниеден друг факултет така ?
Тоа што пролазната рата на студентите на тие потешките предмети е 15-20%, тоа секако нема врска нели ? Треба 1% да биде. Треба сите да паѓаат. Па уште кога некој ќе спореди ФЕИТ и ФИНКИ (нели се различни факултети, по правило не се споредуваат, но ете, имаме некои заеднички предмети ) и ќе каже дека на ФИНКИ "полесно" било, едноставно ќе го замолам да земе и да полага програмирање на ФЕИТ и после истите предмети на ФИНКИ, еве Алгоритми на пример.
И според тебе колку време ќе му треба на студент, кој ете се учел и разбрал, да се "потсети" на 20 предмети што ги положил ?

Иначе кога више стана збор за оценувањето, јас не знам како е можно на некој факултет да положиш со семинарски и домашни, ама кај нас и сите поени да ги имаш од домашни/семинарски не можеш да го положиш предметот без минимум по 50% од двата колоквиуми или 50% од испит. Некаде е 50, некаде 55, некаде 60.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
2
Ај кажи сите да дознаеме[/q
Она што го зборувам е од лично искуство.Брат ми е на правен,човекот не е многу многу по учењето,но и самиот кажува дека за 6-ка трудот кој треба да го вложиш е минимален.Сведок сум на луѓе од моја генерација кои две чисти немаа во глава,едвај со 2-ки поминуваа сега чистат на економски и правен.Додека оние одличните,кои беа исклучително квалитетни во сите области(не само математика)мака мачат на факуллтети како финки и медицина.Тарифата за 6-ка на правен кај секој професор се знае.На економски исто.Другарче си плати сега(цена нема да наведувам),бидејќи го мрзело да учи а не сака да го остави преку лето.Е сега тебе да те прашам,знаеш ли колкав труд треба да вложи човек за една 6-ка математика на финки?Па татко ми е профсор на градежен и гледам дека додека земеш оценка господ ќе го видиш.Треба да полагаш теорија(математичка за конструкции),задачи и дури на крај самостојно проект кој е страшно захтевен и одзема многу време.И сега неписмена раја во владата,уште ќе ги тестира овие луѓе на кои маста им ја извадиле,и тоа пази по секој предмет.Генерално идејава е лоша и не треба да се примени на ниеден факултет а не па на финки/електро,медицина.Поентата за мојот револт е како дебили успеваат да положат на правен и еконмски дали со платени оцени,дали со препишување.Врските се доминанти на правен и не може никој да ме разубеди во тоа.Ако сакаат ревизија и некаква контрола нека одат да спроведат таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom