- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.059
- Поени од реакции
- 74.687
Воведуваат нови програми, демек да сме биле во чекор со образованието во земјите од ЕУ, а не размислуваат во насока на тоа што нема никаков квалитет на образование.
При апликацијата за скоро секое работно место потребна ти е диплома за завршено високо образование, па самото тоа налага и шуто и сакато да запишува факултет. Не секој е за на факултет, всушност едно 80% од тие што се запишуваат реално немаат капацитет, ниту волја да завршат факултет.
Ама се запишале затоа што така им барале од дома, а од дома барањата биле такви затоа што секој родител е загрижен за своето дете и знае дека без диплома нема ни да има некаква шанса детето да му најде подобро платена работа. Од друга страна никаква диплома не ти гарантира дека ќе најдеш работа, но факт е дека е потребен услов за подобрите работни места, барем според огласите на компаниите.
Запишувањето факултет државата го гледа како огромен извор на пари од студентите, па затоа се форсира муабетот дека без факултет си никој и ништо.
Каков е квалитетот на наставата на факултетите?
Каков е квалитетот на наставата во средните школи?
Каков е квалитетот на наставата во основните школи?
Едно дете својата работна навика треба да ја стекне уште во основно школо и тоа е еден витален дел од животот во кој што треба да добие навика за учење и желба за надоградување на знаењето. Македонија има голем проблем што основните и средните школи се длабоко партизирани и институции зависни од партија. Срамота е на вакви професии кои ќе ги ставам во ранг на професиите кои имаат многу голема одговорност (лекарите пред се), да се вработуваат несоодветни луѓе.
Срамота е да се вработува некој само затоа што е член на одредена политичка опција, срамота е истиот тој понатаму да робува на оние кои го вработиле, да мора да пишува оценки по директива, да мора да посетува митинзи на партиите. Срамота е да се вработува неквалификуван кадар, нешто што во последно време е презастапено во основните и средните училишта.
Квалитетот на предавањата и начинот на оценување забележува вртоглав пад од времето кога јас сум завршил средно (а тоа не било толку одамна) до сега, а да не правиме споредби од времето кога нашите родители биле средношколци.
Материјалот за основно и средно е УЖАСЕН. Самите Професори кои ги пишувале книгите нема да можат да го сфатат материјалот, а да не правиме муабет за деца кои прв пат се среќаваат со таква материја. Дефиниции преведени од странски речник, дефиниции кои освен на памет, нема како да ги научиш поинаку или да ги раскажеш со свои зборови, бидејќи најчесто се напишани со терминологија која е несоодветна за соодветната школска генерација.
Зошто е тоа така?
Секој Професор би сакал да издаде книга, со што би добил повеќе пари, но само некои од нив ја добиваат таа привилегија, одново по заслуга на партиски дејности.
Наместо да се засрамат за нивната не посветеност, особено што ја добиле таа привилегија да направат книга, они тоа си го сфаќаат многу лежерно и воглавно книгите ги составуваат со тоа што ќе им дадат на студентите да прават семинари во кои ќе преведуваат одредена странска литература и потоа истиот тој труд ќе го склопат во едно и ќе го претстават како нивно дело.
Вината тука е кај самите професори, доколку не си способен, подобро не се ни пријавувај за пишување и издавање книги од кои некој потоа ќе си ја тупи главата за да учи...
Комбинацијата од несоодветна литература и професори кои незнаат да го пренесат своето знаење е комбинацијата од најлош вид. Да се разбереме, добар професор е оној кој измислува практични начини со кои полесно ќе им го пренесе знаењето на учениците, џабе е доколку некој има огромно знаење, а само си предава колку да предаде без притоа да му е гајле дали некој научил или не. Ова е главниот проблем во нашето образование, НЕ КРЕАТИВНИ ПРОФЕСОРИ, ПРОФЕСОРИ БЕЗ ЖЕЛБА ДА ГО ПРЕНЕСАТ ЗНАЕЊЕТО итн.
Ова се комбинира со се послабите генерации кои доаѓаат. Послабите генерации доаѓаат како резултат на многу лошото воспитување од дома. Пола од децата имаат родители кои мислат дека децата треба цело образование да го истуркаат со врски. Зошто тогаш би се мачел некој да учи, доколку тате може да му фати врски и во времето кога ќе треба да учи, може да прави нешто позабавно?
Децата се однесуваат се понекултурно и понекултурно на часовите, професорите не може да воспостават ред на предавањата, па доколку некогаш постапат понервозно, веднаш би биле казнети за пречекорување на правилата, додека за учениците реално нема никакви казни.
Затоа самите професори кои патем во најголем дел од случаевите ужасно го предале материјалот доаѓаат до проблем на тестовите да мораат да даваат најосновни прашања за да бидат извадени позитивни оценки.
Ако на времето по математика во Корчагин на тест ни паѓале задачи од некоја Руска збирка и тоа со ѕвездички, сега на тестови даваат задачи од учебник кои ние ни на час не сме ги вежбале, и повторно успехот на учениците е послаб отколку во наше време. Е до толку е паднат квалитетот на наставата, со заминувањето во пензија на професорите од постарите генерации кои биле авторитет и кај кои не можело да се помине со врски
Покрај ова мора да споменам дека родителите прават од своите деца ПАРАЗИТИ.
Замислете, во поново време е се попопуларно родителот да ја учи лекцијата и потоа да му ја раскажува на детето. Си замислувам татко ми да учел историја или биологија место мене и потоа да ми ги раскажувал лекциите, или да читал лектири и потоа да ми ги раскажуа
Ги праќаат на приватни часови по секој можен предмет англиски, француски, германски, математика, физика, хемија, а има такви што ги праќаат децата и на часови по биологија, историја, географија... Во моја населба имаше случај каде што едно девојче имаше часови по сите предмети, а за тоа нејзините родители плаќаа по 7000 неделно...
Родители од ваков тип, родители кои ги учат децата дека треба да просперираат преку фаќање врски, слаби професори и неквалификуван кадар, притисок од партија поради тоа што се вработиле преку партија и сега мора да пишуваат оцени по директива, застарен материјал, не практична настава, се тоа придонесува да имаме неквалитетно образование, оценки на лепе очи кои воопшто не се мерило за тоа колку е КВАЛИТЕТЕН еден ученик итн.
На факултет има и други проблеми како нередовност на професорите, ноншалантно предавање т.ш. читаат само теорија од проектори, потоа полагање т.ш. се вртат едни исти прашања па 90% од студентите место да учат, само ќе си ги најдат прашањата и ќе препишат на колоквиуми, студенти на кои главна цел им е да положат, а не да научат итн.
Никогаш не ми било мотивирачки да учам по оние предмети за кои сум знаел дека се вртат едни исти прашања и дека никаков напор не ми треба за да положам. На моја среќа на прсти се броеле такви предмети кај мене на факс, па затоа имам добар просек, бидејќи само по тие предмети имам 7-ци, а по тие што барале здраво учење секогаш сум имал оцени над 8...
Затоа не признавам факултети како економски на пример
Освен некои 10% посто од студентите, другото е трагедија невидена, а уште посмешно е што мислат дека којзнае какво знаење стекнале во текот на студиите во кои 95% од предметите ги положиле со готови прашања кои опфаќаат 5% од материјалот. Дај им некој пологички прашања, 5 души нема да положат Ебате факултетите кај што нема бар по некој предмет усно испрашување, да те крене на табла, да се сереш од страв кога ќе треба да одговараш
Со новата Кембриџ програма учебниците за најмалите се направени на ретард левел, а од друга страна се напишани на терминологија неразбирлива за повеќето од нивна возраст. Со забраната за користење на збирки за задачи и слични потези уште толку го дотепаа образованието.
И конечно да бидам малце он топик, најголеми губитници во ова наше образование и општество се талентираните ученици. Како прво нивниот труд не доволно се вреднува со оглед на тоа што некои други што имаат врски или препишувале (а ги има во преголем број) ќе имаат исти или поголеми оценки од оние кои учеле и биле под стрес цело време. Второ кога ќе завршат факс, уште толку се разочаруваат затоа што во државава нема да најдат соодветна работа. Со ништо образовниот систем не те мотивира да се надоградуваш. Од финансиски аспект не вреди, бидејќи со парите кои би ги дал за докторати и слични ствари, ќе отидеш ќе чистиш вециња во САД и ќе заработиш 200 пати повеќе пари. Од научен аспект можеш да си се мотивираш чисто ради себе и своеволно да се надоградуваш за лична сатисфакција, бидејќи на постдипломски и докторски студии единствено нешто што може да добиеш е материјали за учење (најчесто на странски јазик и сам да си се подучуваш), освен ако немаш некој ментор кој стварно ќе сака да работи со тебе, а нема да те гледа само како некој од кој ќе добие одредена сума на пари.
Како капак на цела оваа приказна министерството сака да го воведе ова глупаво тестирање
Да, нека го воведат ама нека биде фер и коректно, а не истите тие кур дрват 4 години и положуваат со врски да ги добијат прашањата пред време, а истите оние кои живци искинале учејќи, да се тресат на денот на испитот дали ќе положат или не.
Да се разбереме никој не може да е способен за секој предмет во една студиска програма Убаво е ако некој се специјализира во одредено подрачје, но нормално е да има предмети од соодветната студиска порграма кои ќе му бидат проблем.
И што? Демек со тие студии ќе направеле некоја селекција на способни студенти и преваранти? Баш повеќе ќе го продлабочат проблемот по ова прашање, затоа што колку што се неспособни, ќе имаат и неспособна реализација на овој проект.
Каков хаос владее тие не знаат за средно да состават прашања каде што материјалот е ист за сите средни училишта, а камоли за милион различни области на студирање
Нека земат цел образовен систем да го променат од корен, да го исфрлат тој застарен теоретски материјал кој се учи по факултетите, задолжително да вметнат практичен дел во самата настава, а не вакви дебилски мерки да превземаат. Задолжителната пракса истотака им е тотална утка, а донекаде овде се криви и самите студенти. Доволно е само да земат потпис дека оделе на пракса и толку. Кога не им е задолжително никој не се претегнува да губи време за нешто такво. А и реално ретки се тие што ќе ти посветат внимание на праксата. Џабе е да одиш на пракса, доколку место да те воведат во работата, ќе ти дадат еден куп документи за средување и ќе им ја средуваш архивата...
Дури не се направат ваквите промени, ќе имаме неамбициозни студенти чија животна цел е да се начукаат секој викенд, студенти кои со разни превари дошле до дипломи и потоа ќе кукаат како нема работа, ќе исчезнуваат одредени професии за кои не треба факултет, само затоа што никој со диплома не е будала да ги работи итн.

Последно уредено: