Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.622
Поени од реакции
70.301
Воведуваат нови програми, демек да сме биле во чекор со образованието во земјите од ЕУ, а не размислуваат во насока на тоа што нема никаков квалитет на образование.

При апликацијата за скоро секое работно место потребна ти е диплома за завршено високо образование, па самото тоа налага и шуто и сакато да запишува факултет. Не секој е за на факултет, всушност едно 80% од тие што се запишуваат реално немаат капацитет, ниту волја да завршат факултет.
Ама се запишале затоа што така им барале од дома, а од дома барањата биле такви затоа што секој родител е загрижен за своето дете и знае дека без диплома нема ни да има некаква шанса детето да му најде подобро платена работа. Од друга страна никаква диплома не ти гарантира дека ќе најдеш работа, но факт е дека е потребен услов за подобрите работни места, барем според огласите на компаниите.
Запишувањето факултет државата го гледа како огромен извор на пари од студентите, па затоа се форсира муабетот дека без факултет си никој и ништо.
Каков е квалитетот на наставата на факултетите?
Каков е квалитетот на наставата во средните школи?
Каков е квалитетот на наставата во основните школи?

Едно дете својата работна навика треба да ја стекне уште во основно школо и тоа е еден витален дел од животот во кој што треба да добие навика за учење и желба за надоградување на знаењето. Македонија има голем проблем што основните и средните школи се длабоко партизирани и институции зависни од партија. Срамота е на вакви професии кои ќе ги ставам во ранг на професиите кои имаат многу голема одговорност (лекарите пред се), да се вработуваат несоодветни луѓе.
Срамота е да се вработува некој само затоа што е член на одредена политичка опција, срамота е истиот тој понатаму да робува на оние кои го вработиле, да мора да пишува оценки по директива, да мора да посетува митинзи на партиите. Срамота е да се вработува неквалификуван кадар, нешто што во последно време е презастапено во основните и средните училишта.

Квалитетот на предавањата и начинот на оценување забележува вртоглав пад од времето кога јас сум завршил средно (а тоа не било толку одамна) до сега, а да не правиме споредби од времето кога нашите родители биле средношколци.
Материјалот за основно и средно е УЖАСЕН. Самите Професори кои ги пишувале книгите нема да можат да го сфатат материјалот, а да не правиме муабет за деца кои прв пат се среќаваат со таква материја. Дефиниции преведени од странски речник, дефиниции кои освен на памет, нема како да ги научиш поинаку или да ги раскажеш со свои зборови, бидејќи најчесто се напишани со терминологија која е несоодветна за соодветната школска генерација.
Зошто е тоа така?
Секој Професор би сакал да издаде книга, со што би добил повеќе пари, но само некои од нив ја добиваат таа привилегија, одново по заслуга на партиски дејности.
Наместо да се засрамат за нивната не посветеност, особено што ја добиле таа привилегија да направат книга, они тоа си го сфаќаат многу лежерно и воглавно книгите ги составуваат со тоа што ќе им дадат на студентите да прават семинари во кои ќе преведуваат одредена странска литература и потоа истиот тој труд ќе го склопат во едно и ќе го претстават како нивно дело.
Вината тука е кај самите професори, доколку не си способен, подобро не се ни пријавувај за пишување и издавање книги од кои некој потоа ќе си ја тупи главата за да учи...

Комбинацијата од несоодветна литература и професори кои незнаат да го пренесат своето знаење е комбинацијата од најлош вид. Да се разбереме, добар професор е оној кој измислува практични начини со кои полесно ќе им го пренесе знаењето на учениците, џабе е доколку некој има огромно знаење, а само си предава колку да предаде без притоа да му е гајле дали некој научил или не. Ова е главниот проблем во нашето образование, НЕ КРЕАТИВНИ ПРОФЕСОРИ, ПРОФЕСОРИ БЕЗ ЖЕЛБА ДА ГО ПРЕНЕСАТ ЗНАЕЊЕТО итн.

Ова се комбинира со се послабите генерации кои доаѓаат. Послабите генерации доаѓаат како резултат на многу лошото воспитување од дома. Пола од децата имаат родители кои мислат дека децата треба цело образование да го истуркаат со врски. Зошто тогаш би се мачел некој да учи, доколку тате може да му фати врски и во времето кога ќе треба да учи, може да прави нешто позабавно?
Децата се однесуваат се понекултурно и понекултурно на часовите, професорите не може да воспостават ред на предавањата, па доколку некогаш постапат понервозно, веднаш би биле казнети за пречекорување на правилата, додека за учениците реално нема никакви казни.

Затоа самите професори кои патем во најголем дел од случаевите ужасно го предале материјалот доаѓаат до проблем на тестовите да мораат да даваат најосновни прашања за да бидат извадени позитивни оценки.

Ако на времето по математика во Корчагин на тест ни паѓале задачи од некоја Руска збирка и тоа со ѕвездички, сега на тестови даваат задачи од учебник кои ние ни на час не сме ги вежбале, и повторно успехот на учениците е послаб отколку во наше време. Е до толку е паднат квалитетот на наставата, со заминувањето во пензија на професорите од постарите генерации кои биле авторитет и кај кои не можело да се помине со врски :)

Покрај ова мора да споменам дека родителите прават од своите деца ПАРАЗИТИ.
Замислете, во поново време е се попопуларно родителот да ја учи лекцијата и потоа да му ја раскажува на детето. Си замислувам татко ми да учел историја или биологија место мене и потоа да ми ги раскажувал лекциите, или да читал лектири и потоа да ми ги раскажуа :facepalm:
Ги праќаат на приватни часови по секој можен предмет англиски, француски, германски, математика, физика, хемија, а има такви што ги праќаат децата и на часови по биологија, историја, географија... Во моја населба имаше случај каде што едно девојче имаше часови по сите предмети, а за тоа нејзините родители плаќаа по 7000 неделно...

Родители од ваков тип, родители кои ги учат децата дека треба да просперираат преку фаќање врски, слаби професори и неквалификуван кадар, притисок од партија поради тоа што се вработиле преку партија и сега мора да пишуваат оцени по директива, застарен материјал, не практична настава, се тоа придонесува да имаме неквалитетно образование, оценки на лепе очи кои воопшто не се мерило за тоа колку е КВАЛИТЕТЕН еден ученик итн.
На факултет има и други проблеми како нередовност на професорите, ноншалантно предавање т.ш. читаат само теорија од проектори, потоа полагање т.ш. се вртат едни исти прашања па 90% од студентите место да учат, само ќе си ги најдат прашањата и ќе препишат на колоквиуми, студенти на кои главна цел им е да положат, а не да научат итн.
Никогаш не ми било мотивирачки да учам по оние предмети за кои сум знаел дека се вртат едни исти прашања и дека никаков напор не ми треба за да положам. На моја среќа на прсти се броеле такви предмети кај мене на факс, па затоа имам добар просек, бидејќи само по тие предмети имам 7-ци, а по тие што барале здраво учење секогаш сум имал оцени над 8...:LOL:
Затоа не признавам факултети како економски на пример :)
Освен некои 10% посто од студентите, другото е трагедија невидена, а уште посмешно е што мислат дека којзнае какво знаење стекнале во текот на студиите во кои 95% од предметите ги положиле со готови прашања кои опфаќаат 5% од материјалот. Дај им некој пологички прашања, 5 души нема да положат :icon_mrgr: Ебате факултетите кај што нема бар по некој предмет усно испрашување, да те крене на табла, да се сереш од страв кога ќе треба да одговараш :D

Со новата Кембриџ програма учебниците за најмалите се направени на ретард левел, а од друга страна се напишани на терминологија неразбирлива за повеќето од нивна возраст. Со забраната за користење на збирки за задачи и слични потези уште толку го дотепаа образованието.


И конечно да бидам малце он топик, најголеми губитници во ова наше образование и општество се талентираните ученици. Како прво нивниот труд не доволно се вреднува со оглед на тоа што некои други што имаат врски или препишувале (а ги има во преголем број) ќе имаат исти или поголеми оценки од оние кои учеле и биле под стрес цело време. Второ кога ќе завршат факс, уште толку се разочаруваат затоа што во државава нема да најдат соодветна работа. Со ништо образовниот систем не те мотивира да се надоградуваш. Од финансиски аспект не вреди, бидејќи со парите кои би ги дал за докторати и слични ствари, ќе отидеш ќе чистиш вециња во САД и ќе заработиш 200 пати повеќе пари. Од научен аспект можеш да си се мотивираш чисто ради себе и своеволно да се надоградуваш за лична сатисфакција, бидејќи на постдипломски и докторски студии единствено нешто што може да добиеш е материјали за учење (најчесто на странски јазик и сам да си се подучуваш), освен ако немаш некој ментор кој стварно ќе сака да работи со тебе, а нема да те гледа само како некој од кој ќе добие одредена сума на пари.


Како капак на цела оваа приказна министерството сака да го воведе ова глупаво тестирање :unsure:
Да, нека го воведат ама нека биде фер и коректно, а не истите тие кур дрват 4 години и положуваат со врски да ги добијат прашањата пред време, а истите оние кои живци искинале учејќи, да се тресат на денот на испитот дали ќе положат или не.
Да се разбереме никој не може да е способен за секој предмет во една студиска програма Убаво е ако некој се специјализира во одредено подрачје, но нормално е да има предмети од соодветната студиска порграма кои ќе му бидат проблем.
И што? Демек со тие студии ќе направеле некоја селекција на способни студенти и преваранти? Баш повеќе ќе го продлабочат проблемот по ова прашање, затоа што колку што се неспособни, ќе имаат и неспособна реализација на овој проект.
Каков хаос владее тие не знаат за средно да состават прашања каде што материјалот е ист за сите средни училишта, а камоли за милион различни области на студирање :facepalm:

Нека земат цел образовен систем да го променат од корен, да го исфрлат тој застарен теоретски материјал кој се учи по факултетите, задолжително да вметнат практичен дел во самата настава, а не вакви дебилски мерки да превземаат. Задолжителната пракса истотака им е тотална утка, а донекаде овде се криви и самите студенти. Доволно е само да земат потпис дека оделе на пракса и толку. Кога не им е задолжително никој не се претегнува да губи време за нешто такво. А и реално ретки се тие што ќе ти посветат внимание на праксата. Џабе е да одиш на пракса, доколку место да те воведат во работата, ќе ти дадат еден куп документи за средување и ќе им ја средуваш архивата...

Дури не се направат ваквите промени, ќе имаме неамбициозни студенти чија животна цел е да се начукаат секој викенд, студенти кои со разни превари дошле до дипломи и потоа ќе кукаат како нема работа, ќе исчезнуваат одредени професии за кои не треба факултет, само затоа што никој со диплома не е будала да ги работи итн.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Тие без врски и без пари ќе останат оштетени на пола пат, а тие со врски и пари гајле немаат и секој ден вакви испити да им даваат.
:)
 
A

aye

Гостин
Ајде дечки, само храбро, не се разочарувајте. Патот до успехот се состои од цврста верба во Бог, молитви и строги постови.

Сетете се само на нашите браќа албанци, кои само со верба во Бог и посен грав после петочна молитва, го добија тоа што секој би го посакал - да зема плата, а да не работи (што воедно претставува доказ дека Бог е милостив и ги слуша нашите молитви).
Нашите топли браќа без сведоци дека доколку се има цврста верба во Бог, Бог може да ви најде работа, да ве вработи и да ви заработи.

Така да, не губете надеж и верба никогаш. Со поголема верба во Бог, до повеќе поени на испитот.

Иначе, има и план Б: учете германски уште од сега.
Молењево т.е чекањето помош од Бог ти е исто ко барам работа а се надевам да не најдам. Да беше така лесно што ќе ни е воопшто образованието ќе си отидеме до најблиската црква, а видиш па и каква среќа имаме на секој чекор по три-четири да не знаеш кај да влезеш. Ќе поседиш внатре едно 30-40 минути и ќе почнеш да се молиш.. те за работа, те за пари, те за некое килце да смкнеш, те комшијата/ката да ти намигне, те кола да си купиш, те на лото да добиеш и видиш невидиш цел живот ти се наредил, милина :)
За план Б не знам колку ќе ни користи тука Германскиов јазик, ама Турскиов богами може и глава да ти спаси и добра работа да ти најде и актер да те напраи (во краен случај ова). :D
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.085
Коњаникот од коментариве на Кајгана цела книга 500 страни ќе издаде пари ќе се наполни :icon_lol::icon_lol:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Постот на Коњаникот дава многу, премногу реална слика каква е ситуацијата во државата кога во прашање е образувањето. (y)
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
2
Ова треба да се спроведе на факултети како што се економски,правен,филозофски и слични факултети во полето на општствени науки(во превод лесни факултети каде што оцени знаеме како се добиваат).Меѓутоа некој од финки/електро,медицина ,фармација да полага е во најмала рака бесмислено.Тежината на предметите на овие факултети е далеку потешка од претходно споменатите.Така,да идејава е класично промашување.Неизводливо е студент на финки/електро да спреми одново 6-7 математика и куп програмски јазици.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
не вадете доскочици, туку не гласајте наредни избори , едноставно е.
Aj да повториме уште еднаш, надежта последна умира :)

Колку и да е тупач многу пати, ова му е скроз на место.
ПОРАНО КАКО ДЕЦА КОЈ НЕ ЗНАЕШЕ ДА ИГРА, ГО СТАВАМЕ ДА БРАНИ. СЕГА ИСТИТЕ ТИЕ НИ БРАНАТ СЕ ВО ДРЖАВАТА.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.230
Поени од реакции
57.951
Па и не е баш дека не треба присуство. Активност од час носи 10 поени, а за да бидеш активен или треба да имаш широки познавања или да го читаш дома материјалот, дури и пред да се предава. На некои предмети тоа е и до 20 поени, така да, битно ни е. Неаме класични вежби како кај вас, тоа да.
10-20 поена за присуство и активност на час ? :eek: Зашто на ФИНКИ нема такво нешто ?

Постот на Коњаникот дава многу, премногу реална слика каква е ситуацијата во државата кога во прашање е образувањето. (y)
Бомба, Милан игра утре :D



Инаку на професориве ќе им кинат по 10% од плата за промашена оцена ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.675
Поени од реакции
11.901
...

Иначе, има и план Б: учете германски уште од сега.
Дај не ги швабизирај децата.

Кажи им да учат шпански, и онака над 80% од цела Латинска Америка говори шпански.

И таму има нафта, злато, дијаманти, градежништво, па и информатичка технологија, но дај да преминам на главното - има природни убавини и бакарни моми поради кои ќе посакаш да си вечно млад.

Или нека земат нека учат руски, Русија е најголема држава во целиот свет, и таму има нафта и гас, Лада Нивата е најдобар теренец на цел свет, а сега кога ќе направат посебно урбано издание наречено Лада Нива Урбан, кое ќе може да доаѓа со сопствен резервоар на плин и на бензин - некои возила на Мерцедес-Бенз од Б класа ако добро помнам, веќе доаѓаат во вакви варијанти со два различни резервоари за два различни вида на гориво - па ќе биде уште поѕверски теренец од сега, а Русинките...

Во најлош случај, нека фатат џаде за Кина, од еден пријател мој слушнав дека негов пријател фатил џаде за таму и неверојатно изненадување - вели дека му е супер таму.

Јас лично се плашам да стапнам во таква држава во која што нема социјална правда и работнички права и закони, стрелаат затвореници во глава за ситни криминални дела, додека корумпирана елита е на власт, но намерно ги стрелаат во глава, бидејќи уште пред да падне стреланиот затвореник на земја, веднаш ќе му се нафрли лекарски тим за да го искасапи и за да му ги извади органите без негово знаење и без негово одобрение, а Кинезите ќе им ги продадат органите на западњаците.

Наспроти ваквиот страв од моја страна, овој пријателов чиј што пријател фатил џаде за Кина, вели дека му е супер таму. :confused:
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Дај не ги швабизирај децата.

Кажи им да учат шпански, и онака над 80% од цела Латинска Америка говори шпански.

И таму има нафта, злато, дијаманти, градежништво, па и информатичка технологија, но дај да преминам на главното - има природни убавини и бакарни моми поради кои ќе посакаш да си вечно млад.

Или нека земат нека учат руски, Русија е најголема држава во целиот свет, и таму има нафта и гас, Лада Нивата е најдобар теренец на цел свет, а сега кога ќе направат посебно урбано издание наречено Лада Нива Урбан, кое ќе може да доаѓа со сопствен резервоар на плин и на бензин - некои возила на Мерцедес-Бенз од Б класа ако добро помнам, веќе доаѓаат во вакви варијанти со два различни резервоари за два различни вида на гориво - па ќе биде уште поѕверски теренец од сега, а Русинките...

Во најлош случај, нека фатат џаде за Кина, од еден пријател мој слушнав дека негов пријател фатил џаде за таму и неверојатно изненадување - вели дека му е супер таму.

Јас лично се плашам да стапнам во таква држава во која што нема социјална правда и работнички права и закони, стрелаат затвореници во глава за ситни криминални дела, додека корумпирана елита е на власт, но намерно ги стрелаат во глава, бидејќи уште пред да падне стреланиот затвореник на земја, веднаш ќе му се нафрли лекарски тим за да го искасапи и за да му ги извади органите без негово знаење и без негово одобрение, а Кинезите ќе им ги продадат органите на западњаците.

Наспроти ваквиот страв од моја страна, овој пријателов чиј што пријател фатил џаде за Кина, вели дека му е супер таму. :confused:
Ма каква Русија или Кина само Шведска му е мајката
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
1. Тие што отворија факултети во секое село!
2. Тие што ги укинаа приемните испити!
3. Тие што запишаа 99.9% од средношколците на факс од кои 80% едвај средно поминале!!!
4. Тие што ги урнаа сите можни критериуми за квалитет!!!
5. Тие што секој втор го направија магистер!!!
6. Тие што го укинаа просекот како критериум за запишување на мастер!!!

Истите тие со глупост ќе ја оправат работава..... Ова да не беше жално ќе беше смешно..
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Со завршено вишо и високо образование, магистри и доктори на наука се евидентирани вкупно 19 250 невработени лица.
Од кои 927 се невработени магистри и 22 невработени доктори на науки. Просечно во една година има плус по 200 невработени магистри и 5 доктори на науки.

Така е кога на секој даваат диплома. :свиркам:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.622
Поени од реакции
70.301
Тоа заборавив да додадам, низ сите овие подарени дипломи, магистратури, па дури и докторати се губи вистинската вредност на дипломирањето, магистрирањето или докторирањето на оној кој навистина вложил голем труд за да го постигне тоа. Жално...
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Ова треба да се спроведе на факултети како што се економски,правен,филозофски и слични факултети во полето на општствени науки(во превод лесни факултети каде што оцени знаеме како се добиваат).Меѓутоа некој од финки/електро,медицина ,фармација да полага е во најмала рака бесмислено.Тежината на предметите на овие факултети е далеку потешка од претходно споменатите.Така,да идејава е класично промашување.Неизводливо е студент на финки/електро да спреми одново 6-7 математика и куп програмски јазици.
Абе многу вицкаст ти бе..како можеш да заборавиш математика и програмски јазици?Утре на работа кога ќе идеш ќе викаш шефе чеј да повторам калкулус два незнам како да ја извршам операцијава?А јас на правен ќе треба да ја барам секоја ебана законска промена што се случила од она што сум го учел коа сум полагал до денот на испитот абе ајде..Ако ти дала корпа некоја колешка од правен немора да лечиш фрустрации против цела наука.Чист пример братучед ми заврши машински мехатроника,типот повеќе беше пијан него трезен,али му фаќа кликерот математика,физика и си го ладеше цел факс.И сеа треба да значи дека е лесен факултетот?Се извинувам за оф-топик али неможам да не одговорам на вакви шупаци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom