Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.085
Јас напишав многу побезболно и поефикасно решение али гледам пола се тотални будали и неможат да го вклучат мозокот.Македонецот е простак невиден таков бил таков и ќе си остане.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
И така додека се воведе ова веќе ќе завршите и ќе бидете во странство.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Бугарските студенти за своите права Влада соборија ај баш голем тест да видеме од што се направени македонските студенти.
Ми го зема зборот.

Ајде студенти да ве видиме сега каде сте. Знаете ли да си ги барате вашите права сложно, без партиски позадини? И ова ако помине без протести и студентско организирање, тогаш во земјава нема студенти, така наречени академски граѓани. Само офци. Со ф, оти навреда ќе биде за овците да ве именувам по нив.
Не очекувам некаква реакција од сојузот на студенти за ова, они се тешки плакатолепачи на повисоко ниво. Евентуално МОФ ако излезе со некаква реакција, која ќе биде секое чудо 3 дена.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.978
Поени од реакции
12.524
Поголема глупост немам слушнато еве не знам од кога.
Дозволија се ќоро и сакато да се запише на факултет, отворија факултет во секое село, се чукаа во гради со фактот дека 98% од матурантите се запишале на факултет, и сеа, чекајте малце другари. Ви ги собравме парите на сите, сеа пулете се чудете се.
Зошо бе ако сум го положила испитот, да сум обврзана пак да го полагам? Има предмети кои се влечат еден со друг, работите кои си ги совладал во едниот ти се нашле во другиот предмет, ама има и такви предмети кои сум ги учела само за да положам, а не за да ги разберам и шо знам дека нема да ми требаат. Сигурно утре нема да ми притреба доказот за теорема за средна вредност од Калкулус, па да го памтам до век и веков и да го полагам три пати пошо ете, на некој му текнало така.
За квалитетот на образованиево нека ви говори фактот што и самиов министер е докторант, look no further.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Од партиските војници ти чекаш да реагират :).Само организации како Слободен Индекс можат да кренат таква револуција кај бугариве да не парламентот ја почна.
Еј да нив ги заборавив. Активни се уште?
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Државниов испит сигурно нема да биде тежок колку и испитите, исто како што екстерните за средно се боза. Ако си успеала да посветиш толку време на учење за да положиш се на финки, не би требало да имаш голем проблем за да го положиш и овој испит. Сепак мора да имаш на ум дека колку и да сакаат да стават дополнителен тест, државата пак има ГОЛЕМА желба да прикаже дека има многу интелектуалци (демек, уствари сите знаеме дека нема), па токму од таа причина испитов нема шанси да го напраат нешто за што ќе те фати глава.

That being said, има многу повеќе да се добие со елиминирање на оние студенти кои се провлакаат на полесни факултети без речиси никакво учење и со некои глупи семинарски и есеи, користејќи го ЕКТС-то колку што може повеќе. "Абе имав бод од ова, бод од она, и ете ме со 10ка у индекс без да полагам испит". За себе можам да кажам дека нема да имам гајле пошто одамна си ја имам сфатено озбилно работата, ама знам многу други кои се на факултетиве кои ги наброја, факултетите на кои се твоите другарки, што ќе им се крене косата, иако се на "лесен" факултет (според тебе). Ако размислиш, може да има добар бенефит од ова, пошто многу лесно ќе се намали бројот на бескорисни дипломци и ќе се намали "инфлацијата" на дипломи у државава.
Не ми објаснувај за бенефитите на државава зашо не може помалце да ме боли кур. It's a sinking ship, али тоа е друга тема на муабет.
Ја никаква обврска не осеќам било како да се секирам за рејтингот и реномето на државата кога државата ме ебе у гз.
Звучиш као едно партиско војниче шо извади статија пред некое време дека не требало да апелираме преку интернет до остатоков од светот да видат какви ни се условите у студентските домови (за малце да се изрезилат господата што седат во фотељи и да СРАБОТАТ нешто) затоа што (цитирам) "Се што се случува во нашава државичка е наш проблем и треба ние да си го решиме, нема потреба целиот свет да не ремети".. Смешки.
Ако си успеала да посветиш толку време на учење за да положиш се на финки, не би требало да имаш голем проблем за да го положиш и овој испит.
НЕ САКАМ ДА ПРЕПОЛАГАМ ДАЛИ МЕ РАЗБИРАШ.
Јас знаењето по тие дваесет предмети сум го покажувала контиунирано две години, и зависно од моите резултати сум добила оцени или сум паднала.
Значи тоа е завршена прича. Нема шо ја да преполагам.
Ако сакаат да го полагам испитот, нека не ми зимаат 400 евра годишно за предмети, ќе си купам само книги и нема да ги фукнам парите на уплатници, обрасци и запишување предмети, пошо очигледно тоа пу пу, не важи. Ќе го положам само овој испит и нема шо кур да ме цедат низ цела година.
Ветар и магла ти е муабетот дека "ќе се намали бројот на бескорисни дипломци".
Ако мислиш на тие шо се провлекувале и ваделе шески едвај некако, најголем дел од нив нема да дипломираат зашо се потешко и потешко станува како што проаѓаат семестрите. Еве и да дипломираат некој процент од нив, и да најдат работа некако магично, НЕМА да ја задржат баш затоа што едвај проаѓале и не стекнале никакво знаење. Ти коа би бил работодавец би вработувал некој сакат шо ништо не научил?
Значи дипломата за кур не му вреди.
Ако пак под "бескорисни дипломци" мислиш на мамини и татини што со врски се доени и проаѓаат низ факултетот, нив ваква сабја не ги сече. Никаква сабја не ги сече уствари.
Така да СКРОЗ е бескорисен предлогов.
Се што ќе се постигне е само екстра стрес врз студентите и некоја глупа unreliable статистика.
Ќе ми начукаат 20 предмети ОДЕДНАШ и очекуваат ја да иам пристап у мојата меморија до секој податок шо некад сум го чула на предавање. Жити се?????
Ќе ми оценат 20 предмети * еве две колоквиумски сесии нека се, 40 ТЕСТОВИ врз основа на тоа што ќе направам на ЕДЕН?
..
Не знам какви други зборови да употребам, многу е очигледно колку е лоша идејава. Не само што нема бенефит, КОНТРАПРОДУКТИВНА Е.
 
Последно уредено:

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Прво запиштете се на факултет, платете партиципација на 63095, наполнете не до гуша, па после ќе ви кажиме дали можите и смеете да студирате или не.
И повеќе од очигледно е дека е намален квалитетот на високото образование, поготово кога ќе видам колеги шо мислат дека уште се средно, па све им е тешко, ама како мислат ова да го спроведат oва екстерново живо ме интересира.
Кој ќе ги прави прашањата? Самите професори/асистенти или некои експерти за лижење газ во штаб?
Сигурно исто како преводине од стручните литератури шо ни ги наметнаа во програма. Да учиш предмет и да го пцујаш истовремено кој бил толкав талент буквално да го преведува секое зборче, па ми се чини цела книга е со гугл транслејт преведена. Реченица со реченица не се сврзува.
Образованиево ни е дну дна во секоја смисла.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
За квалитето на образованието се виновни баш они што прво го направија средното задолжително а второ дозволија кој сака универзитет да отвори.
Со ова сакат да си ги исперат гомната ама тешко ќе им оди затоа што тие гомна што ги налепија во образованието толку лесно нема да ги исперат.
За задолжително средно сум за, но што се учи во тоа средно? Каков е квалитетот на наставата и спремноста, стручноста и психолошката состојба на наставниците?
Иначе што отворија факултети во секое село е огромна грешка. И што дозволија 95% од средношколците да студираат. Не е секој за на факултет.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Нaјинтересни ми се тие штo викaaт "aјде сеa студенти дa ве видaм дaли ќе гo дигнете глaсoт" -_-
Пa дoбрo бе мaјку му стaрa тoлку ли сте oгрaничени у рaзмислувaњaтa ?!
Вчерa дoнеле зaкoн сo кoј нa местoтo нa штрaјкувaчите се врaбoтувaaт зaмени - прoблем нa нaстaвниците не нa целoтo oпштествo, денес се дoнесувa зaкoн сo кoј се уништувa висoкoтo образование - прoблем нa студентите не нa oпштествoтo.
Утре шo мислите чии прaвa ќе се скрaтaт a ?
Местo дa се прaите пaметни oд типoт нa "aјде дa ве видaм кoлку ќе се буните" сфaтете декa сите, aмa бaш сите требa дa реaгирaaт нa прoмените кoи не врaќaaд нaзaд !
 
Последно уредено:

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.532
Поени од реакции
33.731
И материјалот ни е доста обемен и захтева континуирано учење, на правен ако имаат практикум и книга, ние иаме практикум, книга, збирки, презентации за предавања, презентации за аудиториски, лабораториски вежби по секој предмет еднаш неделно (на кои присуството е задолжително, се толерираат максимум две отсуства во семестарот) и плус проектчиња шо треба да се предадат на крајот на семестарот.
Нема да речам дека ни е Најтежок факултетот од сите у државава, ама у никој случај не се преценуваме, веруј.
Не сери брат. :D
Имаме и на правен осим книги исто презентации, членови, проекти, закони еден тон кои дневно трпат измени и триста додатни глупости.
А за два потписа од редовност на ебени вежби јас немав потпис по предметот да заверам семестар. Да споредуваше со земјоделски, економски ај...

За темава не ми се ни пише. Си се смеам само.
Ставете ја у чек дис аут, ко кромид вест е.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Не сери брат. :D
Имаме и на правен осим книги исто презентации, членови, проекти, закони еден тон кои дневно трпат измени и триста додатни глупости.
А за два потписа од редовност на ебени вежби јас немав потпис по предметот да заверам семестар. Да споредуваше со земјоделски, економски ај...

За темава не ми се ни пише. Си се смеам само.
Ставете ја у чек дис аут, ко кромид вест е.
Правен го спомнав конкретно дека не захтева присуство на предавања, не споредував тежина. Знам дека не е курташак факултетот, а и со секакви будали си имате работа :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
11.556
Правен го спомнав конкретно дека не захтева присуство на предавања, не споредував тежина. Знам дека не е курташак факултетот, а и со секакви будали си имате работа :)
Па и не е баш дека не треба присуство. Активност од час носи 10 поени, а за да бидеш активен или треба да имаш широки познавања или да го читаш дома материјалот, дури и пред да се предава. На некои предмети тоа е и до 20 поени, така да, битно ни е. Неаме класични вежби како кај вас, тоа да.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.085
Еј да нив ги заборавив. Активни се уште?
До завршетокот на предходната година беа доста активни сега не знам.Ги пратам бидејќи ми се баш симпатични и се што зборат им е на место али не се зачленувам прво они се само на УКИМ а јас студирам на УГД и второ 80 % се социалисти анархисти левичари а јас сум радикален десничар ;).Како и да е од нив очекувам реакција имаа многу протести на место шо завршуваа со само 30 студенти за жал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom