Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
17 август 2011
Мислења
10.386
Поени од реакции
18.532
Член 46
На универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.

Значи со закон можат да му уредат на универзитетот да мора да спроведува стандардизирани испити (кои ќе ги стандардизира некое тело со претставници од сите универзитети). Многу тенка и козметичка измена треба за законот да стане уставно прифатлив.

Мислам дека уставноста овде е многу помал проблем од суштината на реформата. Поточно, во случајов проблемот е што ова ќе биде исто како реформата во средните, нема да промени ништо во насока на квалитет. На високото образование му се потребни посуштински реформи.
Лоша проценка удри и ти поназад дека ќе се откажат од ова туку така.Сеа мислам дека го туркаат само ради инает колку да не испадне дека изгубиле,кога веќе најбитната мерка(2 шанси за полагање само) ја тргнаа и пак ќе имаме вечити студенти(вечни полагачи на екстерно:icon_lol:).

И на високото образование никогаш не му било проблем лесното проаѓање,факултетите кој имаат практична примена сеуште се тешки за проаѓање. Штанцање дипломи кај нас?Па во тие западни земји кон кој се стремиме е 5 пати полесно да земеш диплома ако имаш пари,идат доста наши студираат надвор не сме ние од марс паднати.
Му фалат на образованието корисни книги,не може на технички факултет српски збирки и англиски учебници да ти се единствен избор по 90% од предметите.И место да идам на предавања и вежби да разберам нешто мора да идам за да си ја соберам скриптата пошто нема иначе од кај да учам.
Фали и поголема плата за асистентите бидејки ја вршат цела работа и зимаат никаква плата,и нормално нема да ти се замараат..Фалат доста вакви мали работи кој многу значат,и тие треба да ги средат а не големи реформи како оваа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.341
Поени од реакции
26.315
Лоша проценка удри и ти поназад дека ќе се откажат од ова туку така.Сеа мислам дека го туркаат само ради инает колку да не испадне дека изгубиле,кога веќе најбитната мерка(2 шанси за полагање само) ја тргнаа и пак ќе имаме вечити студенти(вечни полагачи на екстерно:icon_lol:).
Само со тоа веќе се откажаа од се. Концептот што го промовираше Груевски е суштински поразличен од концептот што првично го промовираше Адеми. И се согласувам дека сега остана само да ја изгледаме пародијата.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Знаете што викаат за мастер-програмите во Америка? (каде си плаќаш дебели пари)
Можеш да паднеш...од столче.

Зборење на памет дека некои проаѓале со препис цело време (мало морген тоа сите 40тина испити да ги пројде на тој начин), или па зборење, дипломи се купуваат. Каде тоа се купуваат дипломи? Поедини случаи на државни универзитети? Санкционирај! Ама не, не одговара да се санкционира, пошто тој е синче на некој функциониер во партија или слично. На приватните си плаќаат школарина од 1500-3000 евра (отприлика), имаат пониски критериуми него на државните и лесно се проаѓа. И таму си учат студентите, само ако им се бара многу помалку, нормално е и помалку да учат. Плус што програмите не се исти и на државни и на приватни (споредете пример Јустинијан Први на УКИМ со рецимо Правен на УГД или на ФОН). Тука вистинското прашање е, кој му дал таква акредитација на универзитетот? Одборот за акредитација. Бујрум, ете каде е проблемот, решавајте го на ниво на реорганизација на ова тело, построги критериуми и слично. Ставајте експерти ама во вистинска смисла на зборот.
 

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Ја нема @Емкаа да ми реплицира на тоа што и го пратив. Иако беше убедена дека лажам. Ја прегледува темава целовреме, а се прави дека не е тука.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.025
Поени од реакции
12.696
Ја нема @Емкаа да ми реплицира на тоа што и го пратив. Иако беше убедена дека лажам. Ја прегледува темава целовреме, а се прави дека не е тука.
Поздрав. Не сум 24/7 пред компјутер. :cautious:

Се распрашав и на никој не е запознаен со ова. Дечкото го знам иначе, го имам видено низ студентски.
 

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Поздрав. Не сум 24/7 пред компјутер. :cautious:

Се распрашав и на никој не е запознаен со ова. Дечкото го знам иначе, го имам видено низ студентски.
Епа ете сега сте информирани. Поздрав и до тебе. И отварајте очи.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Уставен суд...:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Уставен суд ќе штител нечии права.:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Истиот Уставен суд кој не виде ништо спорно во новините за абортусот и истиот Уставен суд чии одредени судии си дадоа за право да коментираат кои се соништата и целите на СЕКОЈА жена.:pos::pos::pos::pos::pos:

Уставниот суд во државава постои затоа што да речам ете мора да постои како институција и за да клима со глава на секој закон, во случај некој да го оспори. Само затоа постои и за ништо друго.

Ако не се заземаа за абортусот, за ова уште помалку ќе се заземат, така што битката треба да биде добиена пред да бидат донесени измените. Потоа се ќе биде залудно.
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.272
Истите тие шупаци што се на власт завршија кај истите професори што денес предаваат. Ако имало корупција сега, сигурно имало и тогаш кога студирале Гуги, Спиро и компанија. Ако треба да има државен испит нека седнат и тие да полагаат.

Сега на нашите телевизии имаше за да се смета дека еден протест е успешен треба да излезат 50% и дека се е политички. Од моментот кога ги видов умс Велес на тв како изјавуваат дека се за екстерно/државен испит одма се знаеше дека крена стандард шемата на гомариве на власт со нивните телевизии и портали.

1984(кој ја читал знае) е ништо во споредба со пропагандата на ова денес. Самото тоа што знаеш дека те ебат во здрав мозок и гледаш како народ им поверува ти се зголемува желбата да се замине од оваа вукојебина.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Еј стварно им е јака логикава со тие 50% за да бил успешен маршов :pos::pos:
По истата таа логика тогаш ниедна партија до сеа немала успешен митинг зошто секогаш имале помалце од 50% од членството што отишло на митинг :pos:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Еј стварно им е јака логикава со тие 50% за да бил успешен маршов :pos::pos:
По истата таа логика тогаш ниедна партија до сеа немала успешен митинг зошто секогаш имале помалце од 50% од членството што отишло на митинг :pos:
Тоа е само замајување, исто како што на времето се замајуваше дека судска одлука не треба да се коментира
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.257
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Покрај Битола, и во Прилеп ќе има протест на студентите и средношколците.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Постојат луѓе кои се борат и работат и оние кои ја собираат славата за направеното“ (Ганди)

Би сакале уште еднаш да потенцираме дека нема да дозволиме да бидеме прибрани под ниту едно партиско милје. Нашите барања ја надминуваат партијата, тие се нешто повеќе. Како значаен општествен сегмент, како студенти (академски граѓани), сакаме да ја потенцираме нашата интелектуална независност, нашата слободна и критичка мисла која не е диригирана од ниту една популистичка агенда, но е последица на разумноста и обмисленоста. Нашиот органон се аргументите, кои не се насочуваат против партиите туку против неправдата. Затоа ве замолуваме да ја почитувате нашата решителност.

#СтудентскиПленум

 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Уште едно ѓубре режимско дало интервју - академик Горазд Росоклија професор на Универзитетот Колумбија во САД. Колку те платија, за колку се продаде, што знаеш ти за наука магаре едно за колку го купи професорското место на Columbia University!?
Росоклија: Екстерното е неопходно, алтерантивата е да продолжиме да тонеме во незнаење и неписменост
http://republika.mk/?p=356474
 

Kajgana Shop

На врв Bottom