Но со овој концепт нема ништо да се промени. Ако виското образование е неквалитетно, тогаш нека се проверат професорите, нека се заострат критериумите за станување професер, нека се вратат приемните испити, нека се заостри отварањето на приватни факултети, во последниве години секакви типови станаа професори, пред се заради тоа што фалеше кадар заради многуте нови факултети, па како што падна квалитетот на студирање, така падна и квалитетот на професорскиот кадар воопшто.Твое е како ќе ти влијае на понатамошниот живот (секако нема да ти влијае во позитивна насока), но твоето завршување на препис утре ќе влијае на некој ни крив ни должен.
Финтата е што некои воопшто не учат. И утре таквите ќе ти земат работно место, па после ќе се жалиме зошто ни го зеле, а немаат три чисти од професијата.
А не да се прави „реформа“ на грбот на студeнтите, и тоа на сите, и на оние кои чесно и вистински си учат и на оние кои се шлепаат така, на сила.
Демек, на овој „испит“ нема да има препишување, протекции и врски? Ех, знаеме каде живееме и како функционираат тие работи.