Ако сакаш да го подобриш ќе направиш промени кои ќе ги тангираат тие корумпирани професори, а не нив да ги оставиш лошо да си предаваат и цело време да произведуваат лош кадар, а студентите да ги тестираш. Едноставно нема смисла тоа.
Добар аргумент.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Ех да можев моиве дома за секој паднат испит да ги излажам со таа фора, дека професорот не ми предавал убаво, затоа паднав.
Ако не можеш факултет да завршиш, не е секогаш професорот крив што неубаво предавал, туку ти што не си научил доволно за да положиш испити. Не може професорот со инка да ти тури знаење, мора сам малку да се потрудиш.
Ако си паднал на испит бидејќи професорот не ти предавал убаво, како тогаш останатите твои колеги положиле? Нели и тие заедно со тебе присуствувале на исти предавања?
Ако има корумпиран професор, во смисла да ти бара пари за да те пушти на испит, таков случај се пријавува во полиција, ти даваат обележани банкноти и крај.
Друга работа, од сите овие муабети ја разбрав дека испитот ќе биде положил/не положил, што значи нема да има никаква интервенција во оценката што му стои на некој во индекс, што одма е контрадикторно со тоа дека ќе се подобри високото образование. Пример ако ја сум учел и сум знаел за 8ца, а некој со врски си добил 10ка, на овој испит и двајцата ќе положиме (зошто тешко да очекуваш некој да не успее да положи кога однапред му се дадени прашањата), само што сега државата гарантира со документ дека неговата 10ка е заслужена и утре кога ќе конкурираме двајцата на оглас за вработување он ќе има предност. ГЛУПОСТ !
Ако
НЕМА државен испит, на крај и ти со 8ца (заслужена) и тој со 10ка (со препис) ќе имате диплома. И пак тој ќе има предност пред тебе, пошто има повисок просек.
Ако
ИМА државен испит, тој со 10ка (со препис) може да не го положи испитот, пошто е дрво и сака факултетот да го заврши на препис, а не со учење. Ова значи дека ти со заслужената оценка имаш предност пред него (побрзо ќе го завршиш факултетот, побрзо ќе се вработиш (lol)), а тој ќе кисне на факултет мачејќи се да положи. Државниот испит е во твоја корист, бидејќи си поштен човек, си учиш редовно, сите оценки ти се заслужени. Нека му ја мисли тој што полага на препис.
Трета работа, како ќе го подобриш ти високото образование кога однапред ги даваш прашањата ?!
Па тоа е целата поента на државниот испит, да те натера да научиш барем нешто, колку-толку... да не бидеш дрво што цел факултет го завршил на препис, без никакви познавања од својата професија.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Едно е да имаш научено барем 500 прашања од цел факултет, друго е да не знаеш ништо, дрво декор.
Значи пак, дојдете сите што можете на протестов, да покажеме дека не сме глупи.
Точно така, дојдете на протестов, да покажеме дека не ни се учи, дека убаво ни беше да полагаме испити со бубица, на препис.
Иначе, за тие што не знаат, ќе има одговорени прашања кои ќе ви бидат однапред дадени. На испит ќе ви се паднат по 5 за секој предмет (до втора година).
Испитот може да се полага се додека не се положи, нема услов колку пати може да го полагаш. Се додека не научиш барем минимално, нема полагање.
Да не се лажеме, на студентите не им се учи.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Студент како студент, никој не сака дополнителни тестирања и испити, сите сакаат со полесно да поминат. Многу нормално.
Disclaimer: Не сум од партија платен, не се мачете да ми реплицирате за тоа и да ме етикетирате. Само сум реален и некомформист. I fuckin' love realism.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)