Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Груевски: Најавениот студентски протест е партиски мотивиран
03 декември 2014
Студентите ако првиот пат кога излегоа на протест не беа информирани за концептот, сега точно се знае дека не е екстерно тестирање, туку државен испит и дека нема да ги опфати генерациите кои веќе се запишани на факултет.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски како коментар на најавите за нови протести од студентите во одговор на прашање по засадувањето дрвце кај спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, во рамките на акцијата „Ден на дрвото“.

- Токму затоа, станува кристално јасно со какви цели би се одржал следниот протест. Сега, се повеќе станува јасно дека оваа веројатно помала група која ќе излезе на следниот протест е длабоко партиски мотивирана. Најголем дел од нив се од подмладокот на СДСМ и другите опозициски партии или, пак, на друг начин се мотивирани преку институциите што ги финасираат Владимир Милчин и СОРОС во Република Македонија, истакна Груевски.

Тој посочи дека овие лица финансирани од Институтот Отворено општество користат каква било можност да се протестира против Владата, посочувајќи дека истите лица се појавуваат на сите протести против Владата и се претставуваат како студенти, земјоделци, стечајци....

Појасни дека концептот државен испит се воведува со добра намера и има за цел да се оневозможи луѓе кои, како што рече, без да ја погледнат книгата сакаат да добијат високи оценки на сметка на сите други кои се мачат и учат.

- Сакаме во целиот тој систем да внесеме еднаквост и правдина, нагласи Груевски.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=42953

:facepalm:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Значи владата сепак ќе успее, по се изгледа ќе се воведе државниот испит, а зошто ќе се воведе ? Затоа што студентите не се обединети без разлика дали студираат на приватен или на државен. А зошто е тоа така ? Одговорот е повеќе од јасен!! заради искомплексираните студенти на УКИМ..:facepalm: Ахх бре деца вам ви треба ЕДИНСТВО, а не да се делите меѓу себе..
Владата ќе успее затоа што студентите не даваат што сакаат да им се подобри, туку само сакаат да нема екстерно. Тоа е иницијалната идеја на владата, да се подобри високото образование, но имплементацијата на ова т.е екстерното е како сценарио од К-15, а има мал милион работи што треба да се сменат за навистина да има подобро високо образование
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Груевски: Најавениот студентски протест е партиски мотивиран
03 декември 2014
Студентите ако првиот пат кога излегоа на протест не беа информирани за концептот, сега точно се знае дека не е екстерно тестирање, туку државен испит и дека нема да ги опфати генерациите кои веќе се запишани на факултет.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски како коментар на најавите за нови протести од студентите во одговор на прашање по засадувањето дрвце кај спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, во рамките на акцијата „Ден на дрвото“.

- Токму затоа, станува кристално јасно со какви цели би се одржал следниот протест. Сега, се повеќе станува јасно дека оваа веројатно помала група која ќе излезе на следниот протест е длабоко партиски мотивирана. Најголем дел од нив се од подмладокот на СДСМ и другите опозициски партии или, пак, на друг начин се мотивирани преку институциите што ги финасираат Владимир Милчин и СОРОС во Република Македонија, истакна Груевски.

Тој посочи дека овие лица финансирани од Институтот Отворено општество користат каква било можност да се протестира против Владата, посочувајќи дека истите лица се појавуваат на сите протести против Владата и се претставуваат како студенти, земјоделци, стечајци....

Појасни дека концептот државен испит се воведува со добра намера и има за цел да се оневозможи луѓе кои, како што рече, без да ја погледнат книгата сакаат да добијат високи оценки на сметка на сите други кои се мачат и учат.

- Сакаме во целиот тој систем да внесеме еднаквост и правдина, нагласи Груевски.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=42953

:facepalm:
:cuc:
Тоа е тоа..
Само заборавил нашиот сакан премиер да каже дека,иако се работи за млади луѓе,тие се сепак дел од ретроградните,предавнички,антимакедонски сили кои не сакаат Македонија да оди напред,кои не можат да се помират со фактот дека оваа власт постигнува историски успеси,речиси на секое поле,и дека народот наскоро ќе расчисти и со нив,и Македонија ќе напредува со уште побрзо темпо.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Владата ќе успее затоа што студентите не даваат што сакаат да им се подобри, туку само сакаат да нема екстерно. Тоа е иницијалната идеја на владата, да се подобри високото образование, но имплементацијата на ова т.е екстерното е како сценарио од К-15, а има мал милион работи што треба да се сменат за навистина да има подобро високо образование
Грешиш и тоа бааѓи, зошто неколку пати се има кажано дека треба да се заживеат предвидените механизми кои никогаш не заживеале.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Грешиш и тоа бааѓи, зошто неколку пати се има кажано дека треба да се заживеат предвидените механизми кои никогаш не заживеале.
Тие механизми чим досега не заживеале, нема да заживеат, бидејќи се направени за да изгледаат како да функционира нешто, а не е така или во превод некој некаде си клати фотелја зема плата и едвај чека да помине денот за да си оди дома. Ќе побарате нови стимулативни мерки, што немаат врска со администрацијата, како на пример фаќање на студент како препишува 50Е награда за чуварот, нормално да има докази (ливчиња, бубици итн), нови студентски домови, а не реновирање на старите (не за други поефтино е нов отколку да се реновираат), суспензии од 2 години за професори што се потсомневање за корупција, ако се докаже нема повеќе да предава во Македонија, да се најде начин како факултетите да не зависат од парите на студентите (за да нема спуштање критериуми и услови, бидејќи нема кворум за предавање наредна година), ова се мерки што може да ви пројдат кај пастирот (компаративно се слични со мерки во другите области), а плус не зависат од нив т.е не мора да чекате некоја уважена будала да прави евалуација на акредитацијата на некој факултет под сомневање дека печателе дипломи. Тој што сака да купи дипломи, ќе најде факултет, дали тука или во странство. Работата е да се вратат границите на нормалата што постоеја пред проектот факултет во секое маало, професорите да ги вратат високите критериуми за една едукација и ако препишуваш на испит, барем да си навистина снаодлив, а не денес и мртов коњ може да испит да помине.
 
Член од
30 мај 2014
Мислења
66
Поени од реакции
30
Овие ќе го усвојат предлог законот, нема дилема.Знаеме дека се тврдоглави, и бескомпромисни и на нивната одлука не можеме многу да влијаеме, бидејки реформаторот многу тешко се откажува од проекти. Уставниот суд може да ја сруши најавената реформа.Единствена независна институција која не е партиски политизирана, и влева надеж дека може нешто да промени.Можеби можат да се спротистават и на уставниот суд доколку го прогласат за ненадлежен во врска со државниот испит.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Уставен суд во чии одлуки и решенија се прават банални грешки како вокацио место вакацио легис или тоа дека Македонија имала парламентарен место мешовит систем на власт, не ми влева надеж за промена.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Овие ќе го усвојат предлог законот, нема дилема.Знаеме дека се тврдоглави, и бескомпромисни и на нивната одлука не можеме многу да влијаеме, бидејки реформаторот многу тешко се откажува од проекти. Уставниот суд може да ја сруши најавената реформа.Единствена независна институција која не е партиски политизирана, и влева надеж дека може нешто да промени.Можеби можат да се спротистават и на уставниот суд доколку го прогласат за ненадлежен во врска со државниот испит.
Никој не може да го прогласи Уставниот суд за ненадлежен, освен самиот себе. Законски е определено која е функцијата на Уставниот суд, нo има премногу дупки, кои Уставниот суд, поттикнат од партиски интереси, ги користел и се прогласувал за ненадлежен.
 
SenoraRamos

Tu voz - nuestro sentimiento!
Член од
20 март 2011
Мислења
191
Поени од реакции
108
Овие ќе го усвојат предлог законот, нема дилема.Знаеме дека се тврдоглави, и бескомпромисни и на нивната одлука не можеме многу да влијаеме, бидејки реформаторот многу тешко се откажува од проекти. Уставниот суд може да ја сруши најавената реформа.Единствена независна институција која не е партиски политизирана, и влева надеж дека може нешто да промени.Можеби можат да се спротистават и на уставниот суд доколку го прогласат за ненадлежен во врска со државниот испит.
Ради ваков начин на размислување е ситуацијата во Македонија таква каква што е. Затоа што секогаш се чека на некој друг да напрај нешто, место секој да се инволвира и активира сам. Баш дека знаеме какви се, имаме предност.

Ради ова има толку длабока апатија. Сега треба да се искористи бунтовничкиот дух дур е сѐ уште на високо ниво, да се притиска уште појќе, да се биде бескомпромисен и не се отстапува, без разлика на изјавите на дотичниот од погоре кој наметнува партиски заднини. И не, интернет поддршка не е поддршка. Испадни на улица, дека образованието е јавно добро и те тангира, без разлика дали си студент или не.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Револтирана сум шо некои нема да излезат како студенти на протест за своите права, туку поради партиски причини,а други пак и воопшто нема да излезат од истите причини.
Лута сум и на тие шо си ја љубат актуелната партија ко икона и шо сметаа при здрав(?) разум дека екстерното е во ред и дека тоа било за професорите, ние ако сме знаеле за да положиме, ќе положиме и екстерно,ама исто и лута сум и на овие од другава страна кој го користат секој моменент да ги исплукаат првиве.
Поради можноста да бидам погрешно сфатена и етикетирана како опозиционер, а не како студент овој пат ќе го прескокнам протестот, во име на едниве и другиве шо размислуваат партиски, а не академски.
 
Значи вака мојот став е дека треба да има протести,со цел да се искаже нашето незадоволство за државниот испит.Јас никаде не споменав дека не подржувам протести,а ти не можеш да знаеш дали јас сум бил веќе на протести или не.Чисто за твоја информација бев и во Скопје и во Штип.Какви партиски заднини наметнувам ? не ми е јасно искажи се. Доколку си лично исфрустрирана и искомплексирана , лечи си ги фрустрациите и комплексите на некое друго место.Овде на форумот е јасна темата секој има право да си каже што мисли, и нема потреба од меѓусебни препукувања.
 
Последно уредено:
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Револтирана сум шо некои нема да излезат како студенти на протест за своите права, туку поради партиски причини,а други пак и воопшто нема да излезат од истите причини.
Лута сум и на тие шо си ја љубат актуелната партија ко икона и шо сметаа при здрав(?) разум дека екстерното е во ред и дека тоа било за професорите, ние ако сме знаеле за да положиме, ќе положиме и екстерно,ама исто и лута сум и на овие од другава страна кој го користат секој моменент да ги исплукаат првиве.
Поради можноста да бидам погрешно сфатена и етикетирана како опозиционер, а не како студент овој пат ќе го прескокнам протестот, во име на едниве и другиве шо размислуваат партиски, а не академски.
Тоа е најглупавото нешто што можеш да го направиш. Со тоа им даваш одврзани раце на оние кои носат одлуки да прават што сакаат, знаејќи дека само со два збора СДСМ и СОРОС можат да се извлечат од секое срање, а од друга страна придаваш значење на замрена партија. Ако не ти се допаѓа идејата-протестирај. Ако ти се допаѓа-седи дома. Толку е просто.
Не знам кој ги научи луѓево дека да не бидеш етикетиран како припадник на партија е поважно отколку да се избориш за своите основни права. :confused:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Револтирана сум шо некои нема да излезат како студенти на протест за своите права, туку поради партиски причини,а други пак и воопшто нема да излезат од истите причини.
Лута сум и на тие шо си ја љубат актуелната партија ко икона и шо сметаа при здрав(?) разум дека екстерното е во ред и дека тоа било за професорите, ние ако сме знаеле за да положиме, ќе положиме и екстерно,ама исто и лута сум и на овие од другава страна кој го користат секој моменент да ги исплукаат првиве.
Поради можноста да бидам погрешно сфатена и етикетирана како опозиционер, а не како студент овој пат ќе го прескокнам протестот, во име на едниве и другиве шо размислуваат партиски, а не академски.
Ај објасни се малку поубаво, конфузно ти е напишано. Индицираш дека Студентски Пленум е партиска организација? Односно дека има партиски цели?

Мене не ми чуе дали некој ќе ми лепне етикета, јас знам на што сум, знам што правам и зошто го правам тоа. И совеста ми е чиста, мирно ќе си спијам. Ама ним не знам дали совеста им е мирна и дали мирно спијат. Т.е. можда спијат, ако се накљокаат со алкохол и апчиња, па после ги глеаме на вести со подочњаци до брада.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom