У сличен контекст да се надоврзам, пошто и кај мене на едно предавање со еден професор падна муабет за тоа. Секако, тоа беше малце од друг аспект, но доволно за да се сведе се на истиот заклучок па ќе пробам тука да ги пренесам впечатоците од дискусијата, барем како што јас лично ги стекнав (значи ова не е гледиште на професорот, ова е моето мислење кое сам си го формирав).
Со појавата на првите универзитети уште во средновековието (Болоња, Париз, Оксфорс, Кембриџ, Карловачкиот и тн.), управувањето со нив било многу поразлично. Имено, со нив управувале студентите. Студентите биле тие кои ги собирале средствата и одлучувале како ќе се распределат. Исто така тие биле оние кои го избирале наставниот кадар. Во зависност од бројот на студентите за таа година, толку професори биле вработувани. Тоа се покажало малце неефикасно од проста причина што студентот чим заврши со студирање го напушта факултетот, па друг треба да го презема своето место. Не се поставува константност во управувањето со истиот и на долготраен рок е неисплатливо. Затоа формата каде професорите се тие кои управуваат со универзитетот преовладала и останала до ден-денес.
АМА! (секогаш има ама)
Студентите никогаш не биле комплетно изоставени од управувањето. Во многу универзитети постојат нели, декан, про-декан, ректори, меѓутоа секогаш помеѓу тие редови постоеле неколку студенти, чиј глас бил еднаков како и секој друг член. Ете за пример, често наназад се спомнуваше како студентите во Белград се бунеле за (мислам дека беше, не сум сигурен) паричните казни за задоцнето пријавување испит, и успешно го добиле тоа што го барале. Меѓутоа во Белград постои Студент-Ректор, кој седи со сите управници, декани, продекани и не знам ти што таму, има еднаков глас со нив. Многу лесно е да се има увид така, за сите да бидат колку што може задоволни. Секако, никогаш сите не се 100% задоволни. Меѓутоа тоа многу помага во координацијата на наставата помеѓу студент-професор, како и самото управување на факултетот.
И најбитно од се, токму претходно наведеното е клучот за проблемот кој настанува. Кај нас, не постои функција ректор-студент, а студентите се застапени со 11% во управувањето на факултетот. Со закон е наведено дека во управата на факултетот не смее да има помалку од 10% студентска застапеност во спроведувањето одлуки во УКИМ. Проблемот треба да се бара во тоа. Овие другиве организации и немаат некое влијание. Треба да се сфати дека во управувањето на УКИМ мора да се вклучат повеќе студенти, самите да се залагаат за тоа. Јасно е каква е кај нас работата, у секој случај. Меѓутоа УКИМ е автономно тело. УКИМ одлучува за програмата на факултетот, УКИМ ги регулира професорите кои ќе бидат поставени и УКИМ е тој што издава дипломи, сертификат како доказ за стекнатото знаење на студентот. Веќе дадов до знаење дека јас сум неутрален во дискусијава, и моите поконкретни ставови не сакам да ги образложувам, односно не се изјаснувам како ниту за, ниту против екстерниве. Меѓутоа факт е дека ова не е баш прописна работа. Значи, УКИМ е автономно тело, и како такво, на пример тебе ако те брка полиција да те уапси, полицијата не смее да влезе внатре во просториите без дозвола од надлежниот за универзитетот, камоли да спроведува тестирања, кои доколку студентот ги падне, да му се забрани да студира. Ова е болната точка, последниот дел, забраната. И не се лажете, овие работи убаво ги знаат студентите, оние 11% кои ги спомнав. Прашањето е колку тие ќе направат нешто и ќе се спротивстават на тоа. А овие работи треба да ги знаат колку што може повеќе студенти кои не се вклучени во тоа, за да бидат поттикнати и тие да се вклучат во управувањето со УКИМ.
Пак ќе речам, правете ме црна овца, предавник, не знам што, колку сакате. Иако гледам дека ова е непрописна работа, јас сум свесен дека нема да снесам негативни последици од истата, бидејќи сметам дека сум компетентен да ја надминат оваа "пречка" во моето студирање со леснотија (можеби грешам, времето ќе покаже, но сега сметам така). Токму затоа не се вклучувам во протести. Би дошол на собир доколку би можел да ги кажам овие работи јавно, но не сум некој говорник, а уште помалку сакам да привлекувам внимание врз себе. А и да бидеме искрени, повеќе од половина јавност ги изедначува собириве со протести, такада не би сакал да бидам означен како припадник на било која страна. Јас не застанувам со ниедна страна, ниту пак имам аспирации да бидам некој кој ќе има удел во управата на мојот универезитет. Мојата сфера на интерес не се поклопува со оваа тематика и јас нема да се залагам за ништо, ништо за и ништо против. Овие информации се тука за дискусија, продлабочено знаење, и доколку некој има такви аспирации, или барем аспирации да покрене протест, да си црпи од темава на која сите придонесуваме по нешто, за заедно да го подобриме образованието во нашата држава, бидејќи често сме потсетувани, а и самите се потсетуваме, дека ние сме иднината, и мојата (веќе станува омилена) реченица: каков народ - таква држава,.
Тоа е се, знам дека беше долго, меѓутоа ваквите работи никогаш не се едноставни за да се кажат со два-три реда
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)