Трите столбови на здраво општество се на колена. Судството, здравството, обрзаованието. Демократијата е de facto суспендирана. Невидливата рака на Адам Смит не постои во Македонија, македонскота економија е водена од логика на робовладетелски систем. Секаква приватна иницијатива е во корен сосечена, а владата често форсира монополи. Медиумите се купени и угушени. Не постои граѓански сектор, ниту пак македонецот има демократска свест или демократска култура, ниту има државотворен менталитет.
Не постои критична маса за на улица, а оваа влада на извбори никогаш нема да изгуби. Она што реално ќе се случи е банкрот, кога Ѓаволот ќе дојде по своето.