Си зедов малку слобода да ти го цитирам мислењето и го префрлам тука - на темата, да укажам каде грешиш, а каде си во право.
Точно е дека секој денес може да се запише на факултет и со тоа голем дел од тие само со завршено средно драстично им паѓа цената. Бидејќи реално пазарот бара повеќе учени, а ученото освен со пемпеле не можеш никако другачие да го докажеш. До тука би се сложил.
Понатаму, тоа што владеачкава гарнитура ти го наметна средното како задолжително, скоро да му ја помножил неговата цена со нула. Значи денес и рамче и петре и љутви и мирко откако ќе завршат средно (а ќе завршат) остануваат еднакви пред пазарот на трудот. Затоа секој денес бара повеќе да се усоврши за да биде повеќе ценет.
Второ, со воведување на екстерното, нема буквално ништо да смени во оноа што ти сакаш - твојата цена на труд да се крене, а фрустрациите да ти се анулираат. И петко, и рамче и љутви ќе си ги добијат одговорите. А поготово оние мамини и татини синковци кои мама и тато трчкаат по штабови а самите деца се партиски мегафони по социјалните мрежи. Фамилијарен бизнис = гласачко тело во племенска заедница. Со екстерното не се добива тоа за кое ти мислиш и веруваш - казнување на незнаењето, туку се губи автономноста на факултетите. Истото важи и за средните школи, чак што више таму да направиш создадеш критична маса е далеку потешко. Разликата во средните е што поголем дел од тамошната раја е се` уште зависна од родителскиот џеб, и затоа се` уште не може да мрдне со прстот. Има такви кои се со бунтовен дух, но пак ќе кажам, ако паднат на екстерно, најголемиот дел што ќе наебе се родителите кои ќе дадат пари за презапишување - свота која не се споредува со онаа при упис на семестар на факс.
Кога ќе ја сфатиш реалната слика на еден студент и фактот дека 100 евра е минимумот за упис на семестар, а сето тоа ти го диригира власта која ги обележува сите оние кои имаат различно мислење од неа, тогаш ќе го сфатиш целиот протест и зошто истиот е инициран од студентите а не од политичките партии.
1.До пред некој месец бев во факултетските клупи како постдипломец и многу добро знам како функционираат работите. Тој што нема во џебот да презапишува семестар ќе се потруди да учи, а ако не се потруди тогаш нека остане без факултетот, а што се однесува до мене немора ни средно секоја будала да има.
2. Екстерното можеби нема да го реши стопроценти проблемот,али да паднеш на основни прашања (какви што даваат на екстерните од она што го видов по средните школи) е знак дека немаш никакво познавање од материјата. На факултет поголемиот дел од студентите учат неколку дена пред испит, а си го прчат со месеци предходно , со сезонско учење се знае тоа што се научува се заборава многу бргу. А редно е да се средат и професорите кои веќе во последно време повеќе внимаваат на своите приватни бизниси, а за факултетот не ги боли стојко, плата им иде, секој држи по 10 предмети и си го ладат со вработување на студенти во своите фирми за без пари односно во замена за оцена.
3. Ѓубрето кое се запишува на факултетот со по 45-50 поени освоени се на се од средно образование, сметам дека треба на старт со приемни испити да се исчисти и да се дигнат квотите за прием, а како решение пишав на предходниот пост чести инспекции во средните школи кои ќе имаат право на сред час да влезат и да ги испрашуваат учениците во рандом класови, по рандом избор кој ќе го дознава и самата инспекција утрото пред да треба да тргне во посета (ова како замена на екстерните бидејќи и така би се потрошиле истите средства али ќе биде барем полесно да се истребат нереалните „петкаши“ во средните школи, а ќе се вработи барем некој да ја брка таа работа). Да почнат да оставаат луѓе кои немаат три чисти и си го ладат, а не на крај на година да поминуваат луѓе со по 10 единици во текот на целата година, за ова сме сите помлади генерации сведоци дека е реалност во секое училиште во државава, денес не останува на крај на година ниту еден, а има средношколци кои завршуваат без да научат таблица и да читаат (познавам неколкумина кои ми беа школски и ми се комшии, дечките не знаат да читаат течно сеуште, иако завршија средно образование без да изгубат година или било каква казна.
4. Државата да си ги преслуша прво своите критериуми и да си воведе реформи во образованието меѓу кои 100процентна промена на програмите на факултет, бидејќи се учат срања буквално кои немаат допирна точка, ниту пак корист. Праксата на факултетите е сведена на минимум, а е најпотребна. Постдипломските студии да се ограничени со минимален просек и како во минатото таму да се запишуваат луѓе кои планираат да се занимаваат со научна дејност, а не поради тоа што треба да земе овластување со тие дополнителни кредити. Второто што е неопходо е удирање по приватни факултети кои запишуваат и ќоро и сакато само за пари, луѓето си положуваат со изработена семинарска (платено да изработи некој) и имаат дипломи со кои си фаќаат позиции во државава.
Накратко ова сакам да го кажам, а тоа што одредени не успеваат да разберат неколку прости реченици не е мој проблем. Тоа што во државава освен за политика никој не се замара за ништо друго е факт. Тоа што сме 300години позади Германија (воглавно во менталитетот сме можеби и повеќе назад) е уште еден од проблемите на нашата земја во која живее културен, европски, интелигентен народ кој освен за легачење, јадење гомна и водење грижа за тоа кој политичар што кажал не размислува за друго. Самите во глобала се уназадуваме, али според мое мислење оваа земја не е можно да се опамети, кога Турците не не опаметиле со камшикот 5 века и денес пак трча Македончето да ги гледа на тв и да му ги лижи јајцата не не оправа ништо.