Ви се раѓаат дечиња. Малечки, убави, слатки.. Нормално е додека жената е бремена да се кажуваат имиња. Ако е женско ќе се вика вака, ако е машко ќе се вика така. Ќе го крстиме по татко ми, ќе го крстиме по баба ми, по мајка ми итн, итн..
За тие што имаат деца: Како ги добиле вашите деца имињата? Ги крстивте по мајка, татко, баба, дедо? Кумот го кажа името? Вие му предложивте некое име..? Можеби детето ви е родено на некој празник - па заради тоа го добило името? Родено е во мај - па затоа се вика Маја, родено е јули - па затоа се вика Јулија и слично. Ме сфаќате нели?
За тие што немаат деца: Како вие сте го добиле вашето име? Крстени сте по некого? Вашето име било идеја на кумот? На некој од родителите можеби?
П.С. Не ми текнуваше посоодветен наслов за темава, па затоа вака ја крстив. Ако некој има подобра идеја нека предложи па менувајте. Мене не ми текнува ништо.