Ќе има ли „Виножито“ пратеник во ЕП?

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
- Македонски јазик 1978 година
евидентирани 165.060 Македонци

Област: Македонија (Се мисли на Егејска), регионите на градовите Лерин, Костур, Воден, Кукуш, Серес, Драма и Кавала и регионите на реките Вардар,Струма и Места.

Јазичната композиција во Грција меѓу 1907-1981



Ти бе Грк да не си?

Крајно си арогантен, а тродупло од тоа игнорантен. Особено во врска со заклучоциве кои ги сведе.


Најпростата вистина за малиот број гласови е фактот што Македонците во Грција не се исполитизирано малцинство.


А не се, поради тоа што никогаш и немале пристап до вистински информации, бидејќи отсекогаш биле изложени на голема медиумска информативна пропаганда.


За да може Виножито да биде политички фактор кај Македонците во Грција, неопходно е создавање на политичко малцинство, не само како постоечко малцинство туку како малцинство кое се бори за своите права преку политиката.


Затоа се неопходни културните друштва кои ќе можат да ги сплотат и пробудат свеста да се борат за правата кои им припаѓаат.

Поголемиот дел Македонци доле се свесни кои се и што се, меѓутоа гледаат на Виножито онака како што им е претставено низ Грчките медиуми, како “Скопски“ агенти, како “Српско“ малцинство од другата страна на границата која има територијални претензии, наместо да ги воочуваат заедничките интереси со нас.

Единствениот начин овој проблем да се совлада е едукација, образување на овие Македонци во македонски дух, да научат македонски говор и писмо, за да можат и повеќе да комуницираат со нас преку граница.
Само така ние од овде ќе можеме да влијаеме врз нивната свест и полека да се хомогенизираме преку заедничката култура и јазик.

Не ги заборавај Грчките нацистички организации кои се инкорпорирани во локалните власти и вршат постојан притисок врз Македонците.


Пропагандни спотови на Виножито не беа емитувани по грчките телевизии, а оние локалните едвам се согласија да им отстапат по 5 минути во раните утрински часови меѓу 5 и 6 ч.
Не сум Грк. Само бројките си го кажуваат своето.
Но ајде да земеме дека тоа е точно. Тоа би значело дека Македонците таму гласаат за подобра социјална иднина и не им е гајле за нивниот идентитет? Бидајќи да им било и да сакале да се прекинат притисоците ќе и даделе подршка. Исто се гласа за европски парламент не за грчки па кој ќе биде пратеник нема да им смени нешто многу нив но може да значи многу за нив како малцинство.
А како функционираат партиите на малцинствата во општества кои се под притисок може да се види најдобро на балканот.

Neka ima popis ke vidime kolku ima, osvoeni glasovi na politicka partija ne se merilo.
A sto se odnesuva do toa deka imas rodnini vo avstralija, toa e drugo prasanje, da zivees vo Avstralija i vo edna Grcija ne e isto, toa ti e kako da mi objasvis deka 2 i 2 se ednakvo na 5.nema potreba da gi objasvam pricinite.
Се согласувам. Повеќе е од сигурно дека има повеќе македонци од тие 4000. Може да оди и до 30-40 илјади, ама тешко повеќе. Па некои испаднаа со тврдења и дека има 500 илјдаи. Не знам колку и да не е мерило политичка партија сепак од 500 илјади виножито ќе освоеше десетина пати повеќе.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Сега до утре можеме да се убедуваме, ти кажувам како е.

Соработувам со друштвата доле и во голем дел од случаите мораме да комуницираме на англиски, бидејќи не го знаат писмото наше.

Македонскиот јазик им е на примитивно ниво, а го нарекуваат “нашки“ наместо македонски.
Бидејќи Грците им забрануваат да спомнуваат “македонски“ јазик.
Огромен дел по дома си велат и Баба, Деда и сл. кога им се обраќаат на постарите и немаат појма од каде тие имиња, не им е јасно.

Едноставно присилно им е ампутиран јазикот и искривена перцепцијата.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Сега до утре можеме да се убедуваме, ти кажувам како е.

Соработувам со друштвата доле и во голем дел од случаите мораме да комуницираме на англиски, бидејќи не го знаат писмото наше.

Македонскиот јазик им е на примитивно ниво, а го нарекуваат “нашки“ наместо македонски.
Бидејќи Грците им забрануваат да спомнуваат “македонски“ јазик.
Огромен дел по дома си велат и Баба, Деда и сл. кога им се обраќаат на постарите и немаат појма од каде тие имиња, не им е јасно.

Едноставно присилно им е ампутиран јазикот и искривена перцепцијата.
Мислам во мојот втор пост добро кажав. Имало некогаш во Грција Македонци ама ги иселиле и ги избркале. Па и самата преселба не е тајна и е историска. Тие што останале пополека сами си отишле бидејќи кога си во стега или се бориш или бегаш.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Кога Република Македонија ќе биде јака и кога ќе биде „кул“ да си Македонец, тогаш ко печурки ќе излезат многу Македонци насекаде. А се до тогаш... 4000 гласа.
Што да праиме, болна вистина за Македонскиот народ.
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Ова е сериозна тема а имам чувство дека на погрешна основа се постави дискусијата уште од самиот почеток. Нормално е дека се повеќе од 4500 нашинци таму но е потребна здрава анализа.
Морам да кажам дека и јас сум разочаран од освоениот број на гласови иако не сме ние тие кои се најповикани да разгледуваме причините за малиот број освоени гласови така се наметна дискусијата па што да не да имаме и ние наш поглед на резултатот.
Се обидов да најдам податоци за освоените резултати по региони кај нив не успеав (најверојатно не барав доволно добро). Тоа дека бугарите им го запреле рекламниот материјали поради тоа се освоиле мал број на гласови не држи навистина..особено ако се има предвид изјавата на виножито пред некој ден дека иако им го задржале материјалот дека се снашле и испечатиле ли нови или нешто така беше.. промоцијата на речникот беше поголема порака за односот на грција кон македонците од 100 000 двд-ја. Второ точно избори и попис не е исто, но факт е дека (особено на балканот) освоените гласови на партиите на малцинствата се своевиден попис односно бројка со која понатаму се манипулира.. да освоеше виножито 200 000 гласа дискусијата ќе беше драстично поразлична нелио?
Тоа не води до третото.. едноставно Виножито не допре до македонците таму во мера и начин како што треба. Доколку има свест национална кај нашинците тогаш каде отишле тие гласови за кои сите велиме дека се сигурно повеќе од 4500.. затоа и ги барав по региони бројките бидејќи лесно истото ќе можевме да го видиме, вака останува да претпоставиме. Колку што слушнав виножито била дел од некоја зелена коалиција, нешто сигурно гласови отишле таму, но сепак сметам дека најголемиот квантум отишле кај КПГ да да Комунистичката партија на Грција, која ако не се лажам освои 10% ! (или 8,35% со што практично е трата партија по освоени гласови повеќе и од лаос) КПГ и генерално како и во граѓанската војна ги користи или придобива македонците а рака на срце и имаше коректни изјави и настапи дури и во грчкиот парламент.. доколку успееме да ги пронајдеме податоците од каде КПГ ги црпи гласовите можеби ќе имаме и пореална слика. Во секој случај мојот личен став е дека гандизмот што го промовира Виножито во тоа ксенофобично општество ниту дава резулатати ниту пак функционира. Ја имаат мојата подршка во целост но мора да менуваат нешто.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
добро е се почна,ако се изборат за школа на македонски ќе се врати свеста,ама треба да поминат години,мене лично ме радува што и во на дедо околијата,во Драма се добија одреден број на гласови,шо укажува дека иако на времето тоа бил најмешан град сепак сеуште има наши таму,нека пуштат визите и ке посетам градот
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Абе 4500 вие се уште го сметате за релевантна бројка и не наместена?
Мислите дека грција ќе си дозволи да објави бројки поголеми од 4500 гласа?
А се ќе направи за да не објави, оти ако објави поголем број тогаш тоа е како да си извршила самоубиство.
Кој ги брои гласовите?
ОД каде знаете дека Виножито фигурирала на сите избирачки списоци? Од каде знаете дека на Македонците им е дозволено да гласаат? итн. итн.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Мислам во мојот втор пост добро кажав. Имало некогаш во Грција Македонци ама ги иселиле и ги избркале. Па и самата преселба не е тајна и е историска. Тие што останале пополека сами си отишле бидејќи кога си во стега или се бориш или бегаш.

од стока се гради, од човек не....така и твојот упад на темава...кој од авион се приметува (башка неинформираноста и глупостите за иселувањата) е тендециозен, анти македонски ама пред се смешен..дали од непознавање или хистеричност...не знам

за Македонците на форумов(не мислам тебе да те просветлувам)

1.математички само селото овчарани со околните селца бројат жители / гласачи МАКЕДОНЦИ колку целиот број освоени гласови на Виножито во цела Грција... неправилностите и математиките од авион се гледаат.

2.Методите на заплашување се длабоко навлезени во секоја месна заедница а отказите иу линчот се честа практика

3.Местењето на гласови кога изборната комисија е составена од Грци под закрила на државната наци политика е премногу лесна, детска работа...

за се треба време.....
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Е чекајте сеа...
Околу 6500 гласови освоила ВИНОЖИТО, а во Грција нели би требало да има околу 1 милион македонци? Мислам нелогично е да се бориш за своја кауза и идентитет, а од милион потенцијални гласачи, да освоиш 6500 гласови.

*ете нека не се милион гласачи, нека бидат и 200 или 300 илјади, пак е премалку.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Е чекајте сеа...
Околу 6500 гласови освоила ВИНОЖИТО, а во Грција нели би требало да има околу 1 милион македонци? Мислам нелогично е да се бориш за своја кауза и идентитет, а од милион потенцијални гласачи, да освоиш 6500 гласови.

*ете нека не се милион гласачи, нека бидат и 200 или 300 илјади, пак е премалку.

Ако ги прочиташ претходните постови ќе ти се разјасни барем малку.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Е чекајте сеа...
Околу 6500 гласови освоила ВИНОЖИТО, а во Грција нели би требало да има околу 1 милион македонци? Мислам нелогично е да се бориш за своја кауза и идентитет, а од милион потенцијални гласачи, да освоиш 6500 гласови.

*ете нека не се милион гласачи, нека бидат и 200 или 300 илјади, пак е премалку.
Само можам да ти кажам дека е лесно е да си Македонец во Македонија. Во Грција не е така едноставно. Има погоре постови кои ти објаснуваат некои работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom