Тивко одлагање на одлуката за визите?:nerv: :nerv: :nerv: :nerv: :nerv:
Тивко одлагање на одлуката за визна либерализација во ЕУ. Европските земји членки на денешниот амбасадорски состанок го примија мислењето на Европската комисија за реформскиот напредок на земјите од регионот, но одлучија да го презакажат состанокот за 2. јуни.
Денеска тие требаше да дадат начелно свое мислење за визите, но од Европската комисија побараа уште време да оформат став, пренесува за А1 европски дипломат кој присуствувал на денешниот состанок.
Утрово Европската комисија се огради и од извештаи кои се појавија во медиумите минатата недела и кои ја оценуваа Македонија со 5-ка за визните реформи.
Портпаролот на ЕК енергично ги отфрли оценките и порача дека процесот се уште трае.
Мислењата кои беа објавени минатата недела се лична интерпретација на тинк тенкот „Европска иницијатива за стабилност“ (ЕСИ) за наодите на Европската комисија, и не претставуваат официјален европски став.
„Нема финален извештај на Комисијата. Не знам кој што известил или објавил, се објавуваат најразлични документи постојано, но тоа не се секогаш документи на Комисијата“, изјави Микеле Черконе, портпарол на ЕК.
„Официјалниот извештај попладнево ќе им го претставиме на земјите членки, ќе го слушнеме нивното мислење и потоа ќе добиеме финален извештај кој ќе и го доставиме на администрацијата на Советот“, додаде Черконе.
Дипломатите во Брисел велат дека извештаите не се конечни и дека се може да биде модифицирано во последен момент.
Иако е сигурно дека Македонија е најдобра во регионот, разочарувања се можни ако се форсираат точни датуми за укинување на визите, велат од ЕУ.
Топката е во рацете на земјите членки на Унијата, тие го имаат крајниот збор. Денеска тие побараа уште време за визната либерализација на Западниот Балкан.
Кој да биде крајниот исход од внатрешната дебата на ЕУ за визната либерализација, Македонија ќе биде меѓу првите кои ќе можат да патуваат без визи низ Шенген зоната.
Останува сега земјата да презентира навистина чисто кристално досие и да работи на последните недостатоци.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109063http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109063