Љубомората - знак на љубов или опасност?

N

navivacka

Гостин
Секако дека има,јас порано бев таква,постојано се карав со него за тоа што го правел со кој бил и слични глупости:tapp:а на крај можеш да ја загубиш личноста поради љубомора.Ако воопшто не си љубоморен прашај се себеси дали воопшто имаш чуство кон таа особа?дали тие сеедно или не за тоа што го правел или со кој/а другар/ка бил/а на кафе?(кажувам пример)
 
D

DimoK

Гостин
има врска ако некого сакаме барем малку ќе имаме љубоомора спрема него,неможеш толку да бидеш рамногдушен, љубомората спрема некој е чувство на страв да не го загубиме тој што ни значи, тој што го сакаме!
Се согласувам!!ама ако е премногу е премногу и е премногу не е убо!!!
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Љубомора во граници на нормала и контролирање е во ред, меѓутоа има случаеви кога љубомората не се поднесува, некој да не ти дава слобода ни минимална, зошто си бил на кафе, зошто си бил некаде на гости, зошто на факултет, зошто не си кажал јас ке одам таму и таму зошто не си пријавил кога си се вратил, мислам алооо кај отиде светот секој сака слобода, секој сака љубов-партнер, ама некој да те гуши е тоа не, љубоморта ако не се контролира е голем непријател на секоја врска.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.960
Поени од реакции
24.155
Гледам некои мешаат работи па да потенцирам посесивноста е веќе малтене болест и тоа е веќе друга тема на муабет.

Љубомората од друга страна е слабост на карактер

За да постои љубомора треба да има причина од едната страна за да другата биде љубоморна не.
Е сега некогаш едната страна е љубоморна заради глупости и баналности, некогаш заради неоправдани (односно поточно кажано немање на дефакто црно на бело докази) ама доста сумљиви ствари а некогаш и заради оправдани ствари. Во каков и да е од трите случаеви, љубомората е пак слабост.
Е сега обзирен партнер кој се посветува на врската и го цени партнерот со кој е во врска одприлика знае кои свои постапки кај партнерот предизвикуваат љубомора и ќе ги избегнува. А кои се тие работи (ако некој праша), истите коишто и самиот би го направиле љубоморен.

Други пак (нарочито женски) го прават она што ''стручно"" го нарекувам потег со бекап варијанта за да го направат партнерот љубоморен и нервозен за свои его-трип цели. Што е тоа потег со бекап варијанта? На кратко тоа е главно орудие со кое се служат женски насекаде на нарочито во машко-женски односи. Женско ко женско за некои свои лични цели (кои варираат од обична зафрканција до тешко користољубие) покрај добри потези (спремање вечера, купување карти за концерт/кино/фестивал итн...) прават и лоши покрети каде што тие од исходот би се осеќале добро а партнерот лошо. Е сега за да не биде кривица нивна дека се кучки и прават злобни работи смислуваат бек ап варијанта демек потегот што они го направиле бил од хумани и најсвети причини а дека партнерот е глуп, безобрзен сељак оти не го сфаќа тоа и реагира за глупости. Партнерот не може да докаже дека девојката тоа што го направила било од хуманите причини и се нервира-девојката победува во својата намера. Во конкретниот случај со љубомора да поставиме една хипотетичка ситуација. Се шета Трајче со девојка му. Одеднаш она здогледува некои 2-3 ца пријатели машки. Им се фрла за поздравување како да и се брат од Австралија што не го виделе 20 години, ги плеска по гз ги фаќа за половина им дофрла коментари-леле колку сте ослабени и разубавени да ве грабне човек, кога ќе се збереме како претходниот пат кога се испоначукавме и 300 глупости направивме. Потегот-стапица е поставен. Она сега само ја чека реакцијата од машкото кое одприлика по нејзина предпоставка (а најчесто е во право) излегува вака-машкото смрштува поглед и коментира видно нервозен-кои ти беа овие? или подирекно-зашто вака се понашаш? Потегот ако и успее одма ја вади бек-ап варијантата што гласи од прилика вака-говедо ниедно тие ми се н-ти бртучеди/другари од градинка/комшии од деца/на мајка ми забарката синови, ги сакам како браќа и дрн дрн јариња и си го полнат егото. Целта е постигната. Ако не им успее најчесто самите стануваат жртви на сопствениот обид и се нервираат-леле види го педеров ја уште што не се изебав со дечкиве а овој седи од страна и не реагира никако, а ако тоа и вербално му го каже на дечкото у стилом-ти никад не си љубоморен не ти е гајле за мене што правам и ако дечкото е малку паметен да и врати со-не драга нема потреба да бидам љубоморен, ти верувам 100% сигурно тие ти се некои блиски другари, нема потреба вака да реагираш итн ондак дефинитивно со свој камен по глава наебала...
Поентата ми е момци-колку и да (мислите дека) имате висока интелигенција во оние машко-женски релации, женските убедливо водат со 10 разлика на гостински терен. Во моментот кога ќе паднете на овие потези со бекап варијанти веќе сте поразени. Ако изреагирате љубоморно веќе они го фатиле далинското и ги држат конците. Без разлика дали расправијата ќе продолжи или не без разлика дали вие ќе се издеравате на цел глас мислејќи дека со таа демек типична мачо алатка (издеравање и агресија) ќе ја наметнете својата позиција на доминација вие веќе сте откриле слабост и сте прити мач факд ап. Таа ќе ги истрпи сите навреди од вас ама во себе знае дека со карта љубомора може да ве игра до сто и една и назад.
Така да најдобро е да не реагирате воопшто никако па ќе уживате кога самата таа ќе си стане жртва на сопствениот куршум, или во најмала рака ако не изреагира никако на вашето нереагирање во себе ќе се изеде жива. Едноставно продолжете со муабетот каде што сте застанле дур не се десила ситуацијата. Ако за инат (оти не и успеало првиот пат) продолжи да ви ги прави истите потези со бекап варијанти откачете ја ама културно и мирно. Ни под точка разно да не ви текнало да и кажете дека причина е тоа што упорно и дрско ве терала на љубомора затоа што одма она го вади бекапот кога бе тоа? на што ти одговараш со тогаш и тогаш со тие и тие на што она одма го искористува бекапот, вие не можете да докажете дека ве лаже и сте во шах мат. Сосем мирно и сталожено кажете и некоја сосем друга причина и раскинете и, и оставете ја да се изеде жива. Излезете од ситуацијата како победник, и освен за привремено плескање баталете врски со вакви квачки што рака на срце ги има во изобилие да не бидам прегруб па да кажам нешто друго.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.051
Поени од реакции
15.026
знак на љубов........
а тоа по default се сфаќа како опасност
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.282
Љубомора до одредена граница е сосема нормално секој ја има иако некој вика кај мене нема тоа.
Љубомора во преголема доза носи опсесивност и опасност.
 
Член од
22 септември 2010
Мислења
130
Поени од реакции
27
Добро е да ја има до степен до кога и сам си е свесен дека може да ја контролира исто и јас, немора да значи дека ако сум бесна и нервозна поради нешто дека треба да се истурам на него, полека и што е мое ке си биде мое.

Ако не се замара дали ке ме изгуби со преголема љубомора нема тоа никаква врска со љубов...
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.925
Поени од реакции
834
Во ограничани дози и тоа мали е добра...за мене љубомората во врска значи дека на партнерoт нешто му значите и дека се грижи за вас сепак претераната љубомора покажува дека немате доверба во партнерот така да пoмалце :)
 
D

Daedalus

Гостин
Ако си љубоморна во нормална мера, тоа значи дека особата ти значи.
Ако љубомората ти оди во екстреми тогаш најверојатно истата е резултат на недоверба во себе, својот партнер или страв дека твојата врска ќе заврши.
Можеби сметаш дека особата поради која си љубоморна е поатрактивна од тебе.
Во некои случаи љубомората може да биде резултат на некои психички болести.
Еве ти пример за тоа...
http://en.wikipedia.org/wiki/Morbid_jealousy
Важна е причината поради која некој е љубоморен. Љубомората сама по себе е резултат.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќе ве редам со негативни поени секој ден додека не се откажете во намерата секоја ново отворена тема да се трола. Макар и Веселинова да отвори тема во овој подфорум. За недела дена 20 души ќе се банирате, мераци.
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
гадно чуство , полно со негатива , дерење, кавги , расправии, хејтање, муртење ...нејчам живото така да ми помини, јас барем си имам решено дека нема да бидам љубоморна, ви ветувам......:хејло
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.499
Поени од реакции
4.358
Љубомора, најлошо нешто што може да постои. Тоа не е љубов тоа е далеку од љубов. Јас го сметам за болест и за голема несигурност кај личноста што по природа е љубоморна.
Тешко на тие што имаат љубоморен партнер а се заљубени во истиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom