Љубов кон жената или љубов кон компјутерот

Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Здраво на сите форумџии. Темава мислам дека би била интересна со оглед на фактот што често и самиот сум се наоѓал пред тој предизвик: љубов кон жената или кон компјутерот и интернет се разбира. Не дека не си ја сакам жената (далеку од тоа), меѓутоа честопати самата ме доведува во ситуација да полудам и да го дам оној одговор погубен за двајцата. Знаете кога ке те предизвика со прашањето: или компјутерот или јас? ....ми доаѓа да полудам и да ја отерам кај што не треба. Одговорот мој секако е: КОМПЈУТЕРОТ!
При бидејќи многумина од вас се зависници како мене, би ми било мило да дадете коментари во врска со тоа прашање. Дали има слични како мене и како ја пребродуваат таа криза. Дали апстинираат некое време од компјутерите или пак од жената. Секако би било добро одговорите да бидат искрени.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Најарно е ако можиш и двете да ги држиш... мада ако некоја би ме поставила пред ваква дилема, искрено незнам што би правел.

Стварно е заебано, ни без жена чини, ни без интернет чини.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.387
Толку е тешко да се направи баланс?

Како што треба едниот да има разбирање за компјутерот, така и другиот треба да има разбирање за вниманието кое треба да го посвети и на својот партнер. Не би се откажал ни од едното ни од другото, а најверојатно никогаш не би имал ни девојка (жена) која не би ја сфатила потребата од компјутер/интернет во денешно време.

Така да, ги задржувам двете работи.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Дали можеби проблемот е во тоа што мојата жена ретко го користи компјутерот? Кога би го користела почесто можеби ке има претстава какви се моите чувства. Како што кажав на почетокот, далеку од тоа дека не си ја сакам жената ама богами знае да те извади од такт кога ке те предизвика со прашањето. Можеби е љубомора во прашање ама и тоа не држи вода...зш користиме и двајцата мсн, профили на фацебоок и сл. Што е проблемот не умеам да кажам?!
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Проблемот е што можеби и е досадно.Кога седиш на компјутер тебе во секој случај времето побрзо ти мине отколку неа.
Може и двете ама со добар план....не е убаво да се запостави едното поради другото:smir:
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Жена која ти дава услов да избереш меѓу незе и нешто друго боље да ја немаш. Точката кога ти дава таков услов и избор е точка од која нема враќање назад кон поранешниот однос меѓу вас. Кој би се осеќал исто кон личност која дава услови а можеби и закони во врската. Ова важи и за двете страни.
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Дали можеби проблемот е во тоа што мојата жена ретко го користи компјутерот? Кога би го користела почесто можеби ке има претстава какви се моите чувства. Како што кажав на почетокот, далеку од тоа дека не си ја сакам жената ама богами знае да те извади од такт кога ке те предизвика со прашањето. Можеби е љубомора во прашање ама и тоа не држи вода...зш користиме и двајцата мсн, профили на фацебоок и сл. Што е проблемот не умеам да кажам?!
Можеби проблемот пак е што таа согледува дека ти поминуваш вишок непродуктивно време пред твојот комјутер и тоа и смета, а не љубомората спрема машината на пример. Можеби сепак зборува за твое арно, само нетактички. Инаку каков е тој избор ова првпат слушам жена версус комјутер. Значи да допишам во работите шо се обезвреднети: дипломите-cheked, жените...следни итд...
Е**** практичен нов милениум.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Жена која ти дава услов да избереш меѓу незе и нешто друго боље да ја немаш. Точката кога ти дава таков услов и избор е точка од која нема враќање назад кон поранешниот однос меѓу вас. Кој би се осеќал исто кон личност која дава услови а можеби и закони во врската. Ова важи и за двете страни.
Го делам твоето мислење Dark King...тоа е она за што зборував. Кога ке го спомне зборот: Или јас или компјутерот?! ....просто побеснувам и како заинает одговарам: КОМПЈУТЕРОТ!
Не би било лошо да се чуе и женската страна особено ако се навлечени на нет!
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Еве женска страна (од женско што е минимум 12 саати дневно на компјутер). Се склопува едно со друго без проблем. Малце е неблагодарно да бираш помеѓу две нешта што ги сакаш како во случајов; нетот го оставам да доцна навечер и така не сум по спиењето. Кога ноќта е пред тебе, имаш доволно време и за работа и за програмче и за форум...
Љубовта сама си наоѓа време за себе... И така е неубава кога е темпирана. :smir:
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Ќе ја скренам темата во погрешна насока, извини, али не можам да одолеам...
“Љубов кон компјутер“? Чоек, машина е тоа! Некако не ми иде да се стават тие два збора во иста реченица.

Знаеш, неретко сум по два-три дена пред компјутер без спиење и навистина уживам во мојата работа, но, љубов... резервиран ми е зборот за живи суштества.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дали можеби проблемот е во тоа што мојата жена ретко го користи компјутерот? Кога би го користела почесто можеби ке има претстава какви се моите чувства. Како што кажав на почетокот, далеку од тоа дека не си ја сакам жената ама богами знае да те извади од такт кога ке те предизвика со прашањето. Можеби е љубомора во прашање ама и тоа не држи вода...зш користиме и двајцата мсн, профили на фацебоок и сл. Што е проблемот не умеам да кажам?!
Јас можам да гарантирам дека времето кое го поминуваш на компјутер и времето кое го поминуваш со женати е во размер 90% со 10% и дека тоа трае долго време.Не дека те уценува компјутер или јас,туку си и дошол преку глава со невниманието.Порано наместо компјутер си одел на прошетка со неа,си играл карти,на гости,со друштво,а сега што од ова си направил?
Не дека сум баба Ванѓа,ама имам еден кој тотално се изгуби со тоа игриците како ли се викаа кантер,мантер,дота,дрн дрн.Или фудбал по 24 часа,осет бе луѓе осет,не сте сами.Но за да те научи на памет,ако чита по форумов,ќе и предложам да почне да излегува секој ден,додека ти седиш на ком.Буквално секој ден на кафиња,навечер со друштво во дискотеки и барови,само колку да почувствуваш какво е чувството кога си сам а си во врска,да видиме дали после е интересно да седиш по цели денови и ноќи на ком:smir:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Ја мислам дека не се работи за комјутерот туку проблемот е малку покомплексен највероватно твојата жена има потреба од внимание, еве чисто пробај да гледаш фудбал или фокусирај се на судоку и не пали компјутер ќе се увериш дека ќе имаш повторно сличен ултиматум се додека не се концетрираш кон неа.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Јас можам да гарантирам дека времето кое го поминуваш на компјутер и времето кое го поминуваш со женати е во размер 90% со 10% и дека тоа трае долго време.Не дека те уценува компјутер или јас,туку си и дошол преку глава со невниманието.Порано наместо компјутер си одел на прошетка со неа,си играл карти,на гости,со друштво,а сега што од ова си направил?
Не дека сум баба Ванѓа,ама имам еден кој тотално се изгуби со тоа игриците како ли се викаа кантер,мантер,дота,дрн дрн.Или фудбал по 24 часа,осет бе луѓе осет,не сте сами.Но за да те научи на памет,ако чита по форумов,ќе и предложам да почне да излегува секој ден,додека ти седиш на ком.Буквално секој ден на кафиња,навечер со друштво во дискотеки и барови,само колку да почувствуваш какво е чувството кога си сам а си во врска,да видиме дали после е интересно да седиш по цели денови и ноќи на ком:smir:

Leandrа може ли да ми одговориш барем одкаде си толку сигурна дека 90% од времето го поминувам пред компјутер, дали и ти имаш такво искуство? И друго, не сум по игриците воопшто, туку по интернетот бидејки за мене тој претставува забава он деманд како што велат. Може да се каже дека и телевизијата ја баталив (мислам дека му го перат мозокот на народот со нејзе). Да ти кажам искрено воопшто не ме засега тоа дали таа ке искочи сама или не, не сум љубоморен тип,..и јас сум тој што би искочил со нејзе се разбира да се прошетам. Не сакам да ме споредувате со некој забеган гејмер, јас сум фамилијарен човек кој си ја сака својата жена и децата.......единствена мана ми е што слободното време го користам максимално пред компјутер и не гледам што има лошо во тоа?! Немојте само да ми кажувате дека вие не сте такви и дека имате мерка. Па луѓе мои ве гледам на мсн, фацебоок, Хи5 .... можеби не баш вас ама како вас слични (нон стоп се онлине). И она оправдание за вклучен мсн или фацебоок, кое честопати го слушам од другари и пријатели: "абе не така ми е уклучен нон стоп, јас бев надвор...дрн, дрн, дрн ... не држи вода зошто тоа често се случува и верувам дека секој од вас сака да си го одмори компјутерот малку а не да излегува од дома а да го остава компјутерот вклучен.
 
Јас само имам еден таков до мене,кој слободното време сакаше максимално да го мине пред компјутер:smir:
Си ме сфатил како да те напаѓам,напротив јас само не те подржувам во твојата убеденост дека слободното време се мине максимално пред ком,а особено ако сте вработени лица.Не те рамнам ни со дете бидејќи си возрасен човек и имаш фамилија,туку ти давам одговор на прашањето зошто женати реагира на тој начин.Ако и она во слободното време е на компјутер,а тебе те става на игнор и ти ќе реагираш.Разбери ја нејзината позиција,бидејќи во случајов ти си тој кој не е во право.Наместо максимално пред ком или во проценти 90%,намали на 50% а остатокот посвети и се нејзе.Ем ти на интернет,ем она среќна:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom