Љубовта е навистина слепа

M

Muranyi

Гостин
И јас не верувам во "научни студии" од овој тип кои се среќаваат обично на портали од типот идивиди,кадевечер итн. Глупости. И да, трагиката е во тоа што самиот израз "научни студии" има хипнотичко дејство врз масата, т.е. конзументите за кои е наменета веста и тие по дифолт ја проголтуваат веста без никаква претходна анализа. Зошто па некој би се замарал со размислување кога научниците ја истражиле материјата и ти ја направиле достапна?
 
P

parvati

Гостин
Љубофта не е слепа, ја сум слеп - Саша

Колко и да си заљубен, моооора да га приметиш убаво стфарче покрај тебе,не е финта да буљиш како никад дунду да не си видеја, него чисто онакој да се забележи и да се осети визуелно тај бомбастична лепота
Ја не смем да глеам у други кд сам сс девојку, ке игра некој Ник Слотер зафат у врат. Проба едн пут да ставу ретровизор на рамо за да глеам назад и да шмекну некој гз, али тај направа беше скршена сс туп предмет по пределот на малото огледало
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
imgres.jpg
Марија Склодовска Кири е родена во 1867 година во Варшава. Потекнува од угледно но сиромашно семејство, Нејзината Мајка починала од туберколоза кога таа имала само 12 години. По завршување на гимназија немала пари да го продолжи школувањети на униврезитет. Во таква ситуација прави договор со својата сестра Броњислава, да взаемно се помагаат да завршат факултет. Најнапред Марија ќе работи и ќе ја помага сестрата, а кога Броњислава ќе се среди, таа ќе ја помага Марија
Така и направиле - Марија се вработила како гувернанта во едно семејство и и праќала пари на Броњислава која се запишала на студии во Париз.
Но додека работела како гувернанта , се вљубила во Казимјеж Жорaвски, подоцна славен математичар и ректор на Универзитетот во Варшава. Љубовта била страсна и взаемна и младите решиле да се венчаат. На тоа се спротивставила фамилијата Жоравски која не сакале ниту да чуе нивниот син да се ожени со една гувернанта. Но тие и понатаму се гледале.
На почетокот од 1890 година, Броњислава се омажила и ја повикала својата сестра Марија, да дојде во Париз и да студира. Но Марија тоа го одбила бидејќи се уште се надевала во врската со Казимјеж, со кого се уште се гледале
Најпосле, бидејќи ја изгубила надежта во бракот со Казимјеж, Марија, на крајот од 1891 година, оди во Париз. Неколку месеци подоцна и Казимјеж, разочаран стапува во брак со пијаниската Леокаида Јанушевич
Во Париз, Марија се посветила целосно на студиите, на тој начин наогајќи утеха од љубовните разочарувања. Во 1893 година, дипломирала како првенец на генерацијата и се вработила како лаборант во една лабараторија. Истовремено продолжила да студира и математика.
Во 1894 го запознала Пјер Кири. Пјер, кој во тоа време бил во на докторски студии, страсно се вљубил во неа и и понудил брак. Но таа го одбила со образожение дека сака да се врати во Полска.
Пјер ја запознал со Бекерел, во чија лабараторија ја подготвувал тезата и Марија таму се вработила.
Сепак во 1895, кога Пјер докторирал, Марија попуштила и ја прифатила брачната понуда и тие стапуваат во брак.
Во тој брак се родени две ќерќи Ев и Ирен ( подоцна исто славнен научник и добитник на Нобеловата награда )
Но бракот со Пјер траел кратко. На 15 април 1906, Пјер загинал во сообраќајна несреќа
Во 1910 се појавиле озборувања за врската помеќу Марија и студентот на Пјер, Пол Ланжевен. Пол се развел од својата сопруга поради врска со 4 години постарата Марија. Но од оваа врска не настанло ништо повеќе, и во 1911 се се завршило.
Марија и понатаму планирала да се врати во Полска
Марија Склодовска Кири е единствена по тоа што два пати добила Нобелова награда, во 1903 за физика и во 1911 за хемија
http://en.wikipedia.org/wiki/Marie_Curie
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
200px-Cornelia_Cinnae.jpg

Бракот помеѓу Корнелија Цина и Цезар е сколпен од 84 година п. н. е кога таа имала само 14 години, а Цезар само 17. Корнелија била ќерка на Цина кој четири пати бил биран за конзул и бил првенец на партијата на која припаѓале Цезар и неговиот тетин Марие
Кога во Рим на власт дошол Сула, противник на Цина и Марие тој го присилувал Цезар да се разведе од Корнелија, со закана дека ќе го убие. Но Цезар тоа го одбил, љубовта е слепа и тој по цена на животот останал верен на својата сопруга
Корнелија ја родила ќерка - Јулија 76 година п.не
За време на второто породување починала 69 година п.н.е
Братот на Корнелија, бил учесник во убиството на Цезар 44 година п.н.е
Ќерката Јулија исто имала трагичен крај. Била многу убава но од политички причина на возраст од 15 години е омажена за 35 години постариот Помпеј. Починала за време на породувањето 54 година на возраст од 18 години
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Прегледај го приврзокот 80969

Во пролета 39 година п.н.е., шетајќи низ Римскиот форум, младиот Октавијан, тогаш на возраст од 24 години, ја здогледал Јулија Друсила. Веднаш, страсно се вљубил.
Љубовта е навистина слепа, но овој пат била претерано слепа, дури и повеќе од тоа, овде имало “ проблем “.
Имено, Октавијан во тоа време бил оженет со Скрибонија, која очекувала дете од него.
Да биде уште позаплеткано и Јулија Друсила, тогаш на возраст од 19 години, била мажена со Тиберије Клаудије Нерон. Веќе имала едно машко дете,на возраст од три години и била трудна со второ дете.
Проблемот се решил вака:
Октавијан почекал три месеци, неговата жена Скрибонија, да се породи и веднаш по породувањето се развел.
Кога и Ливија се породила и таа се развела. Три дена по породувањето, на 17 јануари 38 година п.н.е. Ливија и Октавијан стапиле во брак.
И покрај страсната љубов, во овој брак, Ливија и Октавијан немале деца,
Деца на Ливија од првиот брак се Тиберие - подоцнежниот импертор и Друз Постариот, татко на императорот Клаудие и дедо на императорот Калигула
Јулија, која е родена во бракот на Октавијан со Скрибонија е единствено дете што тој го имал
Бракот на Октавијан и Ливија траел до крајот на нивните животи - преку 50 години
http://en.wikipedia.org/wiki/Livia

Не ја гледам љубовта овде само себичноста и хирот.... незнам така ми изгледа, двајца себични луѓе што оставиле три деца без родителска љубов... што му викаше една на величествениот „секоја твоја душа е и моја душа“ не може да го сакаш човека а да му ги повредиш децата
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не ја гледам љубовта овде само себичноста и хирот.... незнам така ми изгледа, двајца себични луѓе што оставиле три деца без родителска љубов... што му викаше една на величествениот „секоја твоја душа е и моја душа“ не може да го сакаш човека а да му ги повредиш децата
Не.... и те како Октавијан и Ливија се грижел за сите деца
Октавијан ги посвоил двете деца на Ливија од првиот брак.
И својата ќерка Октавија тој ја чувал и воспитувал. Дури не и дозволувал на природната мајката Скрибонија да ја гледа.
Октавија е покасно омажена за еден од синовите на Ливија
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
4cb05a22e8814c3d5b41a1b476f44db5.jpg

Забележав дека има Кајганџии/ки кои се уште се мислат и премислуваат дали да склопат брак
За Жа Жа Габор тоа не и представувало проблем. Таа стапила во 9 брака.
Родена е 1917 година. За мис на Унгарија е избрана 1936
За првпат се омажила 1937.
Нејзина изрека е дека од секогаш сакала мажи кои знаат убаво да се однесуваат и да разговарат со жените.
http://en.wikipedia.org/wiki/Zsa_Zsa_Gabor
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
009_george_sand_musset_theredlist.jpg

Жорж Санд е родена 1804 година ( вистинско име и е Лусил Дипен )
Како многу млада. 1822 година, се омажила за девет години постариот Казимир Дидеван со кој имала два сина
!831 го напушта мажот од кој се разведуваа 1835 година
И тогаш почнуваат нејзините романси.
Еве неколку имиња
Јил Сандо, - од него потекнува нејзиното уметничко презимето Санд
Проспер Мериме
Алфред Мисе
Фелисиен Малефил
Луј Блан
Сите се познати писатели.
Најпозната е нејзината романса со Фредерик Шопен која траела 10 години ( 1837 - 1847 )
Била и во пријателска врска со Морис Дорва и Гистав Флобер
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
images.jpg

Meри Хопкин е родена 1950 година. Беше многу успешна фолк пеачка од Велс со извонреден глас, во што можете да се увeрите слушајќи го нејзиниот голем хит од 1968 година Тhose were the days,
http://www.youtube.com/watch?v=2KODZtjOIPg

Но љубовта е слепа. Во 1971 таа решава да се омажи, да ја прекине кариерата и целосно да се посвети на семејството и децата. Во наредните 10 години ретко се појавува и тоа најчесто како помошен вокал во продукциите на нејзиниот Сопруг, кој беше музички продуцент.
По разводот 1981 повторно се враќа на кариерата, но без толкав успех како пред бракот
http://en.wikipedia.org/wiki/Mary_Hopkin
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
imgres.jpg

Oливера Катерина е родена 1940 година
Како многу млада, на крајот од педесетите години, се забавувала со ватерполистот Милан Мушкатировиќ. Уште во првата година на студирање на Академијата е ангажирана да ја игра Коштана во Народниот театер во Белград.
1963 се мажи за театарскиот критичар Вук Вучо, но овој брак трае само една и пол година.
Потоа има подолга романса со Ратко Дражевиќ
Во 1970 се мажи за Миладин Шакиќ, со кој го има единственото дете, синот Мане.
За жал и овој брак трае кратко. Во 1971 година Миладин Шакиќ загинува во автомобилска несреќа
По смрта на сопругот Шакиќ, според нејзино сведочење, таа немала врски со ниту еден друг маж. Тоа се случи кога таа имаше само 31 година.
http://en.wikipedia.org/wiki/Olivera_Katarina
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Simone-Signoret-2-11087-C.jpg

Симон Сињоре е родена 1921, во Визбаден. Бидејќи имала и еврејско потекло, пред Втората светска војна, нејзиното семејство емигрира во Париз. Во Париз таа е редовен посетител на Café de Flore во St. Germain- des -Prés . Покасно таа ќе напише дека всушност таа е родена 1941 во ова кафе. За време на војната целото нејзино семејство учествувало во Отпорот. Тука го запознала и во 1944 се омажила за режисерот Ив Алегре, со кого ја добила и единствета ќерка Катрин. Овој брак траел само до 1949. Во 1951 стапила во брак со Ив Монтан.
Бракот со Ив Монтан ќе трае се до крајот на нејзиниот живот. Во 1954, парот купил имот во Нормандија кој во наредните години ќе стане собиралиште на интелектуалната елита на Франција.
Во 1960 во врската со Ив Монтан ќе настане криза, бидејќи се појавува соперничка - Мерлин Монро.
Но љубовта е слепа и таа ќе ја победи соперничката со изјавата која ќе влезе во легенда: Si Merilyn est amoureuse, de mon mari, cela prouve qu'elle a bon gout - Toa што Мерлин се вљубила во мојот сопруг, покажува дека има добар вкус.
Во овој брак немале деца. Интересно е што по нејзината смрт Ив Монтан се преженил и во 1988 го добил единственото дете, синот Валентин
http://en.wikipedia.org/wiki/Simone_Signoret
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
220px-Lucretia_Borgia_Pinturicchio.jpg

Лукреција Борџија е родена 1480 година како вонбрачна ќерка на папата Александар VI
Нејзиниот љубовен живот беше диктиран од политиката која ја водеа нејзиниот татко и брат - Чезаре Борџија. Истиот беше предмет на бројни романи, филмови и слично. Овде нема навлегуваме во сите можни озборувања, во кои е прикажана како фам фатал, туку само ќе ги наброиме фактите.
За првпат е омажена 1493 за Џовани Сфорца, кога таа имала13 години а мажот 25. Овој брак е раскинат поради наводна импотенција на мажот во 1497. Тужбата за разводот ја поднел нејзиниот татко. Инаку Џовани подоцна се оженил и имал деца.
Втор пат е омажена во 1498 за Алфонсо од Арагон. Во овој брак таа го родила синот Родриго, кој ќе живее одвоено од мајка си и ќе умре на возраст од 12 години. Бракот со Алфонсо ќе трае кратко. Во 1500 година, братот на Лукреција - Чезаре, ќе организира убиство и ќе го убие
Трет пат е омажена во 1502 година со Алфонсо од Есте. Овој брак ќе трае се до нејзината смрт 1519. Во овој брак таа живеаела во Ферара имала повеќе деца и била мецена на уметниците
Кога ќе се спомене нејзиното име, се појавуваат непријатни асоцијации.
Но јас размислувам за фактот дека, таа била владетелка во Ферара, во исто време во Ферара се школувал нејзиниот син Родриго, а таа не можела да го види, додека бил жив.
Еве прочитајте и сами заклучете
http://en.wikipedia.org/wiki/Lucrezia_Borgia
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве уште еден пример кој покашува на колку различни начини може да се покажува љубовта
François_Boucher_019_(Madame_de_Pompadour).jpg

Маркизата де Помпадур е родена 1721 година со име Жан Антоанет Пуасон.
1741 се мажи за Шарл Гиом ле Норман де Етуал со кого имаше две деца. Машко кое почина пред да наполни една година и девојче кое живееше девет години.
Во 1745 во неа се вљубува Луј XV и таа станува службена љубовница на Кралот
Вие се прашувате, каде е овде слепата љубов.
Слепата љубов е од оставениот Сопруг. Нему му е понудено да биде амбасадор во Турција, но тој одбил. Така да бракот морал да биде службено раставен. Меѓутоа тој и понатаму ја сакал и се надевал.
Повторно се оженил дури по нејзината смрт
Вториот брак, кој го склопил на возраст од 47 години. Овој брак бил многу среќен имал повеќе деца и доживеал возраст од 83 години.
Еве погледајте за Мадам Помпадур и нејзиниот Сопруг

http://en.wikipedia.org/wiki/Charles_Guillaume_Le_Normant_d'Étiolles
http://en.wikipedia.org/wiki/Madame_de_Pompadour
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Шерилин Саркасијан позната под името Шер е родена 1946.
Многу млада се омажила за Сони Боно со кој има еден син.
Но 1975 се разведува и склопува нов брак во Грег Алман и овој брак траел кратко, до 1979 година
Но, она што покажува дека љубовта е навистина слепа се случило во јануари 1998, кога Сони Бони загинал во несреќа
Послушајте што Шер, вели за Соно на самиот погреб
http://www.youtube.com/watch?v=gdHdd5ejAeY

Прочитајте за Шер
http://en.wikipedia.org/wiki/Cher
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Софија Вилани Шиколоне е родено има на познатата глумица Софија Лорен која е родена 1934 година
На 15 годишна возраст почнува да се занимава со филм кога се среќава со својата голема и единствена љубов Карло Понти роден 1912. Карло ја запознал Софија во додека бил судија во натпревар за избор на убавица во кој таа учествувала. Веднаш помеѓу нив се јавила љубов и акотој е веќе еднаш оженет.
1957 таа се мажи за Карло Понти, Во тоа време во Италиа не се допуштени разводи раставен. и нејзиниот брак е поништен во 1962
Повторно се мажи за него во 1966 кога успеале во Франција да обезбедат развод на претходниот брак
Еве доказ дека љубовта е слепа и ништо не може да ја запре
http://en.wikipedia.org/wiki/Sophia_Loren
 

Kajgana Shop

На врв Bottom