Љубовта е навистина слепа

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Никаде не потенцирав дека не се вистински приказни , поентата ми беше дека времево или луѓево се измелезија , т.е многу ретко на денешницава постојат ваквии приказни.
Ништо не е променето во однос на љубовта каква е денес во однос на тоа каква била, на пример, во времето на Римската империја.
Има големи промени во техниката, транспортот, науката итн, но во однос на љубовта нема никакви промени.
Единствено денес се луѓето повеќе образовани и имаат можност да го анализираат љубовното искуство.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
57
Поени од реакции
37
Ништо не е променето во однос на љубовта каква е денес во однос на тоа каква била, на пример, во времето на Римската империја.
Има големи промени во техниката, транспортот, науката итн, но во однос на љубовта нема никакви промени.
Единствено денес се луѓето повеќе образовани и имаат можност да го анализираат љубовното искуство.
Нека биде така. Иако образованието и љубовното искуство немаат допирна точка . не мора да значи дека ако јас или било кој сме со високо образование , по дифлот иаме и повеќе искуство во љубовта , за да нели врз основа на образованието да го анализираме љубовното искуство :)
--- надополнето: 15 февруари 2014 во 15:54 ---
Повеќе од приказниве кои ги постираше смрт за пајак и зони немаат среќен крај. Зарем денес сите среќно завршуваат?

Смрт за пајак и зони уживам да ја читам темава покрај тебе.
Друго ми беше муабетот , значи нема сега апсења за шпиуни и сличи адхократски работи , или стрелања и слично .
 
Последно уредено од модератор:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Едит Пјаф е родена 1915, од мајка улична пејачка и татко артист во циркус
Нејзиниот љубовен живот почнува на 16 годишна возраст. Карактеристичен е по многубројните врски. Но една врска
зазема посебно место - тоа е врската со Боксерот Марсел Сердан.
Врската започнала 1948 година. Во тоа време Марсел бил боксерски шампион и бил оженет и имал три деца во бракот.
Но љубовта е слепа и Едит и Марсел стапуваат во страсна врска.
Во октомври 1949 Едит пее во Њујорк и го поканува Марсел да дојде и да и се придружи. Марсел ја прифаќа поканата и вели дека ќе дојде со брод. Но Едит е страсно вљубена и нестрплива и му вели дека не може толку да чека и го наговорува да дојде побрзо, односно да патува со авион.
На 27 октомври 1949 Марсел патува со Авионот на Ер-Франс на линијата Париз - Њујорк. Во ноќта помеѓу 27 и 28 октомври, авионот удира во брдо на Азорските острови. Сите 48 патници, меѓу кои и Марсел Сердан ги изгубија животите во оваа несреќа
До крајот на својот живот Едит самата себе ќе се обвинува дека ја убила својата голема љубов Марсел
Песната Химна на љубовта, за која зборовите ги напиша Едит Пјаф, е посветена на Марсел.
Еве прочитајте за песната
http://en.wikipedia.org/wiki/Hymne_à_l'amour
Ова песна е испеана, покасно од многу славни имиња , но
еве ја огиналната верзија испеана од Едит Пјаф
http://www.youtube.com/watch?v=1gTGmbA40ZQ
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Jулија Цезарис е родена 76 година пред новата ера и е единствена ќерка на Гај Јулије Цезар. Нејзината Мајка, големата љубов и прва сопруга на Цезар - Корнелија Цина умрела за време на породувањето. Се одликувала со извонредна убавина и култура и е одгледана со неизмерна љубов на нејзиниот татко Цезар.
За своето време, а и многу векови подоцна представувала симбол за телесна и душевна убавина на римската жена,
60 година п.н.е е сколпен Првиот Триумвират и како гаранција е договорен политички брак помеѓу ќерката на Цезар Јулија и Помпеј еден од триумвирите. Во тоа време Јулија имала 16 години а Помпеј 46. ( Помпеј бил 6 години постар од таткото на Јулија - Цезар )
Иако бракот бил политички и постоела огромна разлика во годините помеѓу нив се родила страсна и реална врска, што потврдува дека љубовта е навистина слепа
Помпеј ја обожувал Јулија. Кога добил служба во Шпанија, не отишол таму туку пратил ополномоштеник за да остане во Рим покрај својата млада и прекрасна сопруга
И Јулија го сакала Помпеј. 55 година п.н.е во Рим се одржани избори за време на кои имало немири. Во смирување на немирите учествувал и Помпеј при што неговите алишта биле попрскани со крв од некој учесник во немирите. Помпеј, преку робовите, ги пратил алиштата дома да се исперат. Јулија, која тогаш била трудна, штом ги видела крвавите алишта помислила дека го убиле саканиот Помпеј и пометнала
Следната година Јулија повторно останала трудна
Јулија Каезарис починала при породувањето 54 година п.н.е.

По нејзината смрт, се распаѓа Тријумвиратот и настанала граѓанска војна помеѓу Цезар и Помпеј. Во битката кај Фарсала ќе победи Цезар а Помпеј ќе побегне во Египет. Во Египет Помпеј беше убиен од Египјаните.
Плутарх не известува дека Цезар заплакал кога ги видел посмртните остатоци на Помпеј

Јулија Каезарис се спомнува и Божествета комедија од Данте

http://en.wikipedia.org/wiki/Julia_(daughter_of_Julius_Caesar)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Ширли Темпл, славното девојче - глумец е родена, 1928 година. Филмските успеси ги постигнала како девојче, а нејзината филмска каријера завршила 1950 година
Се омажила многу млада.
Лубовта е слепа и нејзината прва љубов бил Џон Агар роден 1921. Џон бил брат на школската другарка на Ширли и тие се вљубиле 1943 кога таа имала 15 години. Но како што најчесто се случува со љубовта на детски години и оваа детска љубов немала среќан крај
Ширли и Џон се венчале 1945. Имале ќерка Линда родена 1948 година. Овој брак се распаднал 1950 година
Кратко време по разводот Ширли и Џон ќе склопат нови бракови кои ќе траат се до природниот крај
1950 година Ширли се омажила за Чарлс Блек со кого ќе има уште два сина
Ширли ќе постигне и големи успеси надвор од филмот
Од 1989 до 1992 година ќе биде амбасадор на САД во Чехословачка
http://en.wikipedia.org/wiki/Shirley_Temple
Ширли Темпл, почина на возраст од 85 години на 14 февруари 2014
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Милица Бабиќ е родена 1909 година.
Беше костимограф и универзитетски професор
Се школуваше во Виена ( 1925 - 1929 ) на Високата школа за применети уметност, а праксата ја завршува во Париз
1932 година стапува во брак со Ненад Јовановиќ роден 1907. Ненад беше новинар, дипломат и преведувач
Во тоа време, младата брачна двојка добива еден фамилијарен пријател, тоа е Иво Андриќ роден 1892
Тие ќе станат нераздвојна тројка.
Иво Андриќ никогаш не зборувал, за таа врска. Но Милица ги сочувала писмата кои ги добивала од Иво. Општо е прифатено дека Иво бил опчинет со нејзината телесна и душевна убавина и дека никогаш не ги криел своите чувства кон неа
Кога во 1939 Иво Андриќ ќе биде поставен за амбасадор на Југославија во Берлин, на негово барање Ненад ќе биде поставен за дипломат во истата амбасада, а Милица ќе добие улога на домаќинка на амбасадата. Бидејќи Андриќ не бил женет, таа го придружувала на дипломатските приеми на кои учествувале жените на дипломатите
За време на војната Ненад бил во логор, но по неговото враќање 1945. Тројката продолжила интензивно да се дружи.
1957 година Ненад починал
1958 година Милица и Иво склопиле брак
Милица го придружувала Иво при приемот на Нобеловата награда
За жал Милица ќе оболи од артритис и ќе почине во 1968
По нејзината смрт Иво наполно ќе се повлече од јавноста
Иво Андриќ почина на 13 март 1975
Ова љубовна приказна е една од најдраматичните приказни и достојна е на Иво Андриќ. Јас не можам се да Ви раскажам. Нешто и сами замислете и прочитајте за оваа чудесна жена
http://sr.wikipedia.org/wiki/Милица_Бабић-Јовановић
http://www.story.rs/vesti/u-fokusu/16170-zivotna-prica-ivo-andric-od-prave-ljubavi-ne-moze-se-pobeci.html
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Натали Вуд е родена во 1938 година
Како десетогодишно девојче почнала да настапува во филмови, така да до 17 години живот веќе имала снимено 18.
За нејзе љубовта на животот бил глумецот Роберт Вагнер.
Натали, за првпат го видела Роберт уште како девојче и веднаш се вљубила во него. Роберт бил 8 години постар од неа и веќе бил филмска ѕвезда. Кога за прв пат го видела и рекла на својата Мајка - За овој ќе се омажам
И навистина, Натали и Роберт склопиле брак во 1957 година. Во тој брак немале деца. Се чини дека Робер сакал и да се „интересира“ за други жени и овој брак е разведен 1962
Во 1969, Натали се мажи за Ричард Грегсон со кој имала и една ќерка. Но и овој брак кратко трае и се разведува 1972
По разводот во нејзиниот живот повторно се враќа Роберт Вагнер и тие повторно склопуваат брак 1972. Овој пат, во 1974 добиле и дете.
Овој Брак со Роберт траел се до нејзината смрт 1981 кога се удавила во несреќен случај, паѓајки во море од јахтата на која се наоѓале со Роберт и други гости
http://en.wikipedia.org/wiki/Natalie_Wood
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Кристиане Кјубрик е родена 1932 како Кристиане Харлан. Таа е Германка од Долна Саксонија. Нејзините родителе биле познати оперски пеачи. Се школувала и станала глумица. Како многу млада, 1952, се омажила за глумецот Вернер Брунс со кого има една ќерка. Но тој брак е разведен 1957
Истата година глуми во филмот Патеки на славата, каде го среќава Стенли Кјубрик кој е режисер на овој филм. Љубовта е слепа... Набргу Стенли се разведува од втората сопруга и 1958, Кристиане и Стенли ќе склучат брак
Во тој брак ќе имаат две ќерки. Кристиане наполно ќе се посвети на кариерата на сопругот. Тешко е да се процени колкава е нејзината заслуга за успехот на Стенли. Нејзиниот роден брат Јан ќе стане извршен продуцент на филмовите на Кјубрик
Таа ќе ја напушти актерската каријера и ќе се посвети на сликарството.
По смрта на Стенли ( 1999 ) ќе продолжи со понатамошно промовирање на неговото дело
http://en.wikipedia.org/wiki/Christiane_Kubrick
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Софка Николиќ е родена 1907, како Софка Васиљевиќ
Како девојче останува без родителска грижа. И на возраст од 16 години започнала да пее по панаѓури и кафеани за да ги издржава своите браќа и сестри за кои морала да се грижи
На тој начин ја сретнала љубовта на својот живот, Паја Николиќ. Пајо бил примаш и со него и неговиот оркестар таа ќе постигне светска слава. Ќе настапуваат во Софија,Прага, Берлин, Виена, Будимпешта и Париз. Ќе сними повеќе од 100 плочи. Во Париз ќе биде добитник на наградата „ златна потовица “ за продадени 10 илјади плочи, што во тоа време бил огромен тираж. Нејзина лична пријателка ќе стане Жозефин Бекер. Ја нарекувале Кралица на Скадарлија
Но во 1939 година, таа ќе стане Кралица на тагата
Во рок од неколку месеци ќе и починат Мажот и единствената Ќерка - Марица и таа ќе се повлече од пеењето на возраст од 33 години.
http://sr.wikipedia.org/wiki/Софка_Николић
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Роми Шнајдер е родена 1938 во Виена.
Во 1958 ја сретнува љубовта на својот живот, Ален Делон. Таа се преселува во Париз и .се вери за него.
Еден ден, во 1963, Ален ја напушта, без збор, само на огледалото напишал: „ Отидов во Мексико со Натали. Не се враќам “
Кога го прочитала ова - Роми се обидела да се самоубие. За среќа била спасена
Бракот на Ален Делон и Натали траел само до 1968
И после раскинот Роми и Ален ќе одржуваат пријателски врски
Роми после тоа ќе склопила два брака. Во првиот бракк ќе роди син Давид, кој трагично ќе загине на возраст од 14 години. Тоа целосно ја скршило
На 14 мај 1982, на возраст од 43 години пронајдена е мртва во својот стан. Како причина на смрта, полицијата навела инфаркт
Роми ќе биде погребана во малото село Буаси - Сан - Авуар. На погребот, нема да присуствува Ален
Кратко време потоа, посмртните остатоци на нејзиниот Син Давид, ќе бидат пренесени и погребани во нејзиниот гроб.
Тоа го организирал Ален Делон
http://en.wikipedia.org/wiki/Romy_Schneider
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Aна Порфирогенет е византиска принцеза, родена 963 година. Нејзиниот татко е царот Роман II,а мајка и е царицата Теофана. Таа е единствена сестра на царевите Василије II и Константин VIII.
За брак со неа се интересирале, најмоќните владетели во тоа време :Царот на Светото римско царство Отон III, францускиот крал за својот син Роберт и бугарските владетели.
Но во неа слепо се вљубул и Кнезот Владимир Киевски. Во 968 година Византија војувала со Бугарија а Киевска Русија бил нејзин сојузник. Тогаш византиците му ветиле на Владимир дека ќе му ја дадат Ана. Војната завршила, но Ана не сакала да се мажи за Владимир бидејќи бил паган и имал неколку жени. Византиците му понудиле на Владимир, други жени припаднички на византиското племство. Но Владимир не сакал ниту да слушне - Ана и само Ана. За да ги натера Византиците да му ја дадат Ана, Владимир го зазел градот Херсон ( во близина на Крим ) и од таму им порачал на византиските цареви, дека ако не му ја дадат Ана исто така ќе го заземе Цариград.
На крајот Византиците попуштиле, но му поставиле дополнителен услов - ќе ми ја дадат Ана ако тој и неговиот народ се покрстат и прејдат во христијанство.
Владимир ова го прифатил и во 988, Ана, со солзи во очите, ја испратиле во Киев.
Ете така, слепата љубов, на Владимир, ги направила Русите христијани
http://en.wikipedia.org/wiki/Anna_Porphyrogenita
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Илзе Јута Замбона е родена 1901 година. Била танчерка, глумица и сликарка.
1925 година таа се мажи за Ерих Марија Ремарк. Тоа била страсна љубов. Но набрзо и двајцата брачни партнери почнале меѓусебно да се изневеруваат. Овој брак е разведен 1930 година.
Но, како што се вели никогаш не вели никогаш, тие повторно ќе стапат во брак 1938 година. Во тоа време Ремарк живее е во Швајцарија. И Илзе е во Швајцарија и и се заканува депортација во нацистичка Германија. За да ја спаси од депортацијата Ремарк повторно ќе се ожени со Илзе во 1938. Заедно во 1939 ќе емигрираат во САД и таму и двајцата ќе добијат американско државјанство.
Во почетокот тие ќе живеат заедно а подоцна поврмено ќе бидат заедно, а повремено не, но постојано ќе одржуваат контакт.
Овој брак формално ќе биде разведен 1957 година, неколку месеци пред Ремарк да се ожени со Полет Годар.
До крајот на својот живот, 1970, Ремарк ќе ја помага со 800 долари месечно, а кога ќе умре во тестаментот ќе и остави 50 илјади долари. Илзе ќе го надживее пет години. ќе умре во 1975
Аналитичарите на романите на Ремарк во повеќе женски ликови ја наоѓаат личноста на Илзе Јута Замбона
Ете какви се патишта може да има љубовта
За Илзе нема посебен текст во Википедија, па еве прочитајте за Ремарк
http://en.wikipedia.org/wiki/Erich_Maria_Remarque
Ако повеќе Ве интересира разгледајте ја и оваа страница посветена на Ремарк. Ќе најдете за неговите врски со Марлен Дитрих, Грета Гарбо и тн
http://www.nyu.edu/library/bobst/research/fales/exhibits/remarque/documents/photo/jutta.html
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Mаргарет од Валоа или Кралицата Марго е родена 1553 како ќерка на францускиот Крал Анри II и Кралицата Катерина де Медичи.
Таа имала многу љубовници но љубовта на нејзиниот живот бил Анри де Гиз роден 1549. Еден ден додека Анри де Гиз предстојувал во кралскиот дворец, нејзиниот татко и мајка ќе ја најдат во одаите на Анри де Гиз, Тие ќе останат пријатели до крајот на животот.
Марго ќе биде принудена да се омажи за Анри III од Навара кој подоцна ќе стане Анри IV Крал на Франција.
Марго ќе се разведе од Анри IV.
Но тоа нема да го спречи Анри IV, да го убие Анри де Гиз 1588 година.
http://en.wikipedia.org/wiki/Marguerite_de_Valois
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Марџори Ријо е родена 1951.Студирала, германски и италијански јазик.
1975 година таа го среќава Андре Ријо, роден 1949 кој тогаш студира музика. Андре потекнува од славна музичка фамилија. Неговиот татко и дедовци били славни музичари. Но нему, во тоа време, не му оделе студиите, едноставно „ паднал во депресија “ и не му се учело. Но 1975 ја среќава Марџори, тоа ќе му го смени животот, Таа го одведува на летовање во Северна Африка. По враќањето и покрај противењето на неговата фамилија, тие ќе склопат брак, кој и денес трае и во кој имаат два сина.
Андре ќе ги заврши студиите и ќе почне успешна каријера Марџори ќе стане фрау. Марџори - галвен продуцент на сите негови активности, жена која со железна рака ги раководи сите негови активности. И Андре стално ќе повторува, зад неговиот успех стои Марџори
На големите концерти, на кои има и по 500 изведувачи, позади сцената стои фрау Марџори и секоја нејзина наредба мора да се изврши - уи мон женерал
На Википедија нема ништо за неа. Дури не најдов ниту нејзина самостојна фотографија. Единствено најдов заедничка фотографија со Андре

Еве и едно кратко интервју
http://andrerieufans.com/news_archive/mrieu2007/marjorie-rieu_andre-rieu.htm
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom