Љубовта е навистина слепа

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Луѓето кои се вљубени често не ја забележуваат привлечноста на останатите мажи или жени, покажа истражувањето спроведено врз 120 студенти.
Поради таквото селективно помнење, излегува дека љубовта навистина е слепа, заклучиле американските научници.
Истражувањето што го спроведе универзитетот во Калифорнија, покажало дека вљубените студенти многу поретко од слободните ги забележуваат атрактивните карактеристики на луѓето од спротивниот пол.
„Се чини дека поради љубовта што ја чувствуваат кон партнерот, сите други стануваат помалку атрактивни“, велат научниците.
Во истражувањето 120 студенти ги прегледувало фотографиите на атрактивни луѓе, при што требало да ги изберат најатрактивните, а потоа да напишат есеј за својот моментален партнер, доколку го имаат.
Кога требале да се потсетат на детали од фотографиите, студентите кои пишувале за своите љубени се сеќавале за многу помалку детали на атрактивните странци од фотографиите.

{Макфакс}

Што мислите? Се согласувате ли со ова истражување? Вие кога сте во врска забележувате атрактивни луѓе помалку или?
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Па стварно,некои луѓе,почесто девојки,се толку слепо заљубени,што не гледаат дека партнерот ги изневерува,или гледаат а не си признаваат.

А инаку на темава,стварно има случаи кога заљубените не гледаат околу себе туку само во своите партнери,не дека тоа е нешто лошо,камо кај сите да беше така.Мислам дека едноставно не ги инатересира друго,туку само нивниот партнер,и затоа најверојатно не ја забележуваат привлечноста на другите мажи/жени наоколу.

Јас во последната врска на пример,се загледував во други,не бев до толку заљубена,имаше други што ми се свиѓаа,ама баш би сакала еднаш да биде некој вака заљубен во мене,до тој степен да не ги приметува другите девојки,само јас да постојам за него и никоја друга:love:
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Луѓето кои се вљубени често не ја забележуваат привлечноста на останатите мажи или жени, покажа истражувањето спроведено врз 120 студенти.
Поради таквото селективно помнење, излегува дека љубовта навистина е слепа, заклучиле американските научници.
Истражувањето што го спроведе универзитетот во Калифорнија, покажало дека вљубените студенти многу поретко од слободните ги забележуваат атрактивните карактеристики на луѓето од спротивниот пол.
„Се чини дека поради љубовта што ја чувствуваат кон партнерот, сите други стануваат помалку атрактивни“, велат научниците.
Во истражувањето 120 студенти ги прегледувало фотографиите на атрактивни луѓе, при што требало да ги изберат најатрактивните, а потоа да напишат есеј за својот моментален партнер, доколку го имаат.
Кога требале да се потсетат на детали од фотографиите, студентите кои пишувале за своите љубени се сеќавале за многу помалку детали на атрактивните странци од фотографиите.
Пред некој ден прочитав за ова истражување и ми се виде доста познато...:pipi:

Мислам дека кога сме вљубени ги приметуваме атрактивните личности од спротивниот пол, но "никој не е совршен" како личноста во која сме вљубени, дури подоцна кога ке го изгубиме интересот за таа личност повеќе ги приметуваме другите и увидуваме колку сме биле на некој начин "слепи"...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
коа сум заљубен сум фокусиран само на една, а заљубен сум бил само еднаш во животот:vozbud:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Љубовта за мене барем е слепа, да. Кога сум во врска, која ме исполнува и си го сакам партнерот, неможам баш реално да проценам некој атрактивен маж или па нешто повеќе да помислам за некој таков. Тоа е така затоа што пред да влезам во врска го запознавам човекот повеќе и знам зошто го избирам да биде со мене. Прибидејќи тоа се малку посложени услови и ретко кој ми ги исполнува, пресреќна сум си кога ми се погодува. Притоа ако забележам некоја убава фигура, веднаш ми излегува од глава, затоа што знам дека тој не е тоа што сакам јас. Сигурно тука влијае и тоа што верувам дека ретко убавите мажи можат да се и добри карактери. Кога велам убави, мислам на оние баш атрактивните кои се преретки, барем кај нас.
Тоа исто така не си го сметам за негативна особина, туку напротив мило ми е што сум таква. Камо сите да беа исти како мене ...:podsmev:
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Не значи ако погледнеш дека изневеруваш.очи се за гледање,најнормално не за зјапање.Но љубовта знае да биде слепа.Кога премногу сакаме таа личност сметаме дека е единствената за нас.Јас кога сум во врска со некоја личност и ме прави најсреќна на цел свет и љубовта е обострана само таа личноат за мене постои.Никоја друга.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Љубовта за мене барем е слепа, да. Кога сум во врска, која ме исполнува и си го сакам партнерот, неможам баш реално да проценам некој атрактивен маж или па нешто повеќе да помислам за некој таков. Тоа е така затоа што пред да влезам во врска го запознавам човекот повеќе и знам зошто го избирам да биде со мене. Прибидејќи тоа се малку посложени услови и ретко кој ми ги исполнува, пресреќна сум си кога ми се погодува. Притоа ако забележам некоја убава фигура, веднаш ми излегува од глава, затоа што знам дека тој не е тоа што сакам јас. Сигурно тука влијае и тоа што верувам дека ретко убавите мажи можат да се и добри карактери. Кога велам убави, мислам на оние баш атрактивните кои се преретки, барем кај нас.
Тоа исто така не си го сметам за негативна особина, туку напротив мило ми е што сум таква. Камо сите да беа исти како мене ...:podsmev:
:helou: Еве јас (во овој случај) ама лошо е па и тоа.Не знам ти како се снаоѓаш ама јас сум си многу комплицирана, имам високо мислење за себе (штознам можеби и се преценувам себеси или пак можеби и сум самобендисана-ко шо би рекле некои) ама важно врз основа на високоизграденото мислење за себеси јас си имам високи критериуми за партнер и искрено и се плашам да не останам сама поради тоа.
А во врска со темава и кога сум во врска и кога сум без врска кога сакам некого сакам (а ретки се тие што ги сакам) и сакам со него да бидам а во тие моменти дури и Бред Пит да ми дојде ќе си добие корпа ко шо се вика.Не за џабе рекле љубовта е слепа :back:.
 
Член од
6 август 2012
Мислења
123
Поени од реакции
39
Koga se saka ljubovta e slepa
No koga ljubovta oladuva site nedostatoci se vidlivi
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
260px-Kelly,_Grace_(Rear_Window).jpg

Koга човек ќе имаа 60 години и кога ќе се заврти и погледа во минатото ќе се запраша што всушност се случило? Зошто бил вљубен? Зошто не се оствариле сите надежи?
На основа на моето искуство и врз основ на искуството на моите пријатели и познати, може да се заклучи дека среќата во љубовта е редок настан.
Во младоста човек се надева дека ќе постигне успеси во сите области на животот. Дека ќе стане учен или ќе се збогати или ќе стане славен или слично. Но како времето поминува се задоволува со многу поскромни резултати. Така е и во љубовта - мораме да се задоволиме со она што е реално можно. Ретко кој има толку трпение и упорност да до крај ја бара „ вистинската “ љубов.
Но има примери кога тоа се случува и во неколкуте наредни поста ќе опишам такви примери
Првиот пример е љубовта помеѓу Грејс Кели и Реније III Кнезот од Монако
Грејс Кели е родена 1929 година потекнува од богато пенсилваниско семејство. Нејзиниот Татко бил сопственик на богата градежна фирма, а нејзината Мајка унивезитетски професор
Во Пенсилванија, нивната фамилија важела припадник на Филаделифиското високо општество. Самата таа, уште како мал зборувала Англиски со британски нагласок. Самата имала универзитетско образование, диплома на Американската академија за драмски уметности во Њујорк, на кој дипломирала 1948 година
Уште како многу млада постигнала светска слава и важела за икона на Филската индустрија. Како филмска глумица популарност стекнала 1952 со улога во филмот Точно на пладне. Добитник е на еден Оскар и играше во три филма на Хичкок.
Поради својата исклучителна убавина и богатство била привлечна за многумина. Но на општо изненадување, во април 1956 се мажи за Реније
Реније е роден 1923 ( шест години е постар од Грејс )
Монако бил во финансиски тешкотии и Оназис го советувал да се ожени со некоја холивудска дива како би привлекле туристи.
Бидејќи немал пари, Реније побарал и мираз од два милиони долари кој му е исплатен од страна на Таткото на Грејс
Така започнала приказната ...
http://en.wikipedia.org/wiki/Grace_Kelly
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
220px-Eleanor_Roosevelt_cph.3b16000.jpg

Aна Еленор Рузвелт и Френклин Дилано Рузвелт ја започнале својата врска во 1902 година, кога тој ја одпрати на железничка станица. И тогаш започала нивнта страсна врска Тие биле пети братучеди и нивната врска ја осудила фамилијата. Посебно упорна била Мајката на Френклин, Сара. За да го одврати од врската, во 1904, Сара го одвела Франклин на подолго патување по Карибите
Но се било залудно, љубовта е слепа.
На 17 март 1905, парот се венчал.
Од 1906 до 1916, парот имал 6 деца.
Живееле заедно со Мајката Сара, која и понатаму држела главен збор. На Внуците им велела: Вашата мајка ве роди, но јас сум ви вистинска мајка бидејќи ве одгледувам.
Во 1918, во патната торба на Френклин, Еленор пронашла куп љубовни писма, помеѓу Френклин и неговата Секретарка.
Бракот бил пред распад.
На инсистирање на Семејството и пријателите сепак се оджал.
Во понатамошниот заеднички живот, Еленор, ќе настапува поинаку и ќе оствари и политички ангажман.
Дури и по смрта на Френклин ( 1945 ), Еленор ќе биде многу активна. Ќе биде претставник на САД во Обединетите Нации и ќе оствари значајно политичко влијание, пред се во областа на човековите права
http://en.wikipedia.org/wiki/Elenor_Roosevelt
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Тоа е така, но само во некои случаи каде и двајцата партнери слепо гледаат еден во друг.

Во останатите случаи слободно ти може да си мислиш дека он/а само во тебе гледа онака слепо, а очите му/и шараат по други ;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
260px-Livia_Drusila_-_Paestum_(M.A.N._Madrid)_02.jpg

Во пролета 39 година п.н.е., шетајќи низ Римскиот форум, младиот Октавијан, тогаш на возраст од 24 години, ја здогледал Јулија Друсила. Веднаш, страсно се вљубил.
Љубовта е навистина слепа, но овој пат била претерано слепа, дури и повеќе од тоа, овде имало “ проблем “.
Имено, Октавијан во тоа време бил оженет со Скрибонија, која очекувала дете од него.
Да биде уште позаплеткано и Јулија Друсила, тогаш на возраст од 19 години, била мажена со Тиберије Клаудије Нерон. Веќе имала едно машко дете,на возраст од три години и била трудна со второ дете.
Проблемот се решил вака:
Октавијан почекал три месеци, неговата жена Скрибонија, да се породи и веднаш по породувањето се развел.
Кога и Ливија се породила и таа се развела. Три дена по породувањето, на 17 јануари 38 година п.н.е. Ливија и Октавијан стапиле во брак.
И покрај страсната љубов, во овој брак, Ливија и Октавијан немале деца,
Деца на Ливија од првиот брак се Тиберие - подоцнежниот импертор и Друз Постариот, татко на императорот Клаудие и дедо на императорот Калигула
Јулија, која е родена во бракот на Октавијан со Скрибонија е единствено дете што тој го имал
Бракот на Октавијан и Ливија траел до крајот на нивните животи - преку 50 години
http://en.wikipedia.org/wiki/Livia
 
M

Muranyi

Гостин
Јас едноставно не можам да останам рамнодушен на убавината и да не ја забележам и испочитувам, бидејќи сепак таа го изнудува тоа. Не ми менува воопшто дали сум заљубен или не. Пред убавината и боговите се поклонуваат.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
oona-1.jpg

Уна О Нил, родена 1925 година. Беше Ќерка на славниот Писател и добитник на Нобеловата награда Јуџин О Нил.
Во 1942 година се обидуваше да започне артистчка каријера во Њујорк на што се спротивставува нејзиниот Татко. Потоа таа оди во Холивуд. Таму се запознава со Чарли Чаплин кој беше само неколку месеци помлад од нејзиниот Татко. Во тој момент Чарли Чаплин имаше 55 години, веќе имаше три брака зад себе и две деца од тие бракови.
Но љубовта е слепа. И во пролета 1943, веднаш од како Уна наполни 18 години тие стапуваат во брак.
На оваа вест нејзиниот Татко, се одкажува од неа и ја избриша од наследството. Никогаш повеќе Јуџин О Нил нема да ја види својата Ќерка.
Но бракот на Уна и Чаплин беше многу успешен. Во наредните години тие ќе имаат 8 деца и нема да се разделат до крај.
http://en.wikipedia.org/wiki/Oona_O'Neill
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Јас едноставно не можам да останам рамнодушен на убавината и да не ја забележам и испочитувам, бидејќи сепак таа го изнудува тоа. Не ми менува воопшто дали сум заљубен или не. Пред убавината и боговите се поклонуваат.
А пред чистата душа и срце пуштаат солза.

Студииве почнаа навистина да го лоботомираат народот, имате една која вели дека кофеинот е штетен, друга спротивно па трета дека нема љубов каде е изедначена со јадење чоколада а о пак СЗО ја стави на листата на растројства, понатаму има и тврдења според кои таа трае 2 години, според други 4 а според трети 40...

Тоа е тоа Information age и не е проблем тоа, туку фактот што над 95% грубо изразено тоа инфо е Scum кој ете многу луѓе го земаат здраво за готово и голтаат без да соџвакат.

Љубовта не е слепа, јас не се согласувам па зарем има нешто поискрено однеа, од тоа да се грижам за некоја повеќе од себеси, во тоа мојата иднина да е таа личност?!?!

Па сосема природно е тоа и не е дека не ја забележуваме ние туѓата убавина ако ете сакам друга, туку дека убавината на саканата ја доживувам и чувствувам на начин...како што ниедна не успеала да допре до ова срце.

Сепак нема слепило но има полошо т.е бунило и тоа може да биде проблем помеѓу партнерите а слепило има кај другите на кои од Х причини им смета туѓата радост тоа се некои примитивни форми на живот поточно робови на ниските страсти.

Да не бидете такви само бидејќи сте родени слободни ама би било штета човек да умре како роб на подлости и тие останат негови дела.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom