Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Луѓето кои се вљубени често не ја забележуваат привлечноста на останатите мажи или жени, покажа истражувањето спроведено врз 120 студенти.
Поради таквото селективно помнење, излегува дека љубовта навистина е слепа, заклучиле американските научници.
Истражувањето што го спроведе универзитетот во Калифорнија, покажало дека вљубените студенти многу поретко од слободните ги забележуваат атрактивните карактеристики на луѓето од спротивниот пол.
„Се чини дека поради љубовта што ја чувствуваат кон партнерот, сите други стануваат помалку атрактивни“, велат научниците.
Во истражувањето 120 студенти ги прегледувало фотографиите на атрактивни луѓе, при што требало да ги изберат најатрактивните, а потоа да напишат есеј за својот моментален партнер, доколку го имаат.
Кога требале да се потсетат на детали од фотографиите, студентите кои пишувале за своите љубени се сеќавале за многу помалку детали на атрактивните странци од фотографиите.
{Макфакс}
Што мислите? Се согласувате ли со ова истражување? Вие кога сте во врска забележувате атрактивни луѓе помалку или?