Марија Склодовска Кири е родена во 1867 година во Варшава. Потекнува од угледно но сиромашно семејство, Нејзината Мајка починала од туберколоза кога таа имала само 12 години. По завршување на гимназија немала пари да го продолжи школувањети на униврезитет. Во таква ситуација прави договор со својата сестра Броњислава, да взаемно се помагаат да завршат факултет. Најнапред Марија ќе работи и ќе ја помага сестрата, а кога Броњислава ќе се среди, таа ќе ја помага Марија
Така и направиле - Марија се вработила како гувернанта во едно семејство и и праќала пари на Броњислава која се запишала на студии во Париз.
Но додека работела како гувернанта , се вљубила во Казимјеж Жорaвски, подоцна славен математичар и ректор на Универзитетот во Варшава. Љубовта била страсна и взаемна и младите решиле да се венчаат. На тоа се спротивставила фамилијата Жоравски која не сакале ниту да чуе нивниот син да се ожени со една гувернанта. Но тие и понатаму се гледале.
На почетокот од 1890 година, Броњислава се омажила и ја повикала својата сестра Марија, да дојде во Париз и да студира. Но Марија тоа го одбила бидејќи се уште се надевала во врската со Казимјеж, со кого се уште се гледале
Најпосле, бидејќи ја изгубила надежта во бракот со Казимјеж, Марија, на крајот од 1891 година, оди во Париз. Неколку месеци подоцна и Казимјеж, разочаран стапува во брак со пијаниската Леокаида Јанушевич
Во Париз, Марија се посветила целосно на студиите, на тој начин наогајќи утеха од љубовните разочарувања. Во 1893 година, дипломирала како првенец на генерацијата и се вработила како лаборант во една лабараторија. Истовремено продолжила да студира и математика.
Во 1894 го запознала Пјер Кири. Пјер, кој во тоа време бил во на докторски студии, страсно се вљубил во неа и и понудил брак. Но таа го одбила со образожение дека сака да се врати во Полска.
Пјер ја запознал со Бекерел, во чија лабараторија ја подготвувал тезата и Марија таму се вработила.
Сепак во 1895, кога Пјер докторирал, Марија попуштила и ја прифатила брачната понуда и тие стапуваат во брак.
Во тој брак се родени две ќерќи Ев и Ирен ( подоцна исто славнен научник и добитник на Нобеловата награда )
Но бракот со Пјер траел кратко. На 15 април 1906, Пјер загинал во сообраќајна несреќа
Во 1910 се појавиле озборувања за врската помеќу Марија и студентот на Пјер, Пол Ланжевен. Пол се развел од својата сопруга поради врска со 4 години постарата Марија. Но од оваа врска не настанло ништо повеќе, и во 1911 се се завршило.
Марија и понатаму планирала да се врати во Полска
Марија Склодовска Кири е единствена по тоа што два пати добила Нобелова награда, во 1903 за физика и во 1911 за хемија
http://en.wikipedia.org/wiki/Marie_Curie