луѓе...абе ич не го сакам дечко ми,ама во претходниот јако бев затрескана е сеа овој сегашниов ми е како утеха....ама овој претходниов мн ме повреди,т.е.многу го засакав и сеа испаѓа дека немам више чувства за ништо појќе ни ко ќе јадам не чувствувам дека тоа го правам.....Ако мала ситница погреши дечко ми,јас паѓам во големи трауми :nesum: и за тоа не се свајќам...Пример...вечерва ко си седнавме со тој дечко ми на тел.праевме 2 саати муабет и тоа,не оти требаше,туку мене ми беше досадно и почнав нешто да му велам ко демек ќе се скараме уште малце и тој се напука докрај,јас ладна као туш и си викам...абе брааааааат шо му е на дечко ми бе браааааааааат...абе стварно нз дали треба нешто да направам да се сменам или да си продолжам вака...тој ми вели ако бившиот твој те повредил за нешто не значи дека сега на мене се треба да истураш,ко демек тој не е бившиот мој,а јас се си мислам дека сите машки се исти..И сега така си реков да ми кажите вие шо мислите за целава оваа ситуација пошо ја мислам дека ќе полудам...Сакам да бидам со него,ама само ко ќе сме сами навечер во викенд,инаку не сакам да се појавам пред други да ме гледаат со него,срам ми е од него бе,ама и убо ми е со него...нз стварно шо прам и шо треба да прам
П:С:И да ви кажам за голем глупак го сметам оти му купив сеа за денов на вљубените мече,а тој ми вика сум избрзала со поклонов,а претходно ми кажа дека нема да можи вечерва да се видиме...е таа вечер ми вели срце мораме да се видиме да ти го дадам поклонот јас в недела ама ку*чиња...ни се видовме ни ништо и нешто ми се лижи по телефон,мислам дека и од друга страна нема услови за да се видиме(т.е.финансиски средства)ама нз стварнооооооооооооо
ФАЛА ВИ ОДНАПРЕД!!!:smir:
Девојко, ти ги читам мислењата во последно време, и некако не ми делуваат баш разумно напишани, и постапките кои се инволвирани, рационално направени.
Не сум по делењето совети, особено не љубовните, но неможам ова а да не го искоментирам. Значи, бившиот те повредил. Зошто те повредил? Затоа што си му дозволила да те повреди! Самата си му дала простор тој да може да прави што сака, и меѓу другото, да те повреди. Да си поставила некаков лимит, немало тоа да се случи. Или немало толку многу да те боли.
И твојот сегашен е во право. Нема што да го мешаш бившиот во твојата сегашна врска, затоа што тој е
бивш, а не
сегашен. Не гледам причина зошто го малтретираш со муабетите "ние ќе се скараме". Само напнуваш се повеќе и повеќе, а машките го мрзат тоа.
Не сте се виделе? Па кој кур? Сака да оди да гледа фудбал со другари во петок навечер - нека оди. Што ако оди? Излези и ти, види се со другарка, иди на кафе, седи дома и гледај филм. По ѓаволите, не си му жена за да го контролираш и да му наредуваш што да прави! Дај му слобода, машко е! Тие сакаат да поминат време и без девојките, исто како што и ти сакаш да идеш на шопинг, на кафе, на шетање...
Се срамиш од него? Ова ми е најглупавиот дел што го прочитав! Ако ти си го избрала, што има да се срамиш од излегувањето во јавност? Ако ти чувствуваш нешто кон него, нема причина зошто да патиш од комплекси. Освен ако не е тоа во поглед на финансиите кои ги спомна потоа...
Кога сме кај тоа, планираш ли ти да се мажиш за него? Ако одговорот е не, тогаш што те интересира колку пари има тој? Неможел да ти купи поклон за Валентајн? Валентајн е глупост! Цвеќето што ќе ти го подари ќе овене, парфемот ќе го потрошиш, а искрената прегратка во која ќе се најдеш ќе биде еден од оние аХ! моменти кои се паметат цел живот.
Ти требаат пари да излезете? Неможете да прошетате низ парк, да седнете на клупа и да направите муабет? Мора тоа да е фенси кафич? Немора. Јас би избрала и да излегувам еднаш месечно на обична прошетка со некој кој знам дека ме сака отколку секој викенд во фенси клуб со некој клошар чиј мозок е табула раса. Парите не ти вршат никаква улога. Кога ќе научиш да ги цениш парите и да го сфатиш нивното значење/ќе ги отфрлиш како препрека помеѓу тебе и тој што го сакаш, ќе научиш да бидеш среќна. Се додека си материјалистка ќе го изгубиш и она што сега го поседуваш.
Ме иритираат вакви материјалистички муабети.
Сакајте се пред да ви биде касно! Парите се грижа која доаѓа понатаму!