А зошто ми личиш на трол? Мислам се беше па ај да кажам нормално се додека не стигна до болдираново.....Здраво.
Со дечко ми бевме заедно 2 и пол години се беше супер. Никогаш се неавме скарано изгледаше дека врската како да е од бајките. Го сакам премногу бев подготвена се да направам за него а и тој за мене. Решивме и двајцата да немеме профили на ФБ. После месец дена тој не направи лажен профил на ФБ и почна да остава лајкови и песна на други женски. Кога дознав бев многу бесна на тоа. Го вратив мојот стар профил и му пратив покана за пријател тој не прифаќање ми викаше дека нема потреба и дека немало ништо во тој профил. Од тогаш почнаа кавгите. Бев многу повредена од тоа што таму ги собира сите а мене ме отфрла. Наредив на едни другари и му го избришаа профилот, така се случуваше едно 5-6 пати. И на крај тој дозна дека сето тоа сум го јас направила и беше премногу лут и веќе си нашол сведоци за да ме пријави во полиција. Сведоците ќе му биле мои некогашни другарки, се заканувал преку други дека ќе ме тепа. Од тогаш замина без збор. Премногу сум повредена од него, тој ме правеше будала, ме стави на второ место, поважно му беше една обична веб страна на интернет. Секогаш кога ќе го сретнаме се разминуваме како никогаш да не сме се знаеле. Само ги наведнуваме главите и се одминуваме. Понекогаш посакувам да отидам кај него но премногу сум горда за да му се молам. Поминаа 6 месеци сегасака се да биде како порано но не знам дали воопшто заслужува да му простам.
Не е проблемот за лајкови и коментари, цело време ме лажел, да ми кажеше дека не сака да го деактивира стариот профил се ќе беше ок, но вака наеднаш да дознаеш дека сите тие љубовни песни се од него поставено кај женски што ги познавам. Сите знаеле дека тоа е он и пак не ми кажаа.Офф бе луѓе.Јас искрено не гледам девојко тука некој кој знае каков пробем,туку чисто тинејџерски маки.(без навреда).Фејсбуци ,лајкови,слики бла бла.Па и мојот става лајкови на други девојки..и на нивни песни и на нивни разголени слики.И што сеа?Зошто да се лутам за тоа?Треба ли да му ја скратувам слободата?
Нормално дека ќе направи лажен профил кога очигледно премногу сте се стегнале и двајцата ,сте се пригушиле.па и профилите сте ги избришале.
Мој совет...времето ќе покаже се. Ако се сакате навистина ќе бидете заедно.
Јас да бев на твое место и синџири ќе му ставев и немаше да му дадам да оди никаде без мене. Дај биди малку реална кое машко не сака да гледа во женски. Ако му забраниш на машко нешто тој баш ќе оди за инает да го направи спротивното.Не е проблемот за лајкови и коментари, цело време ме лажел, да ми кажеше дека не сака да го деактивира стариот профил се ќе беше ок, но вака наеднаш да дознаеш дека сите тие љубовни песни се од него поставено кај женски што ги познавам. Сите знаеле дека тоа е он и пак не ми кажаа.
Стварно не знам дали ме сваќате и изгледа како смеа бидејќи е заради фејсбук но тоа е само еден доказ дека не сум му важна дека повеќе интерес има за социјални мрежи
да извиниш ама тоа повеќе личи на машко коа нема самодоверба или кое е постојано желно за внимание затоа што е премногу искомплексирано.. многу работи има тука али едно сигурно не е .. НЕ Е ПРИРОДНО.. тоа не го прават особи кои расчистиле некои работи во главата...Машкото има потреба да си го крева егото со тоа што ќе шармира и освојува колку што е можно повеќе девојки. Тоа е природно и против тоа не се може. Кога во една врска 2 ипол години нема никакви расправии, најверојатно нешто не е во ред. Денешните млади обично покажуваат висок степен на љубомора и посесивност како доказ за некакви си чуства кон партнерот.
Грешката што сте ја направиле: сте си ги избришале ФБ профилите. Верноста не се добива со ограничување на социјалните врски, па било тие да се и виртуелни. Машкото има потреба да гледа слики од други девојки, и додека останува на договорот за врска (ако е тоа конзервативна врска), нема ништо лошо во тоа. Тој ти бил дечко, но тоа не ти давало право да одлучиш дали треба да му го блокираш профилот, или не.
Ако го сакаш и ако те сака, вреди да се смирите и да пробате уште еднаш, овој пат со профили и без љубомора. Ако мислиш дека нема да можеш да издржиш да гледаш како коментира и лајкува слики на други девојки, најди си девојка
Aбе тој проклет фејсбук... растура врски уште од 2004.
охо и те како му значи.. мајкоо ..Срце те лажел зашто се плашел дека ќе се лутиш.А се плашел зашто сигурно нешто му значиш.Гледај на убавата страна на работава.Намерата не ми е да те повредам,но размислувај трезвено.Човекот според мене не направил ништо кој знае колку страшно.Разговарајте и разберете се како луѓе.
Не се работи за тинејџери јас сум 22 а тој 27 години ова е повеќе од тинејџерски проблем за да помине за една недела и да се заборавиNymphadora, за какво расчустување на работи во глава збориш? Па нели е очигледно дека се работи за тинејџери?
И природно е. Без разлика колку машките да глумиме моногамност, сепак е само ГЛУМА. Ниедна љубов кон ниедна жена, тоа нема да го смени
Не ми се верува во која тема реплицирам...
Нема врска тоа, кој знае да си ја одржи врската нема да дозволи фејсбукот да влијае на неа не е потребно да ги избришат профилите за да не се плашат дека фб може да им наштети. Тие ги избришале, и уште полошо тој отворил нов профил. Кога ја нема довербата помеѓу партнерите, тогаш врската оди надоле. И се согласувам за тоа погоре што си го пишал : И кога веќе планираат да го користат нема потреба од пријатели кои не ги познаваат. Така и помалку кавги ќе имаат, а и довербата еден во друг нема да ја загубат .Абе арно што ги избришале профилите по што има секаков народ на тоа фб За оние во врска што се зошто им треба фб кога веќе си имаат партнер. И кога веќе планираат да го користат нема потреба од пријатели кои не ги познаваат. Јас имав случај со едно машко лажен профил аднал ја мојта женска и и пишувал пораки овоа оноа, песни лајкови, срциња, итн, тоа доведе до кавга и недоверба меѓу нас, и откако го избриша се се среди немаше го да се појави, и од тогај касап на оние кои не ги знам јас од нејзината листа на пријатели и сега мирно спијам.
јас до 27 планирам да имам две деца а некои сеуште се замараат со фб некој е многу назад со времетоНе се работи за тинејџери јас сум 22 а тој 27 години ова е повеќе од тинејџерски проблем за да помине за една недела и да се заборави
Не се работи за тинејџери но се однесувате како тинејџери, а што се однесува до вашите забрани нема нешто полошо, забранетото овошје е најслатко. Јас сум машко и ќе ти дадам еден совет, а тоа е ние машките сакаме слободни девојки кои не се љубоморни што е доказ на огромна самодоверба во исто време и привлечност, не треба да му покажуваш дека си љубоморна, ако му правиш љубоморни драми губиш на привлечност поради несигурноста и ќе му станеш одбивна и ќе изгуби интерес за тебеНе се работи за тинејџери јас сум 22 а тој 27 години ова е повеќе од тинејџерски проблем за да помине за една недела и да се заборави