Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
... ne e do dechko ti ili tebe ,Zuckerberg e kriv ,prosti mu na nego za facebook
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Здраво.
Со дечко ми бевме заедно 2 и пол години се беше супер. Никогаш се неавме скарано изгледаше дека врската како да е од бајките. Го сакам премногу бев подготвена се да направам за него а и тој за мене. Решивме и двајцата да немеме профили на ФБ. После месец дена тој не направи лажен профил на ФБ и почна да остава лајкови и песна на други женски. Кога дознав бев многу бесна на тоа. Го вратив мојот стар профил и му пратив покана за пријател тој не прифаќање ми викаше дека нема потреба и дека немало ништо во тој профил. Од тогаш почнаа кавгите. Бев многу повредена од тоа што таму ги собира сите а мене ме отфрла. Наредив на едни другари и му го избришаа профилот, така се случуваше едно 5-6 пати. И на крај тој дозна дека сето тоа сум го јас направила и беше премногу лут и веќе си нашол сведоци за да ме пријави во полиција. Сведоците ќе му биле мои некогашни другарки, се заканувал преку други дека ќе ме тепа. :mad: Од тогаш замина без збор. Премногу сум повредена од него, тој ме правеше будала, ме стави на второ место, поважно му беше една обична веб страна на интернет. Секогаш кога ќе го сретнаме се разминуваме како никогаш да не сме се знаеле. :place: Само ги наведнуваме главите и се одминуваме. Понекогаш посакувам да отидам кај него но премногу сум горда за да му се молам. Поминаа 6 месеци сегасака се да биде како порано но не знам дали воопшто заслужува да му простам.
А зошто ми личиш на трол? Мислам се беше па ај да кажам нормално се додека не стигна до болдираново.....
Не дека нема вакви случаеви али за фб што си му бришела у полиција да те пријави ? -.-
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Абе не влевајте во филмови....стабилна врска од 2 и пол години не завршува туку така...а најмалку заради фејсбук.А ако завршила само заради фејсбук и неговите лајкови тогаш не ни била врска во која има љубов.
 
S

Sagan

Гостин
Машкото има потреба да си го крева егото со тоа што ќе шармира и освојува колку што е можно повеќе девојки. Тоа е природно и против тоа не се може. Кога во една врска 2 ипол години нема никакви расправии, најверојатно нешто не е во ред. Денешните млади обично покажуваат висок степен на љубомора и посесивност како доказ за некакви си чуства кон партнерот.

Грешката што сте ја направиле: сте си ги избришале ФБ профилите. Верноста не се добива со ограничување на социјалните врски, па било тие да се и виртуелни. Машкото има потреба да гледа слики од други девојки, и додека останува на договорот за врска (ако е тоа конзервативна врска), нема ништо лошо во тоа. Тој ти бил дечко, но тоа не ти давало право да одлучиш дали треба да му го блокираш профилот, или не.

Ако го сакаш и ако те сака, вреди да се смирите и да пробате уште еднаш, овој пат со профили и без љубомора. Ако мислиш дека нема да можеш да издржиш да гледаш како коментира и лајкува слики на други девојки, најди си девојка :icon_mrgr:

Aбе тој проклет фејсбук... растура врски уште од 2004.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4
Поени од реакции
2
Офф бе луѓе.Јас искрено не гледам девојко тука некој кој знае каков пробем,туку чисто тинејџерски маки.(без навреда).Фејсбуци ,лајкови,слики бла бла.Па и мојот става лајкови на други девојки..и на нивни песни и на нивни разголени слики.И што сеа?Зошто да се лутам за тоа?Треба ли да му ја скратувам слободата?
Нормално дека ќе направи лажен профил кога очигледно премногу сте се стегнале и двајцата ,сте се пригушиле.па и профилите сте ги избришале.
Мој совет...времето ќе покаже се. Ако се сакате навистина ќе бидете заедно.
Не е проблемот за лајкови и коментари, цело време ме лажел, да ми кажеше дека не сака да го деактивира стариот профил се ќе беше ок, но вака наеднаш да дознаеш дека сите тие љубовни песни се од него поставено кај женски што ги познавам. Сите знаеле дека тоа е он и пак не ми кажаа.
Стварно не знам дали ме сваќате и изгледа како смеа бидејќи е заради фејсбук но тоа е само еден доказ дека не сум му важна дека повеќе интерес има за социјални мрежи
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Срце те лажел зашто се плашел дека ќе се лутиш.А се плашел зашто сигурно нешто му значиш.Гледај на убавата страна на работава.Намерата не ми е да те повредам,но размислувај трезвено.Човекот според мене не направил ништо кој знае колку страшно.Разговарајте и разберете се како луѓе.
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Не е проблемот за лајкови и коментари, цело време ме лажел, да ми кажеше дека не сака да го деактивира стариот профил се ќе беше ок, но вака наеднаш да дознаеш дека сите тие љубовни песни се од него поставено кај женски што ги познавам. Сите знаеле дека тоа е он и пак не ми кажаа.
Стварно не знам дали ме сваќате и изгледа како смеа бидејќи е заради фејсбук но тоа е само еден доказ дека не сум му важна дека повеќе интерес има за социјални мрежи
Јас да бев на твое место и синџири ќе му ставев и немаше да му дадам да оди никаде без мене. Дај биди малку реална кое машко не сака да гледа во женски. Ако му забраниш на машко нешто тој баш ќе оди за инает да го направи спротивното.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Машкото има потреба да си го крева егото со тоа што ќе шармира и освојува колку што е можно повеќе девојки. Тоа е природно и против тоа не се може. Кога во една врска 2 ипол години нема никакви расправии, најверојатно нешто не е во ред. Денешните млади обично покажуваат висок степен на љубомора и посесивност како доказ за некакви си чуства кон партнерот.

Грешката што сте ја направиле: сте си ги избришале ФБ профилите. Верноста не се добива со ограничување на социјалните врски, па било тие да се и виртуелни. Машкото има потреба да гледа слики од други девојки, и додека останува на договорот за врска (ако е тоа конзервативна врска), нема ништо лошо во тоа. Тој ти бил дечко, но тоа не ти давало право да одлучиш дали треба да му го блокираш профилот, или не.

Ако го сакаш и ако те сака, вреди да се смирите и да пробате уште еднаш, овој пат со профили и без љубомора. Ако мислиш дека нема да можеш да издржиш да гледаш како коментира и лајкува слики на други девојки, најди си девојка :icon_mrgr:

Aбе тој проклет фејсбук... растура врски уште од 2004.
да извиниш ама тоа повеќе личи на машко коа нема самодоверба или кое е постојано желно за внимание затоа што е премногу искомплексирано.. многу работи има тука али едно сигурно не е .. НЕ Е ПРИРОДНО.. тоа не го прават особи кои расчистиле некои работи во главата...
туку напротив.. особи кои во себе се несигурни и постојано им треба докажување од друг дека се добри за да може да опстојат.. со еден збор ... МИЗЕРИЈА
искрено го жалам типот.. а девојчето треба да е премногу глупаво за да продолжи врска со таков.

иначе колку шо сватив .. она не му го избришала профилот ради тоа шо он посакал да гледа девојчиња..
јасно е тука дека он криел нешто од неа и дека било многу повеќе од гледање... кога станува збор за вакво нешто тогаш нормално е она да ја изгуби довербата и да направи нешто.. грешка и е тоа шо одма не го отерала у пм .. па нека си крева его после... кретенизам на куб !!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Абе арно што ги избришале профилите по што има секаков народ на тоа фб :cautious: За оние во врска што се зошто им треба фб кога веќе си имаат партнер. И кога веќе планираат да го користат нема потреба од пријатели кои не ги познаваат. Јас имав случај со едно машко лажен профил аднал ја мојта женска и и пишувал пораки овоа оноа, песни лајкови, срциња, итн, тоа доведе до кавга и недоверба меѓу нас, и откако го избриша се се среди немаше го да се појави, и од тогај касап на оние кои не ги знам јас од нејзината листа на пријатели и сега мирно спијам. :unsure: :D
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Срце те лажел зашто се плашел дека ќе се лутиш.А се плашел зашто сигурно нешто му значиш.Гледај на убавата страна на работава.Намерата не ми е да те повредам,но размислувај трезвено.Човекот според мене не направил ништо кој знае колку страшно.Разговарајте и разберете се како луѓе.
охо и те како му значи.. мајкоо ..
ами нели финтава беше.... љубов.. доверба... искреност.. или искреноста не е битна?!.. ај бе само гледање женски е тоа..
така и на моја другарка бившиот направи профил под изговор дека само гледал некои девојчиња.. за на крај да испадне со свои очи да го види со истата девојка(во кола кај него) со која си пишувале на фб...
абе ај
ако типот немал шо да крие ќе го отварале заедно профилот златна и немало да му биде проблем да ја има својата девојка за пријател..
 
S

Sagan

Гостин
Nymphadora, за какво расчустување на работи во глава збориш? Па нели е очигледно дека се работи за тинејџери?

И природно е. Без разлика колку машките да глумиме моногамност, сепак е само ГЛУМА. Ниедна љубов кон ниедна жена, тоа нема да го смени :)

Не ми се верува во која тема реплицирам...
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4
Поени од реакции
2
Nymphadora, за какво расчустување на работи во глава збориш? Па нели е очигледно дека се работи за тинејџери?

И природно е. Без разлика колку машките да глумиме моногамност, сепак е само ГЛУМА. Ниедна љубов кон ниедна жена, тоа нема да го смени :)

Не ми се верува во која тема реплицирам...
Не се работи за тинејџери јас сум 22 а тој 27 години ова е повеќе од тинејџерски проблем за да помине за една недела и да се заборави
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Абе арно што ги избришале профилите по што има секаков народ на тоа фб :cautious: За оние во врска што се зошто им треба фб кога веќе си имаат партнер. И кога веќе планираат да го користат нема потреба од пријатели кои не ги познаваат. Јас имав случај со едно машко лажен профил аднал ја мојта женска и и пишувал пораки овоа оноа, песни лајкови, срциња, итн, тоа доведе до кавга и недоверба меѓу нас, и откако го избриша се се среди немаше го да се појави, и од тогај касап на оние кои не ги знам јас од нејзината листа на пријатели и сега мирно спијам. :unsure: :D
Нема врска тоа, кој знае да си ја одржи врската нема да дозволи фејсбукот да влијае на неа;) не е потребно да ги избришат профилите за да не се плашат дека фб може да им наштети. Тие ги избришале, и уште полошо тој отворил нов профил. Кога ја нема довербата помеѓу партнерите, тогаш врската оди надоле. И се согласувам за тоа погоре што си го пишал : И кога веќе планираат да го користат нема потреба од пријатели кои не ги познаваат. Така и помалку кавги ќе имаат, а и довербата еден во друг нема да ја загубат .
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Не се работи за тинејџери јас сум 22 а тој 27 години ова е повеќе од тинејџерски проблем за да помине за една недела и да се заборави
:eek: јас до 27 планирам да имам две деца а некои сеуште се замараат со фб :pos::drk: некој е многу назад со времето :tapp:
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Не се работи за тинејџери јас сум 22 а тој 27 години ова е повеќе од тинејџерски проблем за да помине за една недела и да се заборави
Не се работи за тинејџери но се однесувате како тинејџери, а што се однесува до вашите забрани нема нешто полошо, забранетото овошје е најслатко. Јас сум машко и ќе ти дадам еден совет, а тоа е ние машките сакаме слободни девојки кои не се љубоморни што е доказ на огромна самодоверба во исто време и привлечност, не треба да му покажуваш дека си љубоморна, ако му правиш љубоморни драми губиш на привлечност поради несигурноста и ќе му станеш одбивна и ќе изгуби интерес за тебе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom