Rousso Подфорумот ЧДА како и сличните се на најдолниот дел на главната страна на форумот. Те молам воздржи се од неквалитетни и премногу субјективни одговори.
Блонди, твојот најголем проблем е што немаш прифатено во себе дека е крај со твојот „бивш“. Од една страна викаш: Аааа крај е сеа, ич не се замарам, фала курцу нема да мислам на него“, But deep down inside you, копнееш да бидеш со него. Не е тоа толку страшно сега, колку што може да биде за иднината. Со него ќе се залажуваш, ќе мислиш дека се` е совршено кога ќе сте заедно (оние мали моменти кога ќе бидете), а тој тоа ќе го користи да маниипулира и да манипулира, и еден ден да те шутне. И тогаш ќе БОЛИ. ЕБАНО ЌЕ БОЛИ. Страшното е што тогаш доаѓаат и моменти на емоционално растројство/нервен слом/буквален crackdown. Луѓе сме на крај краева, се` е возможно АКО си дозволиш.
Тоа што ти треба да направиш е самоконтрола. Некој горе пиша бришење на се` што сте имале заедно (од матерјална состојба). Значи сите предмети/мејлови/пораки/па дури и менување на адреса/телефон се примарни за почетокот на игнорирањето. После се` зависи од тебе. За полесно пребродување многумина викаат дека веднаш треба да се впуштиш во нова врска. Тоа зависи од тебе колку си подготвена. Искрено јас не би, зашто веднаш по завршување на таа врска пак ќе се вратиш на бившиот и прашањето “што би кога би“. Подобро остај луфт простор пополнет со сингл искачања со другарките, истражување на самата себе во територии кои ти биле ограничени за време на врската. Никако барање на нов по секоја цена.
Среќно