Не секоја девојка ќе си дозволи да е толку пијана за да легне со непознат во диско, така да лоша ти е споредбата
.
Љубовта може да трае и многу години а тие ко тебе што мислат никогаш не ја доживеале и ја зборат од теорија, зборам за таа од повеќе години.
Јас сум на пример луд по фудбал и стреличарство и по борбени вештини и сеуште кога ќе имам договорено утакмица 2 дена пред тоа не можам да спијам од возбуда и тоа за еден обичен фудбал а камо ли за женска. Кога ќе видам лак и стрели во дуќан можам со саати да ги меркам и никогаш да не ми досади. Така да дали нешто ќе ти стане навика многу зависи од твојот карактер и психа. Дали ќе си досадите со девојка ти или жена ти зависи само од вас двајца и од никој друг, ама сосема е можно некого да сакаш со иста возбуда и после повеќе години. Ти тоа не си го доживеал ама има што го доживеале и знаат дека е можно
.
Лошите и добрите страни ги гледаш одма ако не си ептен слеп и заљубен и си мериш дали ти се ок или не пошто да се надеваш дека некој ќе се смени како ти што сакаш е голем ризик, луѓето се менуваат ама најчесто на негативно а ако некој се смени на позитивно во иднина е неочекуван поклон
.
Не те сфаќам како тоа кога ќе се отрезниш ќе сфатиш дали ти одговара некој, па што си правел до тогаш, замисли ти се отрезниш после 5 год и и речеш абе мацо јас сум бил слеп ама сеа се отрезнив и не си ти за мене, знаеш колку идиотски звучи така да ти каже некој
?
Исто не те сфаќам за каков пекол си поминал да ја освоиш, ти збориш ко ламји да ќе кротиш а не женска да бркаш, зар е кафето со неа и удварањето пекол, не си ми јасен треба да ти е задоволство и предизвик да си ја фатиш таа што ти се свиѓа
.
Има време ќе смениш и ти мислење за многу работи се гледа дека ти фали искуство ама ќе си дојде и тоа со тек на годините
.