Македонци и Македонки јас сум момче кое нема среќа со љубовта.Незнам што е работата но изгледа многу многу не ми оди.Сега сум 2 година средно сите мои другари добро му оди во љубовта мена надолу ми оди.Незнам зошто.Не сум грда личност.Искрен сум зато искрено ќе ви кажам.Не сум ни дебел не сум ни слаб туку сум таман.Не сум ни висок не сум ни низок.Висок сум ама не она вискок превисок.Имам 178 и 65 кила.Што е нормално.Градба и фаца имам убава.Не сум кузни колку убав ама гледам дупло погрди машки од мене имаат многу убави девојќи.Јас за тие девојќи можам да сонувам.Пробај на една пушти му се пробај на друга не бидува.Пробај преку фб и таму не бидува.Другарите и тие помагаат ама слабо.Дајте бе луѓе дајте и вие некој совет.Карактер немам лош чесен сум,тоа што го велам гледам стално да го реализирам,некои девојќи многу пати ми имаат кажано дека сум интелигентен по ова ќе заклучите дека сум добар ученик.Незнам што е работата дали незнам да пријдувам.Дајте вие постарите кажете некоја финта.Вие помладите кажете како да и пишам на то Фејсбукот.Ви благодарам од напред.
Се ова што го прочитав што го пиша мислам дека можам да ти најдам веднаш маната. Ти сигурно ако се фалиш овде на форумов дека имаш убаво тело, лице, итн, сигурно се фалиш и по другарките и другарите што им велиш да ти наместат нешто. Е сега ќе ти кажам дека тоа не чини. До тоа е проблемот на цело тоа. Никогаш немој да се прајш цвет за мирисање, не да го сватиш ова како навреда ама не чини да бидиш цвет за мирисање, но од друга страна е добро што се цениш самиот себе со тоа што ти е подарено: како што кажа убаво тело , фаца итн. И преку фејзбук е најлошата опција да фатиш девојка. Не само преку фејзбук, туку било која социјална мрежа или софтвер за онлине комуницирање. Излези џиги прошетај малце и побарај низ градот. Барем сега е лето и можеш да излезиш до парк, до покасно навечер (не е ладно), појди некаде на некои забави и пробувај да најдиш она што ќе ти падни така на срце. Неможам да ти го објаснвам сеа тоа чуство, ќе знаеш ти на која треба што, НО те потсетувам како што кажа погоре
Suhoj затоа што не ти треба тебе Прекрасна со совршено тело девојка, а мозок има на 2 глупи чавки. 2 затоа што повеќе за неа ќе и бидат важни другарките а воедно од тоа и ќе ти зависи врската. Што другарките ќе и кажат, тоа. И никако не покажувај слабост за тоа што ќе те исколваат до смрт и ќе те остај така ќе те батали и галје нема да и биди а ти ќе бидиш тој што ќе пати. Поголем сум не е важно колку, и поминав доста доовлно и видов секаков вид на девојки, но останав со една што мене ми ги усполнува условите т.е. онаква каква што барам. За мене е совршена во се, затоа што љубовта кон неа и моето срцето ја прават таква. Но за друг можеби не.
Но да се вратам на твојот проблем. Значи излези надвор и прошетај, најди другарки нека ти помогнат во тоа да ти најдам некоја муваторка за почеток. Неможе одма се на врска. Но незначи дека трба да поминиш и 5 години ко мене другарство за сето тоа да премини во совршено нешто. Едноставно заборај го онлине светот, сите се убави и паметни таму. Но во живо се убиј боже. И во ред тоа што го кажа за карактерот, биди паметен, учи си и се друго, но немој твојата памет да одлета и да биди таа твое милениче и да ја храниш со се што ќе посака, оти знаеш.. рај куче да те лај.
А за приијдувањто на девојчи има различни начини. Накратко, биди фин, кажи и дека нешто и ти се допајѓа таа што носи, пробај да ја насмееш и додека се смеете покажи и го тоа чуство очи во очи. Немој веднаш дај фејзбук ова она, пробај да ти побара таа, а ти да и речиш, нема проблем но сум човек кој ска повеќе дружење во живо. Верувај незнаеш што фаца и колку души се кријат зад тој профил кога комуницираш со неа на чат. А и на твои години јас бев приближно до она "имам девојка" , со тоа сакам да кажам дека и тебе ти е рано, се ќе си дојди со ред. Но се предтходно ми беше мување а и појма немав зошто го прам тоа. Ако имаш некое дополнително прашање постави, затоа што во толкав текст можеби сум заборавил нешто да ти наведам, а впрочем сум планирал. Поздрав и среќно.