Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
Немој вака да ги учиш децата. Има и такви што ќе те послушаат и ќе чекаат, и ќе чекаат, и ќе чекаат,..... и ќе чекаат уште, се додека не сфатат дека времето е релативно. :smir:
Некогаш вистината е подобра од релативно исфорсираната надеж :)
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Да не повторувам бидејќи имаме ист став, а и гледам си опфатила све што сакам да кажам ќе спомнам само едно, exactly :)

Ако вистински сакаш некого, пушти го од своите "стеги" ако се врати, тогаш од секогаш бил твој ако не, никогаш.
Не се согласувам со тебе a ни со мислењето на RocknRolaa :).

Прво, ако некое прашање не те инспирира да му одговориш не мораш да се мачиш, зашто мрчење што некој прашал на форум ако е прашањето искрено?

Второ, лесно ни е на нас двајца да се правиме мангупи и да им се ситиме на децава зашто не можат да си фатат женска/ дечко кога денешниве генерации (тие најповеќе што прашуваат за совет) најчесто „бркаат“ на Фејсбук и МСН. На таквите можеш да им се направиш мангуп у стил: Како бе не знаете не бе бива :), да им тераш сеир или да им дадеш совет онака како што најдобро умееш. Јас кога сум инспириран и сметам прашањето е искрено го правам третото. Дали ќе му помогнам и не ми е толку битно, може на некој друг што чита ќе му кликне нешто у глава. Впрочем некои работи што ги знам сега, би бил пресреќен да ги знаев во тинејџерски години. Вистински совет на вистинско место и во вистинско време може да биде многу драгоцен да те натера да ја видиш својата ситуација и од друг агол.

Од 1000 постови ќе си собереш неколку мудри мисли кои може и ќе ти користат во живот. Мене лично ми помогнале неколку постови да сфатам некои работи што не ми биле комплетно јасни.

За летањето.

Ако некој те сака нема да ти одлета тек така но има ситуации во живот кога мораш да бидеш активен и да покажеш јасно што сакаш и кого сакаш. Има моменти на криза кога само навидум некој сака да „одлета“ и тогаш ако кикснеш и идеш буквално по реченицата што ја кажа може да си останеш со прстот во уста :). Општо зборам не за тебе лично.

Да бидам саркастичен секако нема да и речам: Маче те пуштам а дали ќе се вратиш и не ми е толку битно. Ако и налета друг баш у тој момент и и симне ѕвезди ќе ти ја земе :).

За тоа што го сакаш треба и да се бориш, знам дека не ти беше баш тоа муабетот ама ме испровоцира со мрчењето и таквата пасивност која не секогаш мора да е точна.

Ништо против тебе лично само да си кажам мислење :).
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
Далеку од тоа дека сакам да се смеаам на некого, ако толку им треба помош од некого нека соберат храброст и нека зборуваат со оној кој им недостига, нека се соочат со проблемот! а не да бараат помош од рандом членови на јавен форум. Тука лежи успехот на решавање на проблемот во сопствената промена почнувајќи од своеото его,став, емооции и желба не од предлози од некој на форум, кои дури и да ги прифатиш и сватиш дека се правилни доколку немаш разрешено со себе нема никогаш да ги реализираш како што треба и на тој начин тие предлози стануваат бескорисни.

Заклучок, кога се работи за нешто толку интимно и пред се нагаѓање на тоа што би сакал/а незадоволниот партнер во одредена врска, ние се ставаме во ситуација кога претпоставуваме што би ја направила другата страна среќна без да знаеме за каков профил на личност се работи? и без да ја знаеме и приказната на другата страна како штокажа RocknRolla? mission impossible, колега :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
369
Поени од реакции
700
Изгледа како да не сте биле никогаш на возраст од 16-17.
 
Секако, но не заборавај не секогаш другиот сака да разговара, не секој има другар/другарка за муабет кога му е тешко и впрочем тука никој не те знае :wink:.

Освен тоа, ти не решаваш ничиј проблем туку само користиш прилика да дадеш мислење за одредена ситуација во која можеби некој друг ќе се препознае и ќе го поттикне да си бара решение.

Без разлика што не се согласуваме, со тебе може да се дискутира колега :).
 
Абсолутно! секогаш е интересно да се прочита друг став, на скокотливи, па и на casual теми т.е. во случајов да се води квалитетна дискусија, поздрав колега :)
 
Член од
8 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
6
Леле очигледно насловов “Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!“ везе нема. Кој и да се обратил, некој не ни побарал совет, туку само дал, (колку што се сеќавам и јас само се издрав, а не побарав да ме жалат или сеир да фаќаат) го правите дека е неспособен, дека мајка му е крива, дека девојка му/дечко му е деген, дека самиот тој е деген... И без разлика кој колку години има, секој различно ги доживува работите, секој различни се си става “при срце“. Ако малце подлабоко размислите, не сите пишуваат тука од чиста досада или зависат од форумов. А моронските одговори држете си ги сами за себе, пцујте во огледало или дерите се на Водно, а не тука се мудреци, додека тој што пишал е прост и глуп. Јасно е дека многу луѓе ги мешаат поимите добар со глупав, па да им се прости на незналиците.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.065
Поени од реакции
10.771

и ова твоето е солење памет.....како ако некој не се обратил за совет некој би давал совет? ти текнува? а ако не ти текнува потребно е да се вратиш само неколку старни уназад и ке ти текне :D
 
НЕЕЕ, не е солење памет, ни најмалце. Тоа е така, реалноста. А ако тебе не те логично нешто, дај малце да те потсетам: прочитај си се од 752 па натаму, па ако не ти стане јасно, сигурно ке се најде некој да ти појасни... а ако не си лично инволвиран незнам ни зашто би пишал или би читал:smir:
 
епа јас ги зимам сите страни во обзир ме разбираш? неможат 752 стани да се засенат од 30 страни но нејсе:smir:
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.008
Поени од реакции
5.324
Сеа незнам дали тука треба да се обратам ама ми треба совет. немам ниакви љубовен проблем.. туку ми треба совет во врска со нешто друго.. За некој ден правам 6 месеци со девојка ми.. и сега сакам да и купам или да направам нешто необично, несекојдневно.. мечиња парфеми ова она некако не ми с екупува.. и сега проблемот е што не ми теккнува нешто друго.. Ај ако можете вие нешо да кажете да даете некој совет некоја идеја би ви бил благодарен.. Секој совет секоја идеја е добредојдена!
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
102
Поени од реакции
4

романтична вечера друже ова она :smir:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Google [BoT];3966177 напиша:
романтична вечера друже ова она :smir:
Романтичната вечера е топ идеја само во романтични филмови...Најверојатно поради заднинската музика.
У живо тоа е само вечера.
 
A

Auditore

Гостин
Сеа незнам дали тука треба да се обратам ама ми треба совет. немам ниакви љубовен проблем.. туку ми треба совет во врска со нешто друго.. За некој ден правам 6 месеци со девојка ми.. и сега сакам да и купам или да направам нешто необично, несекојдневно.. мечиња парфеми ова она некако не ми с екупува.. и сега проблемот е што не ми теккнува нешто друго.. Ај ако можете вие нешо да кажете да даете некој совет некоја идеја би ви бил благодарен.. Секој совет секоја идеја е добредојдена!
Вака, пошо времево ни е такво ја би ти предложил следново, одведи ја некаде на страна, каде има многу дрвја, предходно среди го местото, стави нешто за седење и спреми дрва и после ко ќе отидете запали огин и грејте се заедно, уз тоа нема да биде лошо да купиш едно Mercy и една ружа со порака врзана на неа колку ти значи и колку ја сакаш..
Скромно али нешто необично е а претпоставувам тоа и се бара.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom