Проблем ипол.
Лани се гледав со еден тип. Не беше сериозна работата, не се гледавме многу често. Не знам за него, ама он мене многу ми значеше, дотогаш не сум била затрескана во некој како што тогаш бев во него. И една вечер јако ме издува, ми рече дека ќе се смирува со бившата. Од тогаш, ни трага, ни глас од него. Изгубивме секакви контакти. Иако имав добра причина за да го мразам, не можев да го замразам. Во срце ми беше, и премногу мил.
Сега сум во врска. Сериозна, преубава. Сигурна сум дека го љубам. И најмалку го заслужува ова да го правам, но...
Во изминативе неколку дена, често се гледаме со ланскиот тип. Конкретно вечерва, бевме во ист клуб, јас бев со другарки, он со друштво. Нема сега женска. Damn. Голем дел од вечерта ја помина во моето друштво, и цела вечер ми кажуваше преубави работи. И морам да признаам, не ми беше сеедно. Такви работи не ми кажуваше кога требаше... Не е некој таков тип, за намерно да ми прави проблеми. И колку и да го познавам, не можам да сфатам зошто го прави ова. Се договоривме некој ден да испаднеме на кафе. Чисто онака, да си се видиме.
Финтата е што, не знам каков совет да барам од вас.
Ама навистина не знам како да постапам. Дечко ми ич не заслужува мислите да ми одат кај друг. А одат...