Фала ви на сите што вративте, не можам сите да ве цитирам и да ви вратам, да ви заблагодарам за мислењето. Иначе ова не е скорешно, се деси пред пола година од прилика, јас бев аут оф таун некој период и оладив малце. Се немам видено со никого. Потребно ми беше туѓо мислење и друга перспектива чисто ради една работа. Се враќам за месец дена дома, и ситуацијата е малце комплицирана. Другариве се зимаат, прават свадба на пролет, јас и типката ќе имаме некоја заедничка улога у свадбава и нема да можам да ја игнорирам, ќе морам да се понашам некако
. Значи нема бегање од нејзе, ќе се гледаме сигурно.
Не сум мало детиште, не ми треба совет како да се понашам со девојка, ама потребна ми беше малку друга перспектива додека да се договорам сам со себе како да пристапам и како да се понашам. Пошто она не е некој што можам да го игнорирам, ќе ми биде дел од животот, неизбежно е тоа. Другаров ми е како брат, клучеви од дома си имаме разменето, фамилија ми е. И она ќе игра голема улога во неговиот живот исто така.
Повеќето работи што ги кажавте само ми го потврдија тоа што веќе го мислев, и јасно ми е што треба да правам ама сепак. Не можам да негирам дека се испичкав, дека ми е криво, дека требаше да направам нешто чисто ради главата мирна да ми седи. И сега ми се мотаат глупости низ глава. А тоа е увек лошо.